Среда, 06 Март 2019   
Александар Македонски (74)

alАЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ (74)

РАЗВОЈНИОТ  ПАТ НА БРОЈНИ НАУЧНИ ДИСЦИПЛИНИ ОД ЕГИПЕТ И ВАВИЛОН  КОН ИСТОК И ЗАПАД

Гоенаведемите причини овозможуваат да се разбере како од вториот век распаѓањето стануваше се поевидентно во сите области на античката грчка култура. Во исходот на големата борба со кренатите ориенталци не треба да се има сомнение. Текот на овој конфликт може да се наслика во кратки црти. Селеукидите пред да бидат застапници и унапредувачи на елинизмот низ цела Блиска Азија, заштитата беше ограничена на многу одреден простор, кога со поразот во 129 година, тие беа обврзани да се откажат во корист на Партијците од сите територии зад реката Еуфрат, а беа ограничени да владеат само во Сирија и Цилиција.

Партијските кралеви, Арсацидите, не само што го толерираа елинизмот во своето кралство, бидејќи им требаше античката грчка трговија, туку често, официјално како Филелините, кокетираа со елинизмот, со цел да го унапредат и да му дадат елинистички надворешен изглед на својот дворец во Ктесифон, спротивно на Селеукија што се наоѓаше на реката Тигар, каде што го имаа сместено својот главен град.

Античкптп грчко влијание беше очигледно и во партијската уметност, но овој филелинизам беше ограничен на дворот, а меѓу партијскиот народ, особено меѓу богатите и војската, дефинитивно се гледаше со немилост. Овие кругови упорно се приврзуваа кон ориенталските начини и така започна реакцијата против елинизмот.

Во Египет, исто така, уште во почетокот на третиот век се појави националистичко движење, што едно време предизвика губење на Горен Египет, а под слабото владеење на подоцнежните Птолемејци, дојде до зголемување на египетскиот елемент наспроти античките Грци.

Оваа реакција на Исток против елинизмот, јавувајќи се овде-онде на почетокот, а подоцна станувајќи општа, е од извонредна важност за сегашното време, што сведочи за повторно будење на Исток и нетрпели-ост кон Европејците. Само во овој век имаше настојувања Азија да се направи европска што овозможи ваков феномен, така што потоа напорите на Александар Македонски и на неговите наследници да ја елинизираат Азија предизвикаа слична ненадејна промена.

al1al

Доколку некој го истражува целиот тек на прогресивното напредување на ориентализмот, ќе согледа дека развојот, надвор од локалните разлики, не беше постигнат и не заврши на ист начин во различни области на културата. Религијата најрано и најмногу зеде замав на Исток. Победата исто така беше целосна и во јазикот, па така античката уметност и наука не беа никогаш прифатени, иако повеќепати го оплодија Исток до доаѓањето на исламот.

Религиозната победа на Исток се објаснува со толерантниот дух на античките Грци, конфронтиран со тврдоглавоста на Ориентот во приврзаноста кон својата религија. Освен тоа, ориенталските религии имаа извесни квалитети кои ги привлекуваа оние антички Грци што беа незадоволни од својата религија, така што се повеќе навлегуваа во мислата и чувството на различниот источен свет, како што денес многу Европејци гледаат заштита во будизмот.

Најголем восхит предизвикаа големите ориенталски религии во идниот живот кој ветуваше целосна среќа во иднината на верниците, на секоја индивидуа, независно од неговата националност. На античките Грци отпорано им беа блиски ваквите идеи од орфичкото учење и од елеусијските мистерии, но сега ориенталските религии ги ставија на искушение и ги победија со силната пропаганда, која стануваше се’ порешавачка, како копнеж за сигурност во идниот живот развиен во долните класи, кои не можеа да најдат утеха во филозофијата.

Ова силно ориенталско движење не беше ограничено само во елинистичкиот Исток, туку триумфално мина низ Античка Грција и продолжи до Рим и на Запад. Божествената мајка на Мала Азија водеше по патот - Кибел, чиј оргијастичен култ беше воведен во Рим со послушност на еден сибилински пророк во текот на Ханибалската војна (204). Ако се пружеше прилика за ова, подоцнежните култови ќе дојдеа на запад во текот на главната експанзија што беше поткрепена од ориенталските трговци, кои се’ повеќе го посакуваа Запад, a насекаде ги изведуваа своите култови во религиозни групи.

Така египетските богови Ис и Осир втасаа на Запад, а новиот Бог Сарап, кој беше споредуван со различни богови и во вториот век на н.е. го прифатија под заеднички храм: со извикот „Сарап е еден" и неговата заслуга беше многу распространета во империјата. Сириските богови, Хадад и Атаргат станаа широко познати, онолку колку што сириските трговци ја прошируваа трговијата. Co боговите дојде и астрологијата, оригинален дел на старата вавилонска религија, но сега изградена во незаконска наука која претендираше да ја определи верата на секој поединец според соѕвездието на часот на неговото раѓање.

Берос, кој погоре е спомнат како историчар, се обиде да им го соопшти на античките Грци ова вавилонско учење, а откако во вториот век беше напишан канонскиот прирачник во Египет, астрологијата победоносно продолжи кон Запад. Като постариот ги извести своите сонародници за Калданците, кои во 139 година беа прогонети од Рим. Но, тие се вратија, па затоа на ист начин култот на Ис неколкупати безуспешно беше забрануван во Рим; на крајот несреќната фатална супериорност достигна до највисоките кругови, дури и до владателскиот трон и многу векови се задржа во Европа.

Тоа е знак за дезинтеграција на општеството денес, во кое ова суеверие повторно оживува. Подоцна дојде персискиот Митрас со своите мистерии, откако претрпе некои измени во Мала Азија, a co него дуалистичката доктрина на Заратустра. Овој Митраски култ, особено преку римската војска, се рашири се’ до Германија и Британија. Сите овие ориеиталски култови не само што беа ривали на римските државни богови, туку водеа и огорчена војна еден со друг.

На крајот сите тие беа поразени, заедно со боговите на римската држава, од новата христијанска религиЈа, која сите ги потисна во длабочината на своите цели. Борбата беше уште пожестока и се водеше уште посилно со ориенталските конкуренти отколку со боговите на римската држава, чија власт беше послаба од другите. Во основа христијанството беше ориенталска религија. Неговата победа доведе до зголемување на ориенталското влијание во светот; но во историјата на неговото ширење и внатрешниот развој, елинизмот уште еднаш одигра важна улога.

Уште еден доказ зборува за силата на елинизмот: оваа нова ориенталска религија го бараше античкиор јазик за своја пропаганда. Во овој антички заеднички јазик имаше книги за исповед на христијанството. Co ширењето на елинизмот во Мала Азија, каде што прво започна, на христијанската пропаганда и се отвори многу слободен пат. Освен тоа, внатрешниот развој на христијанската доктрина беше под влијание на фактот дека таа постепено навлегува во тесна врска со духот на античката грчка наука, така што може да се зборува за елинизација на христијанската доктрина.

al2alПојава на хеистијанството

Овде може да се покаже кон големите татковци на црквата, Клемент и Ориген од Александрија (втор и трет век на н.е.), кои во конфликт со непријателите на христијанството го позајмија интелектуалното оружје на античката наука и ја поставија основата на сродството со античката филозофија. Значи, во историјата на христијанството, стариот град на Александар Македонски повторно играше водечка улога. Центар за тоа беше христијанската Катехетичка школа, чие уредување беше под влијание на примерот на паганскиот Музеј, делото на Птолемеј I.

Времето на Ориген беше следено со политичка револуција, фатална за постоењето на елинизмот на Исток. Во 226 година владеењето на партијските Арсакиди беше урнато од Ардашир I (Артаксеркс) кој ја формира династијата на Сасанидите. Тој беше роднина со персиските династии, кои во Истакр, недалеку од Персепол, ја зачуваа својата независност под Селеукидите и Арсакидите и старата персиска традиција, a особено религијата на Заратустра.

Во новата Персиска империја на Сасанидите, која во почетокот беше насочена кон обнова на Ахеменидската империја, оваа персиска религија беше подигната на нпво на државна црква, а персиското национално чувство се зголеми, спротивно на арсакидната политика, до свесна непријателска реакција против елинизмот.

Co векови, прво Римјаните, а потоа Византијците, како претставници на грчко-римската и византиската култура, мораа да се борат со оваа персиска империја, се’ до средината на седмиот век кога таа подлегна на нападот на муслиманите и стана дел од империјата на калифите. Наспроти начелниот антагонизам, високата култура на Сасанидите не можеше сосема да го избегне античкото грчко влијание, како што тоа влијаеше и врз византиската култура.

al3alГрадот Алепо во Сируја

Дури и пред националната реакција на Сасанидите против елинизмот, Римјаните му зададоа смртен удар на источниот елинизам со срамното уништување на античкиот грчки град Селеукија на Тигар, што го изгореа до темел во 164 година во текот на војната кај Верус со Партијците. Co оваа голема несреќа античките Грци ја загубија тврдината зад реката Еуфрат. Античкиот грчки јазик имаше интенција да исчезне, а арамаичкиот, кој веќе имаше широка распространетост за време на Ахеменидите, се’ повеќе се ширеше.

И на други места, исто така, ориенталските јазици, кои никогаш не постоеја во земјата надвор од античките грчки градови, на крајот го истиснаа грчкиот. Во Сирија, арамаичкиот јазик беше толку силен во текот на целиот селеукиден период, што под империјата беше познат како сириски јазик и стана важен литературен јазик, кој можеше да се најде особено во службата на христијанските цркви, а кој исто така остави световни дела како што е Сириско-римскиот законик, од кој се гледа дека во Сирија, покрај римскиот, и античкиот закон имал свое место.

Губењето на елинизмот е означено со фактот што исчезнаа античките македонски имиња на градовите, а им се дадени старите домородни имиња. Така, Алепо и Ако ги зедоа своите стари имиња, a нивните елинистички имиња Берој и Птолемеј беа заборавени.

Продолжува

Пишува: СЛАВЕ КАТИН

 

На прво место

News image

Не отворањето истрага против Артан Груби ја покажува спрегата на ДУИ и СДС со правосудството

Македонскиот судско обвинителски систем во спрега со политиката од минатата владејачка гарнитура. ...

Историја

News image

Писма на грчките војници за масакрите извршени во Егејска Македонија во летото 1913 година

Елинската армија ги гори сите славофонски села и ги убива сите славофони што ќе  ги фати!

Култура и туризам

News image

Црско (Мало и Големо)

Од сите легенди и преданија за настанокот на селото и неговото име што се задржале во колективното п...

Фељтон

News image

Д-Р ЛЕФТЕР МАНЧЕ ПОЗНАТ МАКЕДОНЕЦ И ПРИЗНАТ ХИРУРГ (1)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА – ДЕЛ II.

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.