Среда, 08 Јуни 2016    PDF Печати Е-пошта
АТИНА ИМА МИНИСТЕРСТВО ЗА ОКУПИРАНИОТ ДЕЛ ОД МАКЕДОНИЈА, А МАКЕДОНЦИТЕ ИМААТ ВЛАДА

karta na Makedonija

АТИНА ИМА МИНИСТЕРСТВО ЗА ОКУПИРАНИОТ ДЕЛ ОД МАКЕДОНИЈА, А МАКЕДОНЦИТЕ ИМААТ ВЛАДА НА ДРЖАВАТА МАКЕДОНИЈА!

Северна Грција (Βόρεια Ελλάδα, Вориа Елада) се употребува како географски термин којшто ги означи северните делови на Република Грција.

Географскиот термин "Северна Грција" главно означува два северни региони: Македонија и Тракија, окупирани во Балканските војни 1912-1913 година. До 1912 година Македонија, Тракија, Епир и Тесалија никогаш не биле дел од Грција, односно никогаш не биле грчки!

До 1912 година Македонија никогаш не била грчка!

Северна Грција ги опфаќа и регионите Тесалија и Епир, именувани како "нови земји" (Νέες Χώρες, Неес Хорес), наспроти Македонија и Тракија именувани како "стара Грција" (Παλαιά Ελλάδα, Паља Елада). Тесалија и Епир кон Грција се придодадени после Балканските војни 1912-1913 година.

Од 1929 до 1988 година во грчката влада постои Министерство за Северна Грција со седиште во Солун. Името Македонија речиси беше забрането. Но, во предвечерието на распаѓањето на поранешна СФР Југославија, Владата во Атина во 1988 година, "Министерството за Северна Грција", за првпат во историјата на Грција, го преименува во "Министерство за Македонија и Тракија". Со масовна експлоатација на именката Македонија и придавката македонски/а/о.

За статистички потреби на Европската Унија, пак, Северна Грција во 2014 година е поделена на четири административни региони: Источна Македонија и Тракија, Централна Македонија и Западна Македонија. За да биде иронијата поголема, во Грција нема региони Северна Македонија и Јужна Македонија, освен ако географскиот термин "Северна Македонија" е резервиран како име за државата Македонија, а за "Јужна Македонија" се смета јужно од Олимп до Атина!

Според Програмата Калликратис, именувана според античкиот грчки архитект Калликратис, како заедничко име на грчкиот закон 3852/2010, со кој е извршена главната административна поделба на Грција, Грција е поделена на 13 региони: Аттика (Αττική), Централна Грција (Στερεά Ελλάδα), Централна Македонија (Κεντρική Μακεδονία), Крит (Κρήτη), Источна Македонија и Тракија (Ανατολική Μακεδονία και Θράκη), Епир (Ήπειρος), Јонските острови (Ιόνια νησιά), Северен Егеј (Βόρειο Αιγαίο), Пелопонез (Πελοπόννησος), Јужен Егеј (Νότιο Αιγαίο), Тесалија (Θεσσαλία), Западна Грција (Δυτική Ελλάδα) и Западна Македонија (Δυτική Μακεδονία). И еден автономен регион - монашката република Света Гора.

Тоа е втора поголема реформа на административната поделба на земјата после познатите Каподистрија реформи од 1997 година.

Според Еуростат базите на Европската Унија, Северна Грција од 2014 година брои 3.590.187 жители.

Западна Македонија со седиште на регионот во Кожани има 9.451 км2 и 282.120 жители.

Централна Македонија со седиште на регионот во Солун има 18.811км2 и 1.874.590 жители.

Источна Македонија и Тракија со седиште на регионот во Комотини има 14.157 км2 и 696.170 жители.

Инаку цела Грција има 131.957 км2 и 10.815.197 жители.

 

На прво место

News image

Пешевска: Ситуацијата со Груби и пораката од Стејт департментот е силна порака дека никој нема да биде поштеден од закон

Ситуацијата со Груби и пораката од Стејт департментот, јас неколку пати кажав во јавноста дека е с...

Историја

News image

Декларација на Македонскиот комитет од Канада - Торонто, 10 август 1988

ДЕКЛАРАЦИЈА НА  МАКЕДОНСКИОТ КОМИТЕТ ОД  КАНАДА ЗА ЧОВЕЧКИТЕ ПРАВА И СЛОБОДИ НА МАКЕДОНЦИТ...

Иселеници

News image

ПАРТИЈАТА „ВИНОЖИТО“ ОД ЛЕРИН И НЕЈЗИНАТА УЛОГА (18)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

News image

ЕРУСАЛИМ – МЕСТОТО НА ГРОБОТ НА ИСУС ХРИСТОС (14)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Фељтон

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.