|
|
| Методија Андонов Ченто и другарите го играат Тешкото на Шаторов камен |
|
Томе Вељановски
Методија Андонов Ченто и другарите го играат Тешкото на Шаторов камен “Се тресе“ Шаторов камен од тупотот на Методија Андонов Ченто и другарите. Кај локацијата на традиција и оро, со свирката на Кемче на планината Селечка се организирале излети. Фотографот ги “фатил“ на тешкото оро со “дружината“ со паларии и гологлави, под будното око на љубопитните деца и други “сеирџии“. „ТЕШКОТО“ НА ШАТОРОВ КАМЕН–Од Методија Андонов Ченто до УСТАВОБРАНИТЕЛИТЕ! „Се тресе“ Шаторов Камен од чекорот што не бара дозвола. Од „Тешкото“ што не се игра за веселба, туку за опстанок. Тогаш, како и денес, проблемот не беше орото – проблемот беше македонската свест. Ченто знаеше дека кога народот нема право јавно да зборува, телото зборува наместо него. Чекорот станува изјава, орото – протест, а песната – обвинение. На Селечка Планина, „Тешкото“ беше национален чин. Затоа беше опасно. Затоа власта го гледаше како закана, а не како традиција. Ченто беше уапсен не затоа што повика на насилство, туку затоа што повика на достоинство и национални права. Историјата постојано ја повторува истата формула: кога се бара обединета Македонија, репресијата станува правило. По Втората светска војна, човекот што стоеше на чело на АСНОМ и ја вгради македонската државност во институциите, беше прогласен за непријател. Не затоа што згрешил, туку затоа што не прифатил половична слобода и наметнати компромиси со идентитетот. Девет години затвор беа порака до сите што ќе се осмелат да одат по истиот пат. Уставобранителите го одиграа „Тешкото“ во Собранието на Република Македонија–без музика, но со иста историска тежина.
На 21 ноември 1946 година Методија Андонов-Ченто е осуден на 11 години затвор, на 27 април 2017 година за настанот во Собранието на Република Македонија уставобранителите беа затворени и осудени на долгогодишни затворски казни, меѓу осудените беше и неговиот внук Јане Ченто–тоа е уште еден доказ дека борбата за Македонија сèуште се плаќа со слобода. Методите се исти како во времето на Методија Андонов – Ченто, само правно спакувани: наместо отворена политичка пресметка – судски пресуди, наместо идеолошки прогон – кривични квалификации, наместо „непријател на државата“ – „пречка за иднината“ и „Терористи“. Но суштината е иста: кој ќе застане во одбрана на темелите, ќе биде казнет. Како што Ченто беше затворен затоа што не се откажа од Македонија, така и уставобранителите беа затворени затоа што не се откажаа од Уставот на Република Македонија. Уставобранителите го одиграа своето „Тешкото“ во Собранието на Република Македонија – без музика, но со иста историска тежина. Слобода за Уставобранителите! |
















