Петок, 20 Јули 2012    PDF Печати Е-пошта
Дали Македонија пред Исус Христ немала историја или не постоела?

todor_petrov_copy_copy_copy_copy_copyПишува Тодор ПЕТРОВ

Љубчо Георгиевски брзо одреагира на последното соопштение на Светиот Архиерејски Синод на Македонската Православна Црква, препознавајќи во него напад врз неговите одроднички идеи.

Чуствувајќи се повикан да објасни уште еднаш “Кој е тој?“, запаѓа во поголеми небулози, па вели: “Во последните 3-4 години владата на ВМРО-ДПМНЕ, преку државен инженеринг врши активна промена на македонската историја и комплетно ревидирање на словенските корени во античко-македонски. Дали владиците на МПЦ воопшто можат да видат дека со додавање на античка Македонија се брише комплетната смисла на мисијата на Свети Кирил и Свети Методиј и на Свети Климент и Свети Наум? Ако имаме континуитет, чуму беа потребни мисиите на овие наши светци? Кого учеа? Кого воспитуваа? Кого христијанизираа и покрстуваа?“.

Па, продолжува: “Дека во Македонците има крв на Александар Македонски, е основата на грчката пропаганда од крајот на 19 век предводена од страна на владиката Каравангелис. А токму Црквата предначеше во таа битка. Словенството е основа на секоја црковна книга во нашата историја. Ако го извадат словенството од историјата на МПЦ, таа ќе остане само кимбал што ѕвечи. Во исто време можат ли да разберат владиците од МПЦ дека антиквизацијата е всушност и дехристијанизација на Македонија? Антиквизацијата е оддалечување од словото Христово и враќање на многубоштвото и паганството. Паганизам од најмизерен вид е што МПЦ која заради своето полтронско однесување кон власта го премолча ставањето на споменикот на Александар Македонски на местото каде што можеше да стои само патронот на Македонија Свети Климент. Паганизам е што во секоја нова изградена македонска црква се црта Сонцето - симболот на Амон Ра. Паганизам е статуата на Олимпија која го држи во раце малиот Александар, како пародија за Пресвета Мајка Богородица со нашиот спасител Исус во раце.“

И завршува: “Жал ми е што во мојата реченица, дека македонскиот народ ќе си го проколне мајчиното млеко што се откажа од Свети Климент и Свети Наум, први се препознаа токму владиците, кои први се повикани и чија што должност е да го бранат нивното дело. Мојата мисија ја гледам само во таа функција, да се остане на заветите на Свети Кирил и Свети Методиј, на Свети Климент и Свети Наум. И на крај, јас сакам да ги повикам владиците од Светиот Архиерејски Синод, јавно да излезат и јавно да побараат прошка од Свети Климент за нивното 3 годишно живеење како апостати (отстапници) од неговите завети.“

Со Љубчо веќе не е интересно да се дебатира, неговиот ум нема капацитет за тој резон, оти други и туѓи ги креираат неговите небулози. Затоа, во односот со него демистифицираме служби кои работат позади него. Прво, неколку прашања за менторите на одродникот и велепредавникот Георгиевски?

Зошто само Македонците се современа политичка нација? Дали Албанците не се современа политичка нација? Дали Бугарите не се современа политичка нација? Дали Грците не се современа политичка нација? Дали Србите не се современа политичка нација?

Зошто само Македонците се Словени? Дали Албанците како современа политичка нација не се Словени? Дали Бугарите како современа политичка нација не се Словени? Дали Грците како современа политичка нација не се Словени? Дали Србите како современа политичка нација не се Словени?

А, зошто и Албанците и Бугарите и Грците и Србите како современи политички нации не се Словени?

Зошто само Македонија е географија? Албанија, Бугарија, Грција и Србија не се географија? Или, зошто Албанија, Бугарија, Грција и Србија се и географија и етнологија, а Македонија не е етнологија туку само географија?

Дали Македонија пред христијанството постоела? Дали Македонија пред Исус Христ немала историја или не постоела? Имало ли Албанци, Бугари, Грци и Срби пред Исус Христ? Или само Македонците постојат од 19 век? А кои Македонци се тие во Библијата? Кој живеел во Македонија пред окупацијата од Албанија, Бугарија, Грција и Србија? Што биле по потекло пред христијанизацијата Албанците, Бугарите, Грците и Србите?

Дали македонизмот е антихристијанство? Дали христијанството е антимакедонизам? Дали ковертитите во вера го менуваат етничкото потекло по автоматизам?

Многу прашања за небулозите на менторите на Љубчо. Но, тие не зборуваат за Македонци по потекло, оти за нив ги нема, за нив Македонци по поктело не постојат. Ако ги има, треба да одговараат за окупација и геноцид од Балканските војни 1912-1913 година (идната се навршуваат 100 години од Букурешкиот договор), а тука се прашањата и за воени репарации, надомест за штета, враќање на имотите и државјанствата на насилно прогонетите. Окуапторите ја инкорпорирале како државна, културата и историјата на Македонија во Албанија, Бугарија, Грција и Србија и затоа агресијата по сите основи од сите страни врз Македонија, после возобновувањето на Македонската државност по дисолуцијата на поранешна СФР Југославија. Менторите на Љубчо прават перфидна замена на тези. И затоа, тие не зборуваат за Македонците по потекло, туку велат: “антиквизацијата е всушност и дехристијанизација на Македонија!“ Тие зборуваат за Свети Кирил, Свети Методиј, Свети Климент, Свети Наум. А, што биле Албанците, Бугарите, Грците и Србите пред христијанизацијата, покрстувањето и описменувањето? Што тие биле пред Светите Кирил и Методиј и Светите Климент и Наум?

...Една мала дигресија, за да ни стане појасно, што сакал авторот со тоа да каже? Имено, креаторите на државата Елада, во нејзиниот прв Устав од 1827 година, создавајќи нова нација како амалгам од се’ што затекнале на таа земја (Албанци, Турци, Македонци, Власи, Ѓупци, Евреи, Цигани...) со новогрчки јазик, напишале “Грк е секој христијанин што живее во Грција“. Христијанството го супституирале како етничко потекло. Затоа, на прашањето “Што е Грк“, секој грчки поп вели “Грк е секој кој е крстен!“ А, на прашањето “Што се некрстените?“ грчките попови велат “Тие се Турци!“ Или на прашањето што сте по вероисповед во западните демократии, ако одговорите православен, веднаш Ве надополнуваат “Грик-ортодокс?“ оти за нив Грк е синоним за православен христијанин, а не за етнос!

Менторите на Љубчо велат “дека во Македонците има крв на Александар Македонски е основата на грчката пропаганда од крајот на 19 век предводена од страна на Владиката Каравангелис“. Но, крвникот Каравангелис со крстот на чело ги благословувал токму зверствата врз Македонците во окупираниот (Егејскиот) дел на Македонија!

Менторите на Љубчо, прозивајќи ги македонските епископи “на заветите на Свети Кирил и Свети Методиј, на Свети Климент и Свети Наум“, всушност го демаскираат сопствениот антимакедонизам, наведувајќи не’ на заклучокот дека “Македонец е секој христијанин“! Како што во Атина секој христијанин е Грк. Во небулозата “антиквизацијата значи дехристијанизација на Македонија“, менторите на Љубчо прават обид за прикривање на нивниот антимакедонизам и идентитетот на Македонците го врзуваат само за христијанството?! Односно, дека Македонец не значи етничко потекло туку христијанин? Ами што се по потекло тогаш Македонците, кои не се христијани, туку муслимани, будисти...

Затоа и прашањето, а што биле по потекло пред христијанизацијата Албанците, Бугарите, Грците и Србите како современи политички нации?

Е, ама, менторите на Љубчо не навлегуваат во тие суптилности, ги проблематизираат само Македонците!

Што биле богомилите по потекло? Што беше по потекло претседателот Борис Трајковски, оти нели, по вероисповед беше протестант? Што се по потекло Албанците, Бугарите, Грците и Србите како современи политички нации, по вероисповед православни, католици, муслимани, будисти? Зарем сите Американци се црнци затоа што претседателот Барак Обама е црнец? Зарем сите Французи се Евреи затоа што претседателот Никола Саркози беше Евреин? Дали современите политички нации Албанија, Бугарија, Грција и Србија некогаш биле дел од старата Империја Македонија? Дали во времето на Империјата Македонија воопшто постоеле Албанци, Бугари, Грци и Срби, кога ги немало тогаш, сегашните држави Албанија, Бугарија, Грција и Србија?

На овие прашања менторите на Љубчо немаат одговор, не оти не го знаат, или не оти не се знае, не им одговара да се каже, сами ќе си ја пресечат гранката на која седат.

... Ќе заборавев, за менторите на Љубчо “паганизам било цртањето на сонцето во секоја ново изградена македонска црква - симболот на Амон Ра“?! Паганизам била “и статуата на Олимпија која го држи во раце малиот Александар, како пародија за Пресвета Мајка Богородица со нашиот спасител Исус во раце“. Па... а, бе Љубчо, кога на партиските книшки на ВМРО-ДПМНЕ стоеше шеснаесет-зрачното златно-жолто сонце, вмровците беа пагани? Кога ВМРО-ДПМНЕ гласаше за шеснаесет-зрачното златно-жолто сонце на државното знаме во Собранието на Македонија, што станаа Македонците, пагани? Кога зборуваше за Македонија до Индија, за Александар Македонски и негвоите војски, за Конгрес во Солун, што беа Македонците, антихристијани? А, бе Љубчо, кога си се прекрстил во некоја стара македонска црква пред иконата на Пресвета Богородица, си погледнал ли, дека на плаштеницата на чело и на рамењата има сонца, а не детелинка? Пагани да не ги ретуширале иконите на Пресвета Богородица во цркви стари по десетина и повеќе века?

И, кој се откажал од Свети Кирил, кој се откажал од Свети Методиј, кој се откажал од Свети Климент, кој се откажал од Свети Наум? Зарем Македонците немаат право да ја изучуваат и историјата на Македонија пред седмиот век од нашата ера, зарем Македонците немаат право да ја изучуваат историјата на Македонија пред новата ера? Или за тоа треба дозвола од Тирана, Софија, Атина и Белград? Е, да, велиш дека “во последните 3-4 години владата на ВМРО-ДПМНЕ, преку државен инженеринг врши активна промена на македонската историја и комплетно ревидирање на словенските корени во античко-македонски“. Велиш дека “антиквизацијата значи хеленизација на Македонија“, ама забораваш, оти си изгубен во време и простор, истото тоа го велеше и Дора Бакојани, довчерашната грчка министерка за надворешни работи. Е, тоа е државен инжинеринг на вештачката држава Елада: “Македонското прашање е идеолошка конструкција на Студената војна, и за да го затвориме, мораме да го промениме државното име на нашиот северен сосед... Ние еднаш напишавме историја на Македонија и Грција, повторно тоа нема да го правиме!“

Таа Ви е агендата, одроди и велепредавници: промена на државното име Македонија! Платеници и квислинзи, за конечно затворање на македонското прашање, демонтажа на Македонија од етнологија во чиста географија! Затоа величието “Македонија - Швајцарија на Балканите“: Македонија со четири кантони, со мнозинско албанско, српско, бугарско и грчко население. Тогаш за никој од соседите нема да биде проблем државното име на јужниот сосед на Србија, западниот сосед на Бугарија, источниот сосед на Албанија, северниот сосед на Грција - Македонија!

...И така, ги читам менторите на Љубчо и си велам до каде може да забегаат, во обидот за демонтажа на последната возобновена Македонска држава... крај им нема!

Ама, Македонија е држава и тоа повеќе никој нема да го смени, за навек! Македонската историја повеќе нема да се пишува само во Тирана, Софија, Атина и Белград, Брисел или Стразбур! Македонската историја се’ повеќе ја пишуваат Македонци и на македонски јазик! А, Македонците во 2012 година не се истите од 1990 година или оние од 1903 година. Роговите сите си ги покажаа и народот виде се’! Некои луѓе може да се лажат некое време, ама сите луѓе не може да се лажат цело време! Е, сега, некои во слава, некои на клада! Секој си ја носи главата на своите рамења! Ќе го проплукаат мајчиното млеко што го пиеле од кога се родиле, поради денот кога решиле да плукаат по Македонија и Македонците!

Георгиевски, одродо... Георгиевски, велепредавнику... Та и ти багро со него сплотена! Каде ќе Ви оди душата, така обединети против Македонија? Сигурно не’ во Македонија!

Пред македонските епископи поклон, затоа што достојни се, а не апостати (отстапници) од Климентовите завети. Браво во нивниот опстој за одбрана на државното име Македонија! Не си достоен одроднику, ТИ, од македонските епископи да бараш јавно да излезат и јавно да побараат прошка од Свети Климента. Но, ТИ и да побараш прошка, ниту еден Македонец повеќе не ти простува! Можеби, некој другар на грчкиот крвник Каравангелис, солунскиот митрополит Антимос или Зоран Вранишковски!

Македонија вечна! Амин!

 

На прво место

News image

Петрушевски: Криминалот во Лотарија се шири, Груби и Перпарим злоупотребиле многу повеќе од 8 милиони евра

Договарани се тендери за набавка на телевизори, принтери и компјутерска опрема, кои по спроведенит...

Историја

News image

Декларација на Македонскиот комитет од Канада - Торонто, 10 август 1988

ДЕКЛАРАЦИЈА НА  МАКЕДОНСКИОТ КОМИТЕТ ОД  КАНАДА ЗА ЧОВЕЧКИТЕ ПРАВА И СЛОБОДИ НА МАКЕДОНЦИТ...

Иселеници

News image

ПАРТИЈАТА „ВИНОЖИТО“ ОД ЛЕРИН И НЕЈЗИНАТА УЛОГА (18)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

News image

ЕРУСАЛИМ – МЕСТОТО НА ГРОБОТ НА ИСУС ХРИСТОС (14)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Фељтон

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.