Иселеници и Регион
Среда, 04 Јуни 2014 03:01   
За грчкото потекло

thИ додека соседите со децении му докажуваат на светот дека има само една Македонија (во Грција), упорно го монополизираат името, историјата, македонските симболи, сосема го занемаруваат фактот за нивното оригинално потекло. Германскиот весник „Франкфуртер алгемајне цајтунг“ во една своја статија пишува:

Сегашните Грци не се ништо друго освен мешавина од племиња, кои периодично преминувале во земјата како агресори или како бегалци и емигранти. Всушност и генетски е докажано дека Грците имаат исти DRB1 гени со Етиопјаните. Тоа ја докажува цврстата поврзаност со суб-Сахарското (Етиопското) население.

Античките грчки историчари, Херодотус и Диодорус  Сицулус (HerodotusDiodorus Siculus) го користеле  зборот Aethiopia ( Αιθιοπία ) и  кој главно се однесувал на граѓаните кои живееле веднаш на југот од древниот Египет , посебно од областа сега позната како античкото  кралство Куш. Во античко време името  Етиопија  главно се однесувало за Судан со седиште во горниот дел на реката Нил јужно од Египет но исто така и за цела Африка. Името Етиопија (Ethiopia) e од грчко потекло и значи “изгорени лица“.

Како што е познато, Етиопија е најстара независна земја во Африка и една од најстарите во светот. Исто така се верува дека најстарите остатоци од човечкиот предок се откриени во преплавена долина во Етиопија. Доказ за тоа е  откривањето  на "Луси", 3.2 милиони години стар скелет, откопан во истата област во 1974 година. Фосилот Луси, го претставува најкомплетниот, дотогаш пронајден човеколик фосил.  И грчкиот историчар Херодотус, од петтиот век пред нашата ера, често пати пишувал за  Етиопија во неговите дела.

Денес во Етиопија, поточно во главниот град, Адис Абeба, живеат околу 3000 Грци. Тие имаат училиште во главниот град  и православна црква во градот Св. Фроумендиос. Училиштето брои околу  120 студенти , од кои многумина добиваат стипендии да ги продолжат своите студии во Грција. Сепак постои зголемена иницијатива од страна на Грците да ги искористат предностите  и можностите за инвестирање во Етиопија.

Последните генетски истражувања на популацијата на Балканот јасно покажаа дека популацијата во Македонија нема никаква сличност со грчките гени.  Македонската популација има генетска сличност со жителите на медитеранските острови  Крит, Корзика, Сицилија, Сардинија.

И јазикот е нешто кое никогаш немало врска со грчкиот. Современиот проучувач на древна Македонија Артур Вајгал ја докажува засебноста на древно-македонскиот јазик,  и пишува:

'Грците  не можеле да го разберат маке­донскиот јазик, кој немал речиси никаква сличност со нивниот, а немало ни литера­тура од која би можел да се проучува.' (Артур Вајгал: Александар Македонски, Скопје,1992, стр. 24).

Исто така тој тврди дека Македонците не знаеле ни­ту еден единствен збор од грчкиот јазик. Така, на пример, кога пишува за смртта на Филип Втори Македонски, Вајгал, повторно ја потенцира засебноста на македонскиот јазик. Оценувајќи  ја улогата на Филип Втори (цит. дело, стр. 128), Вајгал пишува:
„Неговата голема задача да изгради македонска нација, да ги присили грчките држави да дејствуваат едногласно со неа, како и меѓу себе, и да докажува дека Македонците се Хелени, иако дури многумина од нив не знаеле да зборуваат грчки, била извршена“.

Вајгал (цит. дело, стр. 267) пишувајќи за Александар Македонски издвојува:

“Александар, дури и на врвот на својата моќ никогаш не можел мла­дешки да не и се восхитува на атинската  интелектуалност, и да се осло­боди од непријатното  чувство дека неговите воинствени Македонци, од кои многумина не знаеле дури ниту еден единствен грчки збор, не се според грчкиот стандард за културата.”

Полесно им е да се служат со лаги отколку да ја прифатат вистината за себе, за она што всушност  се. Не постојат никакви  натписи на грчки јазик на територијата на Македонија за што и Грчкиот професор Пецас, во својата статија „Едно свинче патешественик“, пишу­ва дека не е пронајден ниту еден грчки натпис од раниот древен пе­риод во Македонија.

И  професорот  Даска­ла­кис пишува:
„Во Македонија и покрај толкуте ископувања до денес не се најдени натписи на грчки јазик од тој период“.

Во енциклопедијата  ЦД Гролиер 1995 се вели дека старогрчкиот јазик не е спомнат дури ни како говорен јазик во Македонија:
“Древниот грчки јазик бил говорен јазик во Грција, на Крит, во дело­ви од источниот Медитеран и во западна и северна Ана­долија, на Сици­лија и во јужна Италија, на севернниот брег на Црно Море и делумно на северноафриканскиот и францускиот брег”.

Значи, Македонија воопшто не се споменува како подрачје на кое се говорел древниот грчки јазик. Затоа се невозможни и неприфатливи грчките ставови кои ги шират во светот и со кои и даваат на Македонија грчки карактер. Земја во која никогаш не се зборувал грчки јазик, не може да биде грчка и не може да се нарекува ништо друго освен  Македонија.

Гордана Димовска

 
Среда, 28 Мај 2014 03:05   
Примена на македонскиот фолклор во мултикултурна, мултиетничка Австралија (2 дел)
Kopie_von_clip_image002

Поради поголема прегледност за дел од влијанијата на македонската култура, преку богатата ризница на фолклорот и народните песни ќе прикажам дел од активноста на фолклорната група од Нуса, Квинсленд, Австралија. За таа цел ќе ја користам мојата статија од “Грејп Вајн”-Винова Лоза, публикувана на англиски јазик во врска со свечено одбележаната прослава од 20 годишната плодна активност на “Нуса интернационална фолклорна група” на 10 мај 2014 година.

Повеќе...
 
Среда, 28 Мај 2014 03:04   
Свечена Академија за Свети Кирил и Методиј во Сиднеј
Zaklina_Mihajlova Жаклина Михајлова – Учителката

Во неделата на 25–ти мај 2014 година, со најголеми почести се одржа чествување на славните браќа Свети Кирил и Методиј Солунски.

Македонскиот Просветно Училишен Одбор за Нов Јужен Велс како и секогаш, натпросечно ја организира оваа величенствена свеченост на која присуствуваа родителите и учениците кои го изучуваат македонскиот јазик во етничките и редовните основни училишта, како и во саботните средни училишта. Свеченоста се одржа во Црквата „Свети Кирил и Методи“ во Сиднеј.

Повеќе...
 
Среда, 28 Мај 2014 03:03   
Промоцијата на книгата „Вечна светлина над Македонија“ од Гордана Димовска

gordana-dimovska-1-240Литературниот клуб Љубители на литература, култура и наука - Св. Висарион од Демир Хисар пред читателите се претстави со своето ново објавено дело од авторката Гордана Димовска.

Повеќе...
 
Среда, 28 Мај 2014 03:02   
Општина Пустец не се укинува

pustec240Во сите пет варијанти општина Пустец не се укинува и останува посебна општина.

Повеќе...
 
Среда, 28 Мај 2014 03:02   
Aктивност за промоција на културата на малцинствата во Албанија под мотото „Покажи ја твојата култура“

pokazi-ja-tvojata-kultura-2-240По повод 21 мај Светскиот ден на културната различност, министерството за култура на Албанија во соработка со Националниот историски музеј,  под мотото “Покажи ја твојата култура” во просториите на Националниот историски музеј организираа активност посветенa на различните заедници и малцинствата кои живеат и работат во Албанија.

Повеќе...
 
Среда, 21 Мај 2014 07:32   
Семакедонско чествување во Корча

MKC_SONCE-001Семакедонско чествување во Корча по повод Денот на македонските и сесловенските просветители свети Кирил и Методиј

Повеќе...
 
Среда, 21 Мај 2014 03:03   
Успешно представена претставата БОРЕЊЕ СО МЕЧКА пред сиднејската публика

borenje-so-mecka-240Пред турнејата во Македонија успешно представена претставата БОРЕЊЕ СО МЕЧКА пред сиднејската публика

Повеќе...
 
Среда, 21 Мај 2014 03:02   
На изборите во Косово ќе учествуваат и Гораните

izbori-kosovo-240До законски предвидениот рок свои апликации за изборите доставија 31 субјект. Од нив 19 се политички партии, седум граѓански иницијативи еден независен кандидат и четири коалиции, изјави Мирадије Мавриќи, одговорна на Канцеларијата за примање на апликациите, додавајќи дека Канцеларијата ќе ги контролира сите податоци на политичките субјекти и до 20 мај треба до Централната изборна комисија да ги достави листите

Повеќе...
 
Среда, 21 Мај 2014 03:01   
Примена на македонскиот фолклор во мултикултурна, мултиетничка Австралија (1 дел)

folklor1-240Поради поголема прегледност за дел од влијанијата на македонската култура, преку богатата ризница на фолклорот и народните песни ќе прикажам дел од активноста на фолклорната група од Нуса, Квинсленд, Австралија. За таа цел ќе ја користам мојата статија од “Грејп Вајн”-Винова Лоза, публикувана на англиски јазик во врска со свечено одбележаната прослава од 20 годишната плодна активност на “Нуса интернационална фолклорна група” на 10 мај 2014 година.

Повеќе...
 


JPAGE_CURRENT_OF_TOTAL

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.