|
|
| Бугарите да ти имаат Куран тежок 500 килограми и долг 2 метри, ама не кажуваат! |
|
Александар Македонски Џеповски Куранот го донеле од Татаристан, им било здодевно да останат добри муслимани, па ноншалантно преминале во Православие. Сето тоа е документирано, со видео на Јутјуб, ама сега настојуваат да го оттргнат од историјата, касно е, Марко веќе стигна на Косово, и не се враќа за ниту еден „компромис“ на историската сценографија. Бугарското име некогаш било гордост во муслиманскиот свет. Турците ги донеле покрај Црното Море, но Господ и Русите им имале сосема друга режија. И така, тие завршиле заглавени во лавиринт од настани, каде што логика и хронологија се заменети со стратегија на политички снопови, како сарма без јасен рецепт. Ребусот станува уште поинтересен: Самоил бил Цар, а не Хан. Кирил и Методи ниту личеле на Џингис Кан, ниту на Аспарух или Кубрат, сепак „шверцувале“ низ времето, па стигнале до Тодор Живков како дел од бугарската митологија. Се чини дека на Балканот секогаш се работи за тоа кој како ќе го прикаже својот слој, додека вистината останува заборавена. Врвот на балканската комедија? Фердинанд по татко Германец, по мајка Италијка самопрогласен за Цар Бугарски, на конвертираните муслимани од Азија, на македонска земја со стариот град Средец преименуван во Софија. Историјата не е факт, таа е шоу за дипломати, историчари и политички „акробати“. И тогаш доаѓаат модерните „акробации“: Брисел предлага средби, Софија поставува услови, а македонската страна чека како сè да е дел од историски риалити-шоу. Секоја нова „комисија“ е како лажица кисела зелка на веќе замешаната сарма: европските бирократи со насмевка зборуваат за „дијалог и соработка“, додека историската вистина се крие под слоевите на дипломатска декоративност. И додека европските и балканските политички кукли играат свој танц на договори, ревизии и декларации, македонската вистина си стои таму, со сите свои слоеви, кисели и слатки, понекогаш горчливи, ама вистински. На крајот, сè што останува е едно: Македонија ќе ја јаде сармата на историјата на свој начин. И, додека некои се обидуваат да ја шминкаат, вистината не се продава и не се дава по европски комисии. Балканот повторно потсетува: тука нема кратки патишта, а политичките „акробации“ се забавна, но понекогаш опасна, игра. СИТЕ ОВИЕ БОЖЈИ ЧУДА НЕ СЕ ТОЛКУ РЕЛЕВАНТНИ КАКО ФАКТОТ ДЕКА БЕЗ МАКЕДОНЦИТЕ КОИ ВЕКОВНО И МИЛЕНИУМСКИ СЕ ПРИСУТНИ ТАМУ, СЕТО ОВА НЕ БИ БИЛО МОЖНО ДОКОЛКУ НЕКОЈ НЕ ГИ ЗАМЕШАЛ ПРСТИТЕ СО НЕКАКВА НАМЕРА. ДОБРА ИЛИ ЛОША, ПОЛЕКА НО СИГУРНО ОСЕЌАМЕ ТОА НА СВОЈА КОЖА И СЕ НАДЕВАМЕ НА ДОБАР И ПОСРЕЌЕН КРАЈ. АМИН !!! |














