Среда, 07 Ноември 2018   
Ѓорѓија Џорџ Атанасоски - најголемиот инвеститор од македонското иселеништво (18)

dzordz18-1

КОМПАНИЈАТА „МАЈКРОФЛЕКС“ ВО ОРМОНД БИИЧ, СОПСТВЕНОСТ НА ЈОСИФ И ЏОРЏ АТАНАСОСКИ

Компанијата „Мајкрофлекс“ АД (Microflex Inc) е во сопственост на браќата Јосиф и Џорџ Атанасоски.. Таа е основана во Њухејвн, Конектикат, во 1975 година, а де е а денес е во Ормонд Биич на Флорида. Таа е светски провајдер на висококвалитетни флексибилни метални производи за сервисирање на автомобилската и петрохемиската индустрија и индустриите за производство на електрична енергија. Компанијата „Мајкрофлекс“ е способна да дизајнира и произведува сопствена опрема за тестирање и да одржува цврсти, деловни односи со локалните лаборатории

Еден од најголемите индустриски капацитети во сопственост на нес ео Македонците во дијаспората, се разбира, е компанијата „Мајкрофлекс“ АД (Microflex Inc). Таа е во сопственост на браќата Јосиф и Џорџ Атанасоски од Ормонд Биич, Флорида. Оваа фабрика е основана во Њухејвн, Конектикат, во 1975 година. Оттогаш таа стана светски провајдер на висококвалитетни флексибилни метални производи за сервисирање на автомобилската и петрохемиската индустрија и индустриите за производство на електрична енергија.

Според пишаните документи, компанијата „Мајкрофлекс“ АД почнува да се релоцира од

Њухејвн во Ормонд Биич, Флорида, во 1980 година. Најпрвин, околу 30-ина хектари за идната градежна локација се купени во атрактивната Ормонд Биич. На почетокот не било лесно да се постават првите градежни темели, затоа што новиот производствен погон од 48.000 квадратни стапки (околу 4500 м2) се очекувало да биде завршен до 1984 година. Една година подоцна, „Мајкрофлекс“ АД доби сертификат и U Stamp од Американското здружение на машински инженери (ASME). По три години, во 1988 година, компанијата се вклучи во индустријата за автомобилски резервни делови со свои иновативни флексибилни, самосвиткувачки производи.

Бидејќи производството растеше постојано, во 1990 година менаџерите на фабриката одлучија да го прошират објектот со дополнителни 54.000 квадратни стапки (околу 5000 м2) заеднички производствен погон, а потоа компанијата доби и сертификат ISO 9001.

Во 1994 година фабриката е проширена со дополнителен производствен погон од 20.000

квадратни стапки (околу 2.000 м2). Напорната работа на раководниот тим на „Мајкрофлекс“ вроди големи резултати. Така, во 1999 година, компанијата го доби првиот голем договор за делови за автомобилски аусплуси од OEM; потоа, во 2002 година, го доби Европската PED сертификат (CE печат), како и првиот голем договор од OEM за компоненти на автомобилски систем на гориво.

dzordz18-2
Фабриката на Атанасовци „Мајкофлекс“ во Флорида

Во 2004 година таа ја инсталираше лаболаторијата за тестирање на бучава, вибрации и отпорност и за тестирање на материјали; потоа разви склопувачки дел за волани, а во 2007 година првичните планови и проекти се претворија во изградбата на нов производствен погон од 45.000 (4200 м2) квадратни стапки.

"Мајкрофлекс“ АД одржува систем за управување со животната средина за да го подобри

нејзиното управувањето и, во крајна линија, да го намали влијанието врз животната средина од своето работење, активности, производи и услуги. Во рамките на овој систем, таа е посветена на: Идентификува материјали, процеси, производи, како и отпад, коишто предизвикуваат или може да предизвикаат загадување. Таа спроведува мерки за одбегнување, намалување или контрола на загадувањето каде што е технички и економски одржливо.

Работи согласно со важечките федерални, државни и локални еколошки закони, прописи,

кодови на практика и други еколошки барања на кои „Мајкрофлекс“ е потписник. За да ја постигне и одржува таа усогласеност, компанијата развива и одржува системи за управување со цел идентификување на релевантни барања и поставување цели. Ги едуцира оние кои работат за или во корист на корпорацијата и воспоставува врски со своите добавувачи, изведувачи и клиенти каде тоа е применливо за да ги исполнува правните и други барања.

"Мајкрофлекс“ АД одржува Систем за управување со животната средина којшто ги зема предвид интересите на јавноста и на локалното население. Таа се грижи да се преземат мерки за намалување на отпадот во секој процес и тоа го смета за врвен приоритет со цел да се заштити животната средина во којашто живеат и работат вработените.

Врз основа на влезните податоци за дизајн на делот, инженерите на „Мајкрофлекс“ АД се

во состојба да дизајнираат дел по нарачка, што ќе одговара на специфичната примена. За да го направат ова, тие користат различни аналитички способности и насоки на самата компанија, како што се стандардите EJMA, 3D-моделирање, најмодерна нелинеарна анализа на конечни елементи и методологии за предвидување на животниот циклус. Сето ова може да се врши и на ниво на компонента и на ниво на систем.

Штом дизајнот на прототипот е завршен и откако почетните делови се направени, тие се подложуваат на почетно тестирање за потврдување и тоа може да наложи натамошни измени на дизајнот зависно од резултатите.

Иако компонентата може да изгледа како едноставен уред, тоа, всушност, е високо осмислена и конструирана компонента. На ниво на OEM, тоа не е дел што едноставно може да се купи без да биде специјално направен (иако, во некои случаи, постојните компоненти може да се користат за собирање на почетни податоци).

Кога се зема предвид високостресната средина во која ваквиот дел може да се употреби, тогаш изборот на материјалот, како и геометријата играат значајна улога во дизајнирање на делот, неговата функционалност и векот на траење.

Кај денешните мотори на брзи автомобили, температурата и вибрациите се главни фактори за дефект на делот. Вработените во "Мајкрофлекс“ се крајно свесни за овие стапици во дизајнот, па затоа и се стремат, заедно со клиентите, да дизајнираат дел што ќе ги истрпи овие тешки услови. Персоналот, исто така, е носител на патенти за неколку уникатни решенија за дизајн и се докажале дека се способни да обезбедат сигурни и функционални решенија за сечии потреби.

„Мајкрофлекс“ дизајнира и произведува повеќето од специјализираната опрема за производство во рамките на самата компанија, што на нејзините инженери им дава уникатно разбирање не само за овој процес на дизајнирање, туку, исто така, и за она што е потребно за да се произведе дел со највисок квалитет во многу големи количини.

Инженерите, исто така, имаат и личен интерес да бидат сигурни дека опремата е доволно цврста и интелигентно проектирана, така што корисниците нема да добијат ништо друго освен квалитетен дел испорачан до нивниот праг.

dzordz18-3
Производи на фабриката „Мајкрофлекс“

Во однос на производството, "Мајкрофлекс“ АД поседува цел арсенал од специјализирани алати, опрема за процесирање, опрема за тестирање на истекување и друга опрема за автоматизирани процеси. Процесите се движат од целосно автоматизирани за производство за големи количини до целосно рачни за мали серии со специјализирана изработка.

Инженерите на „Мајкрофлекс“ се повеќе од подготвени да обезбедат техничка поддршка

со цел да се анализира една посебна компоненти или цел систем. Анализата може да се направи на терен или на лице место во „Мајкрофлекс“, а нејзините инженери се добро обучени за многу техники за решавање на проблеми, како што се: модална анализа, опрема за термографија, FEA, тестирање на циклусите, анализа на дефекти и визуелна анализа. Со користење на резултатите од анализата и својата техничка експертиза, нејзините инженери може да помогнат во ре-дизајнирање на постојниот дел или во дизајнирање на комплетно нов дел за да се исполнат барањата на системот.

Компанијата „Мајкрофлекс“ е способна да дизајнира и произведува сопствена опрема за тестирање и да одржува цврсти, деловни односи со локалните лаборатории коишто поседуваат A2LA сертификати. Центрите во состав на „Мајкрофлекс“ за заварување и за ЦПУ обработка може да се користат за забрзување на анализата и на процесот за изработка на прототипови.

Ова се трите едноставни идеи коишто се заслужни што „Мајкрофлекс“ е лидер во индустријата од 1975 година.

1. Бидете иновативни во проектирањето - секогаш бидете отворени за нови искуства, охрабрете ја бистрата идеја и прифатете ги новите технологии.

2. Произведувајте со внимание - како занаетчии, и

3. Поддржувајте со увереност – бранете го клиентот, но застанете зад производот.

Како резултат на тоа, клиентите може да ѝ веруваат на „Мајкрофлекс“ дека е нивен комплетен провајдер за делови за автомобилски ауспуси, за претворање на гориво и за компоненти за волани.

Продолжува

slave-katin-nova2
Пишува; СЛАВЕ КАТИН

 

На прво место

News image

СДС тоне по рејтинг но се обидува да го спаси и заштити Груби

  СДС тоне по рејтинг но се обидува да го спаси и заштити Груби, СДС мисли дека ќе избега од п...

Историја

News image

Писма на грчките војници за масакрите извршени во Егејска Македонија во летото 1913 година

Елинската армија ги гори сите славофонски села и ги убива сите славофони што ќе  ги фати!

Иселеници

News image

ОД ПРЕСПА ПРЕКУ БИТОЛА ДО ЛЕРИН ВО ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА (17)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

Фељтон

News image

СТИВ ПЉАКАС – ПРОМОТОР НА АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА (2)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА – ДЕЛ II

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.