|
||||
Ништо во нас не е минато |
Саво КОСТАДИНОВСКИ Ништо во нас не е минато затоа што не одиме по патот на годините туку по патот на совеста - на патот кон себеси кон Илинденските идеи кон Илинден
кон најголемата вертикала на македонскиот народ со историјата за македонската државност.
Затоа никогаш не сме биле толку блиску до татковината штом и најаве и насон одиме со мапата по атласот на неправдите.
Но постои ли на светов бог на неправдите? Ако постои - тој е само над македонското небо и треба ли тогаш да си прогласиме и наш светски ден на неправдите?! И што треба уште
Неправдите во народот да отсонуваат кога веќе во неправдите кон Македонија изградиле и татковински дом?!
Превземено од: ПОВОД–СПИСАНИЕ НА МЛД „ГРИГОР ПРЛИЧЕВ“ ОД СИДНЕЈ |