|
||||
| СРЕЌНО ПОНЕДЕЛНИЧКИ, МАКЕДОНОЉУПЦИ |
|
Р. Христовска ("По патот на заветот") МОЈОТ НАРОД Овој народ овде што го горат на клада а тој и кога гори пее, таков е, од родот мој е.
Оваа жива прашина што паѓа од небесата и ја покрива земјата е пепел од душата негова.
А од неа 'рти семе на љубов што мириса, и штира земја да е ќе ја оплоди и ќе роди.
Овој народ страден што го газат и го парчат, што го корнат да го сотрат, кога чиниш умира и душа собира, тој пак се исправа и со корка лебец век со век врзува.
И плаче и лелека, и трпи и крпи и пак се крсти и свеќи пали пред икони.
Клетви стега в грло а молитви шепоти, Бог да го поведе без земја да не остане.
Овој народ, родот мој е. |













