Среда, 14 Јануари 2026   
АЛЕК КЛАШОВ – ПОЗНАТ И ПРИЗНАТ БИЗНИСМЕН

2r copy

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО АВСТРАЛИЈА

Сопственикот на фабриката „Патра“, Алек Клашов беше прв милионер од македонско потекло во Австралија, донатор на бројни македонски асоцијации и спонзор на Олимпијадата во Монтреал. Кога се пишува или зборува за деловните луѓе кои имаат македонско потекло, а живеат ширум светот, посебно место му припаѓа на Алек Клашов. Познат и признат бизнисмен не само меѓу Македонците, туку и меѓу Австралијците. Тој е човек кој оставил неизбришливи траги во севкуп ниот живот во македонската колонија во Мелбурн и пошироко.

Алек, или Цане Клашов, како често го викаат неговите пријатели и соселани, е роден во 1935 година во селото Буф, Леринско, кое е едно од најголемите и најре волуционерните македонски села во Беломорска Македонија. Тој е син на Ѓорѓи и на Полексија Клашови, син на тоа типично македонско семејство, кое ги негувало старите македонски традиции, обичаи, религија и патриотскиот дух, семејство кое во ослободителната војна во Грција дало две жртви: Крсте и Доне Клашови. Мајка му, пак, Полексија, е, исто така, од селото Буф, од семејството Србинови.

Животната сторија на Алек Клашов, како и на семејството Клашови е бурна, интересна, типична македонска. Тој потекнува од печалбарско семејство, а се знае дека меѓу првата група доселеници на американскиот континент кои дошле при крајот на XIX век биле токму буфчани. Неговиот татко Ѓорѓи го вкусил печал барскиот леб во Америка пред Првата светска војна, кога пристигнал во „ветена та земја“ и останал подолг период. Таму спечалил пари и потоа се вратил назад во селото.

Но, во 1937 година печалбарската судбина го однела во Австралија, неговата втора и последна татковина. Алек, пак, заедно со мајка му и сестра му Ордана стасал на петтиот континент во 1948 година, веднаш по Граѓанската војна во Гр ција и егзодусот на Македонците од егејскиот дел на Македонија. Тие заминале за далечна Австралија, но во грчките зандани ги оставиле двата браќа Павле и Симо, а третиот брат Вангел заминал за слободниот дел на Македонија. Со текот на времето, Павле и Симо се ослободиле од затворите и заминале за Канада, ед ниот во Торонто, а другиот во Хамилтон, каде и живеат, додека Вангел починал на македонската земја.

Инаку, историјата на протераните од своите дедовски прагови од Егејска Ма кедонија е тажна и неповторлива. Таа е тесно поврзана со Оперативниот план на генералниот штаб на атинскиот режим кој предвидувал со офанзивни дејства да ги истисне единиците на ДАГ од внатрешноста на земјата и да ги принуди да се концентрираат во пограничните подрачја каде што со употреба на воен потенцијал да ги уништи или да ги исфрли преку граница.

Во рамките на подготовките за решавачки битки привремената демократска влада реши децата и изнемоштените старци да ги префрли преку граница. Врз основа на постигнатата спогодба помеѓу привремената демократска Влада на Грција и владите на источноевропските земји и Југославија беа евакуирани мало летните деца од 1 до 16 години. Тоа ги повлече и нивните родители да ги напуштат своите вековни домови. Затоа денес буфчани можат да се сретнат насекаде во светот. Нив ги има и тоа: во Америка над 200, во Австралија околу 1.000, во Ка нада повеќе од илјада, во Југославија околу илјада, околу двесте во Буф и околу пет-шеесет буфчани во Бугарија, Чешка и Словачка, Русија и Романија. Се смета дека бројот на буфчани во светот е околу четири илјади и одредена бројка на млади луѓе кои не се чувствуваат буфчани, а повеќето од старите се одамна зами нати од овој свет.

Националниот состав на населението во Егејска Македонија има претрпено големи етнички промени, особено по Балканските војни и поделбата на Македо нија. До Балканските војни македонското население во Егејска Македонија било најбројно. Македонците под грчка власт биле и сé уште се изложени на асимила торска тортура и присилна емиграција, со единствена цел да се измени етнички от состав на Македонија. Меѓутоа, Македонците не само што постоеле, постојат, туку и ќе постојат, зашто не е лесно да се искорени еден народ, таму каде што живеел со векови и покрај сите мерки на насилие и денационализација.

Го посетивме Алек Клашов заедно со Андреа Бранов, негов соселанец и род нина, во неговиот дом што се наоѓаше во еден од најбогатите делови на Мелбурн. Куќата беше сместена во прекрасно зеленило, на голема површина, што е необ ично за куќа. Таа беше пространа, раскошна, со сите нишани на милионерска куќа.

Го видовме Алек како со специјална машина ја уредуваше тревата околу базенот. Ни рече дека работата дава сила и живот. Беше љубезен и нè покани во негови от дом. Разговорот беше неврзан, топол, братски, македонски. Алек беше крупен маж, чии црти одаваат интелигентен и образован човек, смирен, со блага насмев ка на лицето и пријатен за разговор. Неговиот македонски јазик беше богатство на леринскиот дијалект.

-Знаете, кога дојдовме во Австралија, не беше лесно, - ни рече Алек Клашов, покрај другото, во долгиот разговор. - Татко ми долги години работеше по бушо вите во Западна Австралија, а кога се собравме сите заедно, на радоста и немаше крај. Бевме најсреќни на светот. Но, животот си течеше. Во прво време, јас почнав да работам во фабрика и да учам англиски јазик, а дури во 1958 година купив биз нис за продажба на хамбургери. Така започнале и многу наши луѓе. Работата ми одеше многу добро, имаше пари, но се работеше многу часови. Бизнисот напредуваше и по четири години, во 1962 година, отворивме мала фабрика за конзервирање на овошје. Станав партнер со еден мој пријател по потекло Грк, Ник Тајсон, со кого добро се сложувавме и како пријатели и како партнери.

Првото име на фабриката беше „Sun Rise“ (Изгрејсонце), но со проширувањето на бизнисот, купивме нови хали, машини, фарми и други простории во Мелбу рн, Сиднеј и во Тасманија и на фабриката и го дадовме името „Патра“, по името Клеопатра. Од година во година бизнисот рапидно се зголемуваше и, како што тоа бидува на овие простори, се фузиравме со една американска компанија која вршеше контрола на пласманот во други земји, а потоа фабриката стана сопстве ност на група акционери од Соединетите Американски Држави, - нè информира овој австралиски Македонец со блескава кариера во бизнисот.

Во разговорот дознавме дека во екот на деловноста, се чини најголема попу ларност фабриката „Патра“ имала во времето на одржувањето на Олимписките игри во Монтреал, каде овој прочуен производител на сокови бил еден од спон зорите и бесплатно ги снабдувал спортистите од светот со производи од нивниот разновиден асортиман.

Во времето кога Алек Клашов бил во најголемиот подем во бизнисот и кога имал влијание во политичкиот живот, ги помагал македонските асоцијации. Име но, тој бил еден од активните членови, како и благајник и секретар на првата ма кедонска православна црковна општина за Мелбурн и Викторија и првата црква надвор од Македонија, „Свети Ѓорѓи“ во Фуцкрај, а бил и донатор за првиот маке донски манастир „Свети Климент Охридски“ во месноста Кинг Лејк, недалеку од Мелбурн и за Македонскиот културен и социјален центар „Епинг“. Исто така, во времето на изградбата на Социјалниот и спортски клуб „Престон – Македонија“, само за камен-темелникот Алек Клашов подарил пет илјади долари, а потоа тој станал основачки член на убавиот македонски спортски центар.

Бизнисменот Алек Клашов е семеен човек. Поголемиот дел од времето го пос ветувал на своето семејство, на сопругата Тодорка, а е горд со синот Кристофер (Ристо) и ќерката Тања, кои по завршувањето на факултетското образование тр гнале по стапките на таткото. Во неговиот дом, кој според некои процени, чини неколку милиони долари, видовме фотографија од неговото родно село Буф, кое Алек во периодот од напуштањето го посетил два пати и ги вратил сеќавањата од детството. Меѓутоа, во него останала болката што грчките власти не му доз волиле да преноќи на родното огниште, туку му го покажале патот кој води кон откорнувањето на Македонците од Беломорска Македонија.

6a-slavek copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy 

Пишува: СЛАВЕ КАТИН

 

На прво место

News image

Среќна Василица!

Во празнична атмосфера на 14 јануари според новиот календар, македонскиот народ ја празнува Правос...

Историја

News image

Ченто до Колишевски: Милост не сакам! Не ми треба помилување! Ќе одлежам до ден колку ме осудивте

По кажување на Мехмед Али Осман, пријател на Ченто од затворот Идризово: …Се сеќавам, еден де...

Иселеници

Култура и туризам

News image

МИТРОПОЛИТОТ КИРИЛ НА ГРОБОТ НА СВ, КИРИЛ СОЛУНСКИ ВО РИМ (19)

ДЕЛ ОД ЖИВОТОТ И ПОСТИГНУВАЊАТА НА АРХИЕПИСКОПОТ НА МПЦ-ОА Г.Г. МИХАИЛ

Фељтон

News image

АЛЕК КЛАШОВ – ПОЗНАТ И ПРИЗНАТ БИЗНИСМЕН

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО АВСТРАЛИЈА

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.