|
|
| Документ зачуван во Националниот архив на Австралија денес зборува погласно од илјада политички говори и историски фалсификати |
|
Александар Македонски Џеповски
Документ потпишан и заверен во далечната 1934 година и зачуван во Националниот архив на Австралија, составен од државни службеници на една трета, незаинтересирана држава, ја руши цела една конструкција изградена врз негирање, присила и историска неправда. Станува збор за случајот на Атанас Васил Делјанис, македонски иселеник кој побарал австралиско државјанство. Во официјалната комуникација меѓу институциите на Австралиската држава јасно е запишано: апликантот е Македонец. Не „северен“, не „словенски“, не „регионален“, туку Македонец – етничка и национална одредница запишана црно на бело, далеку од Балканот и неговите притисоци. Но документот оди и чекор понатаму. Тој сведочи за нешто што со децении се обидува да се релативизира, премолчи или негира: дека Македонците под грчка власт биле системски принудувани да ги користат грчките форми на своите имиња. Атанас јасно им објаснува на австралиските власти дека грчката форма на неговото име не е резултат на слободен избор или „интеграција“, туку на присила. На државна присила. Ова не е памфлет, не е политички проглас, не е „националистичка пропаганда“. Ова е службен документ, напишан од инспектор на Австралиската истражна служба, со службени печати, архивски броеви и потписи. Документ што не може да се прогласи за „сомнителен“, „едностран“ или „измислен“. Документ што ја потврдува вистината која Македонците ја носат во колективната меморија, но која премногу често им беше оспорувана.Токму затоа овој архивски запис има огромна тежина. Тој покажува дека македонскиот идентитет не е производ на 1944 година, ниту на некаква современа политичка одлука, туку жива реалност признаена и евидентирана од светот уште тогаш – дури и кога самите Македонци немале своја држава. Во време кога повторно сме сведоци на обиди за историски ревизионизам, овој документ е ладен туш за сите оние кои тврдат дека „такво нешто не постоело“ или дека Македонците доброволно се откажувале од своето име, јазик и идентитет. Не, не се откажувале – биле принудувани. Затоа, овој документ не е само архивска куриозитетност. Тој е доказ. Сведоштво. Обвинение против една политика на асимилација и негирање, и потврда за истрајноста на македонскиот идентитет. Благодарност до „Makedonska Drzava“ за овој значаен пронајдок, кој уште еднаш покажува дека вистината, колку и да се потиснува, секогаш наоѓа начин да излезе на виделина. Вистината е како шило – колку и да се обидуваш да ја сокриеш или фалсификуваш, со Божја помош таа секогаш излегува на виделина. АМИН! |















