Понеделник, 17 Август 2009    PDF Печати Е-пошта
Методија Андонов - Ченто

chentoМетодија Андонов - Ченто потекнува од сиромашно селско семејство. Роден е на 17 август 1902 година во Прилеп. Уште како млад соработувал со помладите интелектуалци од градот и бил забележан уште тогаш како сепаратист и автономист кој го подбуцнувал народот и создавал несигурност кај кралската власт, поради што неколку месеци одлежал в затвор.
Се залагал македонските деца да го учат македонскиот јазик и слободно да го зборуваат.
По Србите, доаѓаат Бугарите кои го ставаат во концентрационен логор, каде што е задржан се до 1943 година. На 1 октомври 1943 година Ченто заминува во партизани.
По занимање бил трговец. Бил почитуван во градот поради својата чесност и патриотизмот што го искажувал. Како виден граѓанин бил вклучен во политичкиот живот на Прилеп. На изборите 1938 година, како самостоен кандидат на листата на опозицијата, добил најмногу гласови. Било оценето дека не бил избран за пратеник поради државната великосрпска манипулација со изборниот систем.
Ченто бил еден од организаторите на Илинденските демонстрации во Прилеп (1939), за што бил затворен во Велика Кикинда. Уште во 1940 година се залагал за воведување на мајчиниот јазик во наставата во училиштата и пак бил затворен и интерниран во Баина Башта.
Бугарските окупаторски власти го интернирале во логорот „Чучулигово“, Петричко. По интернацијата, во октомври 1943 година преминал на слободна територија и се вклучил во Иницијативниот одбор за свикување на АСНОМ. Набргу потоа бил избран за претседател на Одборот.
На 2 август 1944 година, како учесник на Првото заседание на АСНОМ, е избран за претседател на Президиумот на ова највисоко државно тело на Демократска Федерална Македонија, која подоцна е именувана како Нардона Република Македонија. Како што е познато, токму на тоа заседание се донесени историските одлуки со кои е конституирана македонската држава.
Бил и делегат и член на АВНОЈ.
За претседател на Президиумот Методија Андонов - Ченто бил избран и на Второто заседание на АСНОМ, на 29 и 30 декември 1944 година. Бил и прв претседател на Президиумот на Народното собрание на НРМ.
Со своите политички ставови Ченто се залагал за поголема самостојност на Републиката во однос на федералните органи. Истовремено го поставувал прашањето за обединување на Македонија. Таквите негови ставови дошле во судир со официјалната политика.
Во 1946 година бил исклучен од КПЈ и поднел оставка на сите функции.
Бил обвинет за национализам - дека сакал отцепување на Народна Република Македонија од Демократска Федеративна Југославија и нејзино ставање под американски протекторат.
Бил осуден на 11 години затвор, каде што останал до септември 1955 година. Починал во Прилеп на 24 јули 1957 година.
Рехабилитиран е во 1991 година, кога Македонија ја прогласува својата целосна самостојност, независност и сувереност.
 

На прво место

News image

ДУИ стана бренд на криминалот

Ковачки: ДУИ стана бренд на криминалот, криминална структура која не му мисли добро на сопствени...

Историја

News image

Декларација на Македонскиот комитет од Канада - Торонто, 10 август 1988

ДЕКЛАРАЦИЈА НА  МАКЕДОНСКИОТ КОМИТЕТ ОД  КАНАДА ЗА ЧОВЕЧКИТЕ ПРАВА И СЛОБОДИ НА МАКЕДОНЦИТ...

Иселеници

News image

ПАРТИЈАТА „ВИНОЖИТО“ ОД ЛЕРИН И НЕЈЗИНАТА УЛОГА (18)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

News image

ЕРУСАЛИМ – МЕСТОТО НА ГРОБОТ НА ИСУС ХРИСТОС (14)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Фељтон

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.