Среда, 03 Октомври 2018   
Јубилеј: 25 години Македонски телефонски именик

25 години „Македонска Трпеза“ во Сиднеј

Во организација на Редакцијата на Македонскиот телефонски именик, на 28 септември, во свечената сала “Conca D’Oro”, во Сиднеј, по јубилеен 25-ти пат се одржа традиционалната вечер  на македонските бизнисмени и професионалци, наречена „Македонска трпеза“.  Покрај многубројните гости, присутни на вечерата беа и многу преставници од општествените и културните организации на македонската заедница во Нов Јужен Велс и Канбера.

jubilej25-1

Присутните ги поздрави Претседателот на АВСТРАЛИСКО МАКЕДОНСКИОТ СОВЕТ за НЈВ, господинот Џошуа Шерман.

Вечерта, Редакцијата на Македонскиот телефонски именик ги додели највисоките признанија “ Македонско сонце“, за најдобри достигнувања во 2017 година.

Од областа на бизнисот наградата “ Македонско сонце “ за 2017 година, за натпросечни деловни резултати ја доби познатиот македонски бизнисмен  господинот Саше Петровски, сопственк на компанијата, „Smartline“  од Сиднеј. Покрај него номинирани за оваа висока награда беа: господинот Крсте Наумовски, сопстевеник на " Kn cleaning and maintenance", господинот  Тони Димитровски Џејмс, сопственик на Sabton & son  од Сиднеј и господата Тоде и Билјана Пеовски, сопственици на „Superior Paper“.

 “Македонското сонце“ за најдобри достигнувања во општествените дејности, образованието, културата и спортот, во 2017 година, го доби ­­­­­­­­­­­­­­­­­­­ Македонското Добротворно Здружение на НЈВ, од Порт Кембла, за  општествени дејности, а номинирани за ова признание беа и господинот Крис Каранфиловски, кореограф во КУД „Илинден“ од Сиднеј, КУД, „ИЛИНДЕН“ од Западен Сиднеј, како и КУД „Разиграна МАКЕДОНКА“ од Квинбијан.

Наградата за животно дело ја доби Господинот Златко Настевски од Сиднеј.

jubilej25-2

По повод дваесет и пет годишниот јубилеј, Македонскиот телефонски именик им подари кристални часовници со посвета на оние бизнисмени, кои што 25 години се рекламираат во Именикот.

 Забавата помина во пријатна и весела македонска атмосфера. Присутните ги забавуваа музичката група “Без име“, а во забавниот дел настапи и танчерката со битолско потекло, Магда.

 Македонскиот телефонски именик е книга за секој дом. Тоа е најиздавана македонска публикација во дијаспората. Македонскиот телефонски именик е гордост на македонската заедница во Австралија. Редакцијата на Македонскиот телефонски именик на сите Македонци им се заблагодарува на довербата со желби за понатамошна успешна соработка.

Жаклина Михајлова

 

Историја

News image

Писма на грчките војници за масакрите извршени во Егејска Македонија во летото 1913 година

Елинската армија ги гори сите славофонски села и ги убива сите славофони што ќе  ги фати!

Иселеници

News image

ОД ПРЕСПА ПРЕКУ БИТОЛА ДО ЛЕРИН ВО ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА (17)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

Фељтон

News image

СТИВ ПЉАКАС – ПРОМОТОР НА АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА (2)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА – ДЕЛ II

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.