|
||||
Македонскиот православен просветител св. Климент од Охрид, |
Македонскиот православен просветител св. Климент од Охрид, по патот на светите Кирил и Методиј и апостолот Павле од Тарзус Марија Емилија КУКУБАЈСКА Македонија е првата европска земја христијанизирана од апостолот Павле, роден во Тарсус, денешна Турција, тогаш територија окупирана од Римската империја, а подоцна и од грчките политеистички племиња. Само за неколку месеци, од летото до есента 49 година, Павле основал цркви во македонските градови Филипи, Тесалоника, Бер. Јазикот на првите христијани во Македонија бил македонски, а дел од доселениците зборувале еврејски и „грчки“. Македонката Лидија се покрстува со целата нејзина фамилија 50 година по раѓањето на Исус Христос, роден во еврејскиот град Назарет. Осум века подоцна, св. Климент ја надоградува најраната христијанска врска меѓу првите апостоли и нивните Православни следбеници, домородните словенски народи од Балканот, Источна Европа и Русија, како и освојувачките бугарски племиња од Азија доселени во Македонија, Мезија, Тракија. Асемановиот кодекс е напишан во Македонија, со глаголично писмо составено од браќата Кирил и Методиј, на нивниот македонски јазик солунски дијалект. Кодексот е откриен во Ерусалим, но е однесен во католичката библиотека на Ватикан, каде е и палимпсестот на Кириличниот лекционер од св. Климент. Несловенските бугарски племиња го согледале цивилизираното македонско духовно и световно знаење на македонските просветители, особено на Климент од Охрид. Затоа се обиделе Климент да го придобијат со високи позиции и материјални дарови. Го планирале за советник на принцот Симеон во престолнината Преслав и за суштинско влијание во бугарското конечно откажување од нивната азиска вера Тангра, и замената на бугарските племенски варијанти на јазикот Котан Сака. Но, се случува македонското чудо кај праведниот верник Климент. Тој отворено се спротивставил на културната политика на тогашна Бугарија, нејзината анти-македонска пропаганда, како и агресивните обиди за хеленизација на старо македонската азбука наменета за православните словенски народи. Климент го отфрла бугарскиот притисок, и со благословена свест ја развива својата апостолска дејност во која се вклучува и Наум. Климент е интелектуалната и практична сила за основање на првиот Европски универзитет, 886 година, македонска образовна и научна институција во Охрид, Македонија. Климент се посветува на градење огромен број цркви, меѓу кои и неговиот централен храм посветен на светиот исцелител Пантелејмон. Таму го одредил и својот гроб. Се упокоил 916 година. И Наум изградил храм, посветен на архангелите Гаврил и Михаил, каде одбрал да биде погребан. Починал 910 година. Од периодот на св. Климент, кога се користела глаголицата за огромен број преводи на евангелија од грчки на старо македонски црковно словенски јазик, зачувани се и ракописите наречени Асемановото евангелие. Нив ги открива Јосиф Асеман, ориенталист, 1736, во Ерусалим, од каде ги пренесува во Ватикан. Овој ракопис го содржи и најстариот старословенски календар, со празници посветени на светите Кирил и Методија, Климент, Еразмо од Охрид, Петнаесетте маченици од Струмица. Докази за употребата на македонската глаголица се и други црковни ракописи: старословенски правен законик, евангелија, меѓу кои и за Богородица, 137 псалми и молитвеници. Православни ракописи на старословенски македонски јазик со глаголично писмо, се пронаоѓани и во Коптскиот манастир Св. Катерина (548-565) на Синајскиот полуостров, во европскиот комплекс на манастири, на планината Атос, а во Македонија - во Охрид, на нартексот од манастирот св. Наум, во Брегалнички регион, с. Крупиште и во овчеполските христијански цркви. Секако дека ова црковно, културно, просветно и книжевно наследство би било зачувано во Македонија, преку огромен број докази, ако не било ограбувано и фалсификувано од фактори што им служеле на анти-македонските, и анти-православните пирати. А таквите не ги поштедувале ни другите големи културни наследства и артефакти од Египет, Месопотамија, Африка, Азиски, Јужно Америка. Меѓутоа, народите на светот се освестуваат, ги докажуваат своите вредности и ги бараат своите права на сопственост. Хронолошка споредба на македонската црковна историја со англо-саксонската Христијанството меѓу англо-саксонските пагани е воведено дури во 597 година, од Римската и Келтската црква. Автор на Црковната историја на Англија, во 5 тома, е просветлениот Бид. Тој остава вредни податоци за судирите меѓу римските и келтските толкувања на христијанството, и историјата на пред-христијанството, со политичка историја од времето на Цезар. Во англиските манастири се користела Англо-Саксонската хроника напишана во 9-ти век, во која се опишани и судирите меѓу Викинзите и Англо-Саксонците. Напишана е на старо-англиски, а нејзиниот Кентерберискиот Епитом е билингвален, и на латински. Во споредба со црквата Света Мудрост (Аја Софија) изградена 532-537 година во Истанбул, од императорот Јустинијан, роден во Македонија, црквите и манастирите во Англија, градени од 8 до 10 век, се едноставни и мали, иако криеле огромни богатства во злато и скапоцени камења. Литургиите биле површни и без возвишени пораки и усовршен стил со што се одликувале старо словенските македонски православни глаголења. Преводите од латински јазик имале многу јазични и стилски грешки. Теологот од 14 век, Џон Вајклиф, од Оксфорд универзитетот (основан околу 1096 година), се залагал за продлабочување на религиозниот живот во Англија, откако воочил две деструктивни појави, поделбите во црковните учења и мешање на световната политиката во црквата. |