|
|
| Кога немаш одговор за милионските криминали, отвораш тема за часовник? |
|
СДС – партија која зад себе остави траги од финансиски скандали во речиси секоја институција што ја допре, сега одлучи да ја „открие“ вредноста на часовникот на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски како најголем проблем во државата. Очигледно, во недостиг на идеи, визија и кредибилитет, СДС смета дека јавноста има кратко паметење. Или уште полошо – дека граѓаните не прават разлика меѓу чесно заработено и сомнително стекнато богатство. Од едната страна е човек кој заработувал пред политиката и престанал да заработува од бизнис во моментот кога влегол во јавна функција, од другата страна се Венко Филипче и Зоран Заев – хирург и земјоделец од Муртино – кои пред политиката беа просечни граѓани, а по владеењето на СДС се претворија во мултимилионери. Куќи во елитни населби како Нерези, станови и згради во Дубаи, акции во индиски авиокомпании, фирми дома и во странство со нејасно потекло на капитал, луксузни автомобили како „подароци“ од компании што добивале државни тендери, проценти, провизии, договори – сè освен чесно објаснување. И сето тоа – токму за време или по нивното активно политичко дејствување. Ова е суштинската разлика која СДС сака да ја замагли со евтини соопштенија и спинови. Разликата меѓу човек што заработил пред политиката и луѓе што се збогатиле со помош на власта. Разликата меѓу проверливо и сомнително. Меѓу транспарентно и скриено. Затоа, кога СДС зборува за морал, јавноста со право се прашува: каде се тие морални стандарди кога контролите откриваат милионски дупки, кога по секоја ревизија е нова афера? Наместо да гледаат во туѓи раце, нека погледнат во сопствениот двор и нека бројат кривични пријави. |














