|
||||
МАКЕДОНИЈА |
Ристо Попстојанов Ти чекориш осквернавена и предадена
Во тебе недотечени реки, очи недоплакани, таговни нишки на разбој и чинар насреде градот оставаат траги во времето како бразди од рало во земјата.
Не те плаши тоа тебе затоа што си навикната на маки.
Знам го чекаш денот кога ќе бидеш повторно славна и љубена како што мајка го љуби своето чедо.
Потсетник на тебе е каменот што го земаме од тебе и го носиме во туѓина затоа што љубов значиш. |