Среда, 28 Јануари 2026   
МАКЕДОНСКО - АВСТРАЛИСКИОТ НАРОДЕН СОЈУЗ И ВЕСНИКОТ „МАКЕДОНСКА ИСКРА“

1

Често се вели дека таму каде што живее еден народ, без разлика дали тоа е на дедовскиот праг, покрај вековното огниште, или на друго избрано место на далечните простори, неминовно е тој народ да создава своја сопствена историја, култура, воспитанија, образование и други процеси што утре ќе сведочат за неговото постоење.

Таков е случајот и со Македонците од сите делови на Македонија кои ја избрале Австралија за нивна втора татковина, каде нивниот развој е видлив на сите полиња.

Македонската заедница во Австралија во изминатите стотина години на петтиот континент успеала да си создаде и да си организира своја специфична шема во политиката, економијата, религијата, информирањето, во начинот на живеење и големиот просперитет.Таму, во тој дел на Јужната хемисфера Македонците го почувствуваа благодетот на австралиската демократија,на слободата на трудот,на придобивките од австралиската мултикултура и брзо се итегрираат уште со нивното доаѓање во текот на минатиот век.

Ваквите поволни услови во Австралија вродија со плод да се формира Македонско-австралискиот народен сојуз (МАНС), кој во тие повоени немирни времиња имал улога да се одржи единството на Македонците собрани околу своите Сојузи и Друштва со национален карактер. Подоцна, во созреани услови, улогата на МАНС била да ги сплоти доселениците во македонски православни општини и културни центри.

Треба да се нагласи дека Македонско австралискиот народен сојуз со помош на локалните Сојузи и Друштва, слично како во САД и Канада, покрена хуманитарни акции за помош на Македонија, како што беше изградбата на Болницата во Скопје и поддршката на борците за демократија на ДАГ (Демократска армија на Грција). Исто така, беа покренати и голем број други хуманитарни, културни, економски и политички акции, со цел да се помогне на македонскиот народ веднаш по Втората светска војна.

Инаку, Македонскиот австралискиот сојуз беше организиран по примерот на Македонскиот американски народен сојуз во САД (МАНС) и Македонскиот канадски народен сојуз (МКНС), што беа формирани на Првата конференција, што се одржа во Толидо, Охајо, на 22 и 23 март 1930 година. На конференцијата била усвоена Резолуција со која сите македонски независни прогресивни групи се обврзале да ја координираат својата дејност меѓу себе и да создадат услови за што поуспешно ширење на своите идеи меѓу македонските доселеници. Прогресивните групи за свој сојузник ја прифатиле само работничката класа со која биле готови преку единствениот револуционерен фронт, да се борат против фашизмот и империјализмот.

Целта на македонските независни прогресивни групи била да ги обедини Македонците заведени од МПО и да развие политичка активност сред македонските доселеници. А, една од големите желби и барања на овие групи била да се создаде балканска федерација,во која ќе бидат гарантирани широки национални,политички и социјални права и слободи на балканските народи, вклучувајќи го и македонскиот народ од трите дела на Македонија.Во реализацијата на ваквата политика новиот Македонски народен сојуз (МНС) сметал на содејство и поткрепа од сите прогресивни сили и луѓе во светот, особено од оние на Балканот.

Името Македонски народен сојуз (МНС) го добил со обединувањето на прогресивните групи во сојуз на Првиот конгрес, одржан во Гери, Индијана, од 24 до 26 април 1931 година.Потоа, по Четвртиот конгрес на МНС што се одржал во Детроит, Мичиген,во 1934 година,од единствениот МНС биле создадени две организации: Македонско-американски народен сојуз во САД (МАНС) и Македонско-канадски народен сојуз (МКНС) во Канада.

Членовите на МАНС и МКНС се залагале са поголемо заедништво меѓу прогресивните сили на сите балкански народи. Кај нив се разгорел пламенот посебно за поддршка на Народно-ослободителната борба на македонскиот народ и на Граѓанската војна во Шпанија.Така, една од по забележителните акции на МАНС и МКНС бил, секако, “Меморандумот за решавање на македонското прашање”, што на 11 февруари 1945 година Националниот комитет го упатил до американското Министерство за надворешни работи, до меѓународната јавност, до бројни институции и до македонското иселеништво.

Меѓутоа, по 1947 година во САД започнала кампањата против прогресивните организации и симпатизерите на левицата, кога започнала и студената војна. Многу организации во тој период биле прогласени за субверзивни.Таква етикета му била прилепена и на МАНС, кој бил прогласен за “пресвртничка организација”.Потоа,во 1949 година,кога,стапила во сила одлуката на државниот обвинител на САД,според која натамошното дејствување на Македонско-американскиот народен сојуз згаснала засекогаш.

Работата на МАНС се прошири во Австралија по Втората светска војна. Така, на 25 август 1946 година и званично е прифатена идејата за формирање на општ Сојуз за цела Австралија под името Македонски австралиски сојуз (МАНС). Меѓутоа, идејата за формирање на МАНС, всушност била дадена на првата Македонска конференција, што се одржала во Перт, на иницијатива на членовите на „Единство“ во 1940 година.

Значаен датум за ова прогресивна македонска организација е март 1947 година кога во Мелбурн се организира Првата сојузна конференција на МАНС. Во тоа време имаше бројно иселеништво од Беломорска Македонија и дел од прогонетите во источно европските земји, кои ја напуштија својата родна земја како борци на ДАГ, како деца прогонети (бегалци) и дел од нивните семејства, а кои се прибрале кај свои роднини и пријатели во новата татковина демократска Австралија.

Веднаш по Втората светска војна, Македонската заедница го формира Македонско -австралискиот народен сојуз. Всушност,оваа најголема македонска организација ќе произлезе од македонските организации и тоа:„Слобода“ од Менџимап, „Единство“од Перт,„Нова Македонија“од Џералтон, „Александар Велики“ од Аделаид, „Весела Македонија“ од Сиднеј, „Слобода„ од Крабес Крик и неколку други организации формирани во Волонгонг,Њукасл,во Порт Кембла,во Квинбијан и други градови ширум Австралија.

Едно од најзначајните македонски информативни гласила во дијаспората беше весникот “Македонска искра” (1946-1957) – кој е прв македонски иселенички весник во Австралија. Тој започна да се печати на 11 октомври 1946 година, на денот кога се отвори нова славна страница во историјата на македонскиот народ во борбата за слобода и независност. Весникот беше орган на Македонско-австралискиот народен сојуз (МАНС). Се печател еднаш месечно, а неколку пати излегувал како двоброј во периодот од десетина години. Повеќе од една година се печатеше во Перт, потоа во Сиднеј, а од 1952 година до неговото згаснување во јануари 1957 година во Мелбурн.

  По бројот на страниците “Македонска искра” бил мал весник – најчесто излегувал на 4 страници, а подоцна и бројот и формата на страниците се зголемувале. Целта и задачите на весникот “Македонска искра” биле да го запознава австралискиот народ и општеството со македонската имиграција во Австралија, со Македонија и македонскиот народ, како и да ја обедини и собере македонската имиграција околу МАНС. Уредници на весникот биле прогресивни Македонци од егејскиот дел на Макеоднија. Весникот се печател на македонски јазик со латиница, освен насловот кој секогаш бил со кирилица. Одделни статии биле фотокопирани од некои весници печатени со кирилица или печатени во Република Македонија. “Македонска искра” се печатеше во тираж од 600 примероци за првиот двојно се зголеми тиражот на вториот, за подоцна да се зголеми на неколку пати.

6a-slavek copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy

Пишува: СЛАВЕ КАТИН   

 

На прво место

News image

Европска Македонија по мера на криминалот?

По години исполнети со криминални афери, сомнителни тендери, распродажба на државни интереси и нац...

Историја

News image

Денешните Грци не сакаат да веруваат дека значително турско население живеело на Пелопонез и исчезнало без трага

Седум години по завршувањето на Револуцијата, европските влади го прашаа претседателот Јоанис Капо...

Култура и туризам

News image

Песната “Раѓањето на Александар Македонски” испеана е во 1860

  Песната “Раѓањето на Александар Македонски” испеана е во 1860тите од страна на слепиот селан...

Фељтон

News image

МАКЕДОНСКО - АВСТРАЛИСКИОТ НАРОДЕН СОЈУЗ И ВЕСНИКОТ „МАКЕДОНСКА ИСКРА“

Често се вели дека таму каде што живее еден народ, без разлика дали тоа е на дедов...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.