|
|
| Во минатото Правдата во Македонија се прилагодуваше на СДС и ДУИ, не на законот! |
|
Граѓаните бараат вистинска правда! Распадот на правдата во Македонија не се случи преку ноќ – тоа е резултат на години свесни политички манипулации кои ја ослабнаа државата и ја девалвираа довербата на граѓаните во институциите. Првиот удар беше нанесен кога ВМРО-ДПМНЕ беше во парламентарна опозиција, изборот на судии во Собранието. Процесот беше далеку од транспарентен, а поставувањето судии по дневнополитички интереси ги загрози темелите на независното судство. Наместо луѓе кои ќе бидат гарант на правдата, добивме судии кои можат да станат продолжена рака на партиските апетити. Вториот удар дојде со измените на Кривичниот законик, донесени од владата на СДС и ДУИ, кои системски ја релативизираа кривичната одговорност и го претворија законот во средство за селективно казнување или заштита. Со овие промени, Македонија испрати опасна порака: законот не важи за сите еднакво, туку се прилагодува според дневнополитички потреби. Овие два пресудни моменти не се само историски епизоди – тие се симптоми на систем кој дозволува политиката да го диктира законот. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, јасно укажува дека изборот на судии и измените на Кривичниот законик се основата на денешната криза во правосудството. „Генерално луѓето во правосудството се чесни, но мал дел контаминирани од поранешната власт го деградира целиот систем. Тоа се партиски послушници кои се борат за бенефиции за оние што ги поддржале“, нагласува Мицкоски. Резултатот е очигледен: граѓаните губат доверба, судството се девалвира, а правдата станува инструмент на власта, наместо заштитник на граѓанските права. Додека се дозволува законот да се прилагодува на политички интереси, државата ја губи својата суштина – да биде еднаква за сите. Време е Македонија да ја врати вистинската правда, да го ослободи судството од партиските окови и да ја врати довербата на народот. Инаку, правдата ќе остане само убав збор на хартија, додека реалноста ќе продолжи да ја диктира политиката, а не законот. Во Македонија распадот на правдата не се случи преку ноќ – тоа е резултат на години свесни политички манипулации кои ја ослабнаа државата и ја девалвираа довербата на граѓаните во институциите. Првиот удар беше нанесен кога ВМРО-ДПМНЕ, тогаш во парламентарна опозиција, учествуваше во изборот на судии во Собранието. Процесот беше далеку од транспарентен, а поставувањето судии по дневнополитички интереси ги загрози темелите на независното судство. Наместо луѓе кои ќе бидат гарант на правдата, добивме судии кои можат да станат продолжена рака на партиските апетити. Вториот удар дојде со измените на Кривичниот законик, донесени од владата на СДС и ДУИ, кои системски ја релативизираа кривичната одговорност и го претворија законот во средство за селективно казнување или заштита. Со овие промени, Македонија испрати опасна порака: законот не важи за сите еднакво, туку се прилагодува според дневнополитички потреби. Резултатот е очигледен – граѓаните губат доверба, судството се девалвира, а правдата станува инструмент на власта, наместо заштитник на граѓанските права. Овие два пресудни моменти не се само историски епизоди, тие се симптоми на систем кој дозволува политиката да го диктира законот. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, јасно укажува дека овие два клучни моменти – изборот на судии и измените на Кривичниот законик – се основата на денешната криза во правосудството. „Генерално луѓето во правосудството се чесни, но мал дел контаминиран од поранешната власт го деградира целиот систем. Тоа се партиски послушници кои се борат за бенефиции за оние што ги поддржале“, нагласува Мицкоски. Резултатот е очигледен: граѓаните губат доверба, судството се девалвира, а правдата станува инструмент на власта, наместо заштитник на граѓанските права. Додека се дозволува законот да се прилагодува на политички интереси, државата ја губи својата суштина – да биде еднаква за сите. Време е Македонија да ја врати вистинската правда, да го ослободи судството од партиските окови и да ја врати довербата на народот. Инаку, правдата ќе остане само убав збор на хартија, додека реалноста ќе продолжи да ја диктира политика, а не законот.
Мане Јаковлески |















