Среда, 07 Јануари 2026   
ТОМЕ МИОВСКИ – ПОЗНАТ И ПРИЗНАТ МКЕДОНСКИ ИСЕЛЕНИК ВО АВСТРАЛИЈА

1 copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО АВСТРАЛИЈА

Името и делото на Томе Миовски, преспански Австралиец е тесно поврзано со историскиот развој на Македонците во Западна Австралија, особено во главниот град Перт. Тој е еден од основоположниците на Македонскиот центар и црквата „Свети Никола“ во Перт, која е втор македонски дом во Австралија.

Томе е писателот и журналист кој во почетокот на осумдесеттите години на минатиот век редовно се појавува со свои дела во списанието „Повод“ на Литературното друштво „Григор Прличев“, а е автор на делата: „Паднати за татковината“, „Австралија и македонските доселеници“, „Орово и оровчани во минатото“ (1988), и „Македонците во Западна Австралија“ (1999).

Инаку, Перт, градот на Томе Миовски е главен град на Западна Австралија и трет по големина економски и културен центар на Австралија, по Сиднеј и Мелбурн. Многумина Перт го вбројуваат во најубавите градови во светот и често го нарекуваат бисер на Австралија. Првите Македонци дошле во Перт во дваесеттите години од минатиот век. Тие претежно биле од Беломорска Македонија и својот нов живот во „ветената земја“ го почнале како фармери, чистејќи ја шумата за да направат плодни површини, особено за градинарски култури со кои се занимавале во Македонија.

Освен во Перт, Македонците заминувале за Менџимап, каде најбројни се од Нерет, од Бапчор, од Турије и други села од Костурско и од Леринско, како и од селата под легендарната планина Вич, дојдени овде уште пред 1925 година. Се смета дека Македонците први го пренеле тутунот како култура во овој дел на Австралија. Тие останале во новиот свет, но не ја заборавиле родната земја - Македонија. Незаборавот го изразувале и го изразуваат со организирано собирање, другарување, заедничко живеење и чување на македонските традиции при што го зачувале својот идентитет, традицијата, културата, јазикот, верата и обичаите од родниот крај - Македонија.

Еден од видните Македонци во Перт е, секако, Томе Миовски. Тој е роден на 18 август 1933 година во селото Орово во Долна Преспа, во егејскиот дел на Македонија. Потекнува од македонско семејство, од татко Илија и мајка Ристосија. Тој е страдалникот кој на 17 март 1948 година, пред беснеењето на Граѓанската војна во Грција, мегу стотиц децата од селото и илјадници други македонски дечиња го напушти своето родно место.

Во овој по многу нешта значаен чешки град, Томе Миовски завршил гимназија и дипломирал на Педагошката школа. По стекнувањето на неговото педагошко образование работел во основното училиште во Лоучна, до градот Шумперк, сé до 1957 година. Истата година стапил во брак со Гона Пројковска по потекло од преспанското село Граждено, со која имаат две деца ќерката Кристина, родена во Чехословачка и синот Сотир, роден во Австралија..

Уште со доаѓањето во новата средина, Томе Миовски се приклучил во македон-ското движење како продолжувач на организираното живеење кај Македонците од Перт и околните места, кое се јавило уште пред Втората светска војна. Така, според пишаните документи, на 18 септември 1941 година е формирано прогресивното македонско друштво „Единство“. Тоа развило жива дејност сред македонските иселеници, а по војната бројот на членовите се зголемувал и се спроведувале акции дури и за собирање средства за изградба на болницата во Скопје. Ова друштво, заедно со друштвата „Нова Македонија“ од Џералдтон и „Слобода“ од Менџимап, беше основа за формирањето на Македонско-австралискиот народен сојуз (МАНС), кој во иселеништво почна да го печати првиот весник на македонски мајчин јазик „Македонска искра“, што за многумина, кои не го владееја англискиот јазик, ова гласило, беше еден вид прозорец кон светот.

Како резултат на силниот патриотски дух и приврзаноста кон родната земја – Македонија, уште во 1962 година Македонците во Перт, по примерот на Македонците во Мелбурн, покренаа иницијатива за формирање на македонска црковна општина. Притоа, беше купено место на аголот на улиците „Алберт“ и „Кеили“, со цел во почетокот да изградат културен центар, а потоа и општина. Така, донесена е одлука истата зграда да биде наменета и за дом и за црква.

Томе Миовски заедно со неговите врсници кои беа дојдени од источноевропските земји ја регистрираа Македонската општина за Перт и Западна Австралија. Тој беше секретар на Општината најдолг период од сите Македонци во Перт. За неговата плодна и долгогодишна активност е избран за доживотен член, а за неговите активности во Општината и во Македонската заедница во Перт, тој е добитник на бројни признанија.

Од активностите на овој доблесен патриот и вљубеник во својата дедовска земја - Македонија, треба да се одбележи дека Миовски е основоположник на Македонското друштво „Преспа“, формирано во 1970 година; бил секретар и доживотен член на друштвото, се занимавал со новинарство и публицистика, а бил главен и одговорен уредник на Радио Преспа во Перт. Исто така, Томе Миовски е еден од осново-положниците на Здружението на децата протерани од Егејска Македонија, познато како „Бегалци“, формирано во 1985 година, во кое бил секретар на федералното тело.

Томе Миовски чувствува силна љубов кон својата втора (или да речеме - трета) татковина – Австралија. Во исто време тој е еден вид „зависник“ од својата родна Македонија. Тој живее со Австралија, со Македонија, со Преспа, со селото Орово. Постојано се навраќа со мислите во својот роден крај, во селото Орово.

По наредба на „демократските“ власти тоа било избришано од евиденција и неговиот атар бил приклучен кон Општината Граждано. Денес во селото се вишнее само селската црква „Свети Никола“, која е останата да ја чува тајната на поранешните жители на Орово..

Инаку за селото Орово е запишано дека тоа е чисто македонско село, а и реонот на Преспа е чист македонски, во кој има 16 македонски села. Во Орово имало триесеттина куќи. По капитуланскиот договор во Варкиза,12 февруари 1945 година, грчката десница со помош на Англичаните ја зацврстила својата власт. Почнал да се спроведува невиден терор врз демократското население во Грција, пред сé, врз Македонците, а цел им била нивно физичко истребување.

За да го избегнат бесот на грчките власти голем број Преспанци го напуштиле родниот крај и преминале во слободниот дел на Македонија. Во тоа време во Преспа, Грција, била воспоставила жандармериска власт, која ги окупирала сите села од Долна Преспа и ја затвориле границата кон Југославија. Во тоа време полициски станици имало во Орово, Герман, Папли, Лак и др.. Партизанските движења се засилиле во 1946 година, а Македонците кои биле уапсени монархофашистите ги малтретирале во една куќа во селото Папли, Преспа, која служела како затвор.

Томе Миовски е еден од значајните хроничари за македонското иселеништво во Австралија, со посебна нагласка на Западна Австралија. Тој е автор и на делата: „Паднати за татковината“ (1968); „Австралија и македонските доселеници“ (1971); „Орово и оровчани во минатото“ (1988). Неговата последна книга насловена „Македонците во Западна Австралија“ кое е издание на „Здружението на децата бегалци од егејскиот дел на Македонија“ е отпечатена во 1999 година во Скопје. Тоа е негово капитално дело во кое Миовски дава релевантни податоци за Македонците во Западна Австралија, почнувајќи од нивното доселување на тие австралиски простори во 1925 година до денес. Така, тој го презентира организираното живеење уште со формирањето на Австралиско-македонскиот народен сојуз, преку формирањето на првата Македонската православна црква во Клубот па до ден-денес.

6a-slavek copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy

Пишува: СЛАВЕ КАТИН

 

На прво место

News image

Македонско технолошко чудо: камери кои препознаваат кој е македонец а кој албанец?!

Оваа колумна ја посветувам на тие што сакаат да се насмеат, бидејќи понекогаш реалноста е толку см...

Историја

News image

Денешните Грци не сакаат да веруваат дека значително турско население живеело на Пелопонез и исчезнало без трага

Седум години по завршувањето на Револуцијата, европските влади го прашаа претседателот Јоанис Капо...

Култура и туризам

News image

Песната “Раѓањето на Александар Македонски” испеана е во 1860

  Песната “Раѓањето на Александар Македонски” испеана е во 1860тите од страна на слепиот селан...

Фељтон

News image

МАКЕДОНСКО - АВСТРАЛИСКИОТ НАРОДЕН СОЈУЗ И ВЕСНИКОТ „МАКЕДОНСКА ИСКРА“

Често се вели дека таму каде што живее еден народ, без разлика дали тоа е на дедов...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.