Среда, 24 Октомври 2018   
Александар Македонски (55)

am55-1

АЛЕКСАНДАР ТРЕТИ МАКЕДОНСКИ ОБЕДИНУВАЧ НА ЦЕЛИОТ ИСТОК

Во тоа време, Александар Македонски беше многу окупиран со океанографските проблеми, како што може да се види од неговиот голем интерес за стариот проблем на Каспиското Mope, што го окупира кога беше на јужниот брег (330). „Тој беше опфатен од носталгија", повторно почнаа да кружат зборови. Испрати некој си Хераклид да изгради бродови таму, да плови низ Каспиското Mope и да установи дали е тоа внатрешно море, како што го учеше Аристотел, а не залив на океанот, како што претпоставуваа старите Индијци, што беше спорно за него по откривањето на Индискиот Океан. Во исто време, можно е размислувањата од економски аспект да одиграа важна улога во мисијата. Поради смртта на Александар Македонски не беа преземени ниту оваа, ниту арапската експедиција.

Тоа се експедициите што Александар Македонски ги презеде за неколку месеци во својот живот. Веднаш штом умре, беа најдени забелешки во кралските архиви кои откриваа дека арапската експедиција беше само предигра на неговите големи планови. Овие официјални забелешки содржат податоци како и на кој начин требаше да се изведат и осмислат неговите технички планови, потоа воените и финансиските извори потребни за тоа.

Има само малку податоци од кои може да се види дека 1.000 воени бродови со поголеми размери требаше да се изградат во Феникија, Сирија, Галиција и Кипар за походот против Картагенците и другите народи што живееја на другиот морски брег на Африка, Шпанија и на бреговите до Сицилија. Спомнато е исто така дека требаше да се гради пат по должината на африканскиот морски брег до Пилар на Херакле, како и да се изградат пристаништа на сите места кои одговараат за таа намена.

Овие содржини на забелешките укажуваат на тоа дека Александар Македонски, откако стана господар на Азија, размислуваше за освојување на целиот свет. Тој веројатно е единствениот човек во историјата кој ги подготвуваше овие огромни планови за да стане „светски владетел" во вистинската смисла на зборот. Неговата империја сега достигна на запад, потоа на север до Јадранско Mope, a на југ до Кирена, која беше во пријателски сојуз. Во овие последни планови во прашање беше само освојувањето на морскиот брег на западниот Медитеран.

am55-2
Александар Македонски пред своите борци

Очевидно, првата цел беше насочена кон Картагена која беше најважната поморска и трговска сила на Запад. Дали тој ќе успееше во своите планови е прашање на кое не можат да одговорат ни историчарите, меѓутоа, не може а да не се верува во можностите кога се однесува на Александар Македонски, кој направи толку многу, па и тоа всушност не беше невозможно. Друго е прашањето дали тој ќе успееше во формирањето на тогашниот познат свет во една империја која ќе имаше перспекгива за натамошен напредок. На прашањето веројатно ќе се одговори негативно.

Создадена едноставно од неговата ретка личност, оваа империја би ја загубила виталноста со неговата смрт. Дека подоцна Римската светска империја се одржа многу векови, не претставува спротивен аргумент. Во овој случај од генерација до генерација беше поставуван камен темелник, се додека огромната изградба не застана многу цврсто и не зајакна нацијата. Александар Македонски, од друга страна, всушност беше ефемерна епизода, а освен тоа зад неговите идеи не стоеја ниту античките Македонци ниту пак античките Грци, тој остана сосема сам.

Треба да се претпостави априори, аналогно на внимателната почетна подготовка на другите потфати на Александар Македонски, дека на овие планови тој не се потпираше единствено врз безосновани фантазии, туку и врз однапред добиените информации за големината на различните земји на Запад и нивните заемни политички врсќи. Се знае кога Александар Македонски беше на Далечниот Исток, се распрашал за историјата на Сицилија преку експертот Филист, државник на Дионис I, преку кој можело длабоко да се проникне во војните на западните антички Грци со Картагенците и нивните италијански соседи.

am55-3
Битка во Персија

Една друга работа побуди кај него личен интерес за проблемите на западните етнички Грци и во извесна смисла информацијата за неговиот зет Александар Молосијански, кога тој во времето премина во Азија, им служеше на Терентинците во борбите против Луканијанците и Брутијанците во Долна Италија и го загуби животот во војната.

Секако, Александар Македонски немаше нешто поважно во мислите од панелинистичката политика како она од неговите почетни години, но е повеќе од сигурно дека во освојувањето на Запад ќе се потрудеше да го спаси тамошниот грчки елемент и да ја направи античка грчка култура доминантна во регионите на Западниот Медитеран.

Co тоа, всушност, тој почна да размислува и да ги врши потребните воени подготовки за тој поход, а тоа беше јасно од оскудните цитати во забелешките, заедно со известувањата за постепената изградба на една флота и на патишта. Некои современи писатели ги отфрлија овие забелешки како легенда од подоцнежниот период.

Меѓутоа, забелешките од тој период претставуваат прво-класен извор, како што е Хероним од Кардија, па затоа никој нема право да ги отфрли од историјата на Александар Македонски. Психолошки е сосем разбирливо дека тој ќе ги оствареше овие планови за владеење над светот. За десет години ја покори Азија се до Индија. Ни една нација ниту тврдина не можеше да му се противстави.

Тој беше млад човек од триесет и две години, a можеше да живее уште подолго. Дали одговараше неговото вечно восхитување во борбата и во неговата вечна тага за границите на светот, сега да ја остави настрана сабјата и да го посвети својот претстоен живот на изградба на она што го извојува?

Тоа би бил еден нов Александар Македонски и би имал многу малку заедничко со историската фигура. He e во ред да се одбива неговата веродостојна и добро тестирана изјава во забелешките. Без неговите последни планови за освојување на светот не може да се направи целосна и точна слика за Александар Македонски. 

Може да се рече дека Александар Македонски ги држеше овие планови во тајност и дека беа разгледани и обработени во тесен интимен круг. Малкумина беа подготвени да го следат на овие матни патеки. Единствениот човек во неговата свита кој целосно го разбираше, беше неговиот пријател од детството Хефестион. Меѓутоа, беше голема загубата кога во Екбатана во текот на веселбата во чест на Дионис, овој негов пријател се разболе од фаталната треска. Во големата болка Александар Македонски многу тагуваше.

Три дена лежеше до мртвото тело на својот пријател без да јаде или да пие. Ахил го оплакуваше својот Патрокле. Се ширеа прикаски во врска со тоа како ја изрази својата болка. Колку многу е вистина тешко е да се поверува. Вистина е дека тој посакуваше неговиот мртов пријател да биде издигнат до божествена величина. Тој испрати абери до оазата во Сивах и го замоли својот татко Амон дали може да положи жртва за Хефестион како на херој или како на Бог.

My нареди на Пердика да го однесе мртвото тело во Вавилон за да му изградат најубав и најскап споменик. Co цел во војската вечно да се слави името на неговиот пријател, кралските следбеници што тој ги командуваше беа наречени „Хефестионска чилијархија". Од друга страна, должноста како Голем Везир што Хефестион ја имаше со титула на чилијарх не беше воопшто пополнета. Местото веднаш до кралот остана празно.

Најпосле Александар Македонски престана да го оплакува и тргна на пат кон Вавилон. На патот се судри со Козеаните, борбено и пљачкашко племе на планината Загрос, кое се криеше и беше во заседа во високите планини, каде што ја зачува независноста од Големиот крал. Бидејќи сега беа нападнати во зима, тие не можеа да се повлечат во своите висини покриени со снег и му се противставија на Александар Македонски во рамните делови. Во период од четириесет дена нивниот отпор беше скршен.

На пат за Вавилон, Александар Македонски го пресретнаа амбасадорите на разни земји, подготвени да му изразат почит на новиот господар на Исток. Од Африка дојдоа Либијци и веројатно Етиопјани, а пред се Картагенците. Од Италија дојдоа Луканијци и Брутијанци, Етрусканци и Римјани, од далечниот Запад веројатно

Иберијци и Келти. Испраќањето на овие амбасадори значеше дека широко одекна веста оти тој се враќа како победник од Индија.

am55-4

Од ова шаренило на дипломатски претставници се добива сознание за длабоката импресија што ја предизвика кај народите на Запад со создавањето на силната империја и со достоинството со кое беше опкружен од погледот на целиот свет.

Иако овие народи сé уште не знаеја за неговите последни планови за освојување на светот, сепак кај Картагенците, кои веќе почувствуваа голема загуба во престижот по освојувањето на Тир, нивната метропола, а и по основањето на Александрија во Египет, стравот не беше далеку дека Александар Македонски кој во сојуз со Кирена им се приближи отстрана, a co тоа еден ден ќе и нанесе штета на нивната земја со неговата трговска политика.

Секако, со обединување на целиот Исток во рацете на еден човек што порано никој не го направил, се создаде нов фактор на моќ, кој ги примора политичарите од Запад да се чуваат - колку повеќе го прават тоа, толку повеќе ќе ги дознаваат идните планови на Александар Македонски - а тоа ги тераше да настојуваат да одржуваат добри односи со оваа нова сила.

Надвор од оваа ситуација, посебни причини за испраќање амбасадори може само да се претпостават за италијанските народи: за Луканијците и Брутијците поради нивната војна со Александар Молосијански зетот на Александар Македонски, и за Етрусканците поради нивното пиратство што беше опасно за членовите на Коринтската лига. Тешко е да се поверува дека Римјаните потоа, во средината на Самнитската војна испратиле амбасадор во Вавилон.

Продолжува

katin
Пишува: СЛАВЕ КАТИН

 

На прво место

News image

Додека ДУИ и Артан Груби се криеја зад Албанците и СДС го делеше македонското општество за да крадат, Албанците и Македо

СДС и ДУИ се едно исто. И двете партии ги користат најчувствителните теми во општеството за ситни ...

Историја

News image

Декларација на Македонскиот комитет од Канада - Торонто, 10 август 1988

ДЕКЛАРАЦИЈА НА  МАКЕДОНСКИОТ КОМИТЕТ ОД  КАНАДА ЗА ЧОВЕЧКИТЕ ПРАВА И СЛОБОДИ НА МАКЕДОНЦИТ...

Иселеници

News image

ПАРТИЈАТА „ВИНОЖИТО“ ОД ЛЕРИН И НЕЈЗИНАТА УЛОГА (18)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

News image

ЕРУСАЛИМ – МЕСТОТО НА ГРОБОТ НА ИСУС ХРИСТОС (14)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Фељтон

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.