|
|
Во Албанија има вкупно 46 села со чисто етничко Македонско население |
Дебарско – Голо Брдско (север и југозападно од Дебар, наречен Дрим – Колски дел) со 22 села населени со македонци. Врница,Мало Острени,Големо Острени, Вичишта, Миреши, Владимерица, Ѓиновец, Студна, Забзун, Борово, Клење Којовец, Лешничани, Радоешта, Себишт, Стеблево, Требиште, Смолник, Тучепи. И помеѓу Маќелара и Пешкупеја има 3 Македонски села Горна Крчиште, Долна Крчиште и Ербеле.
Горија (североно – источно од Корча до Билишта и Трстеник на албанска и Грчка граница во правец на Костур) 1 село .Во Егејскот дел во Албанија има едно села Врник. Мала Преспа (на југ од Преспанското Езеро) 9 села. Во Мала Преспа се следните села Туминец, Горна Горица, Долна Горица, Глобочани, Шулин, Пустец, Леска, Зрноско и Церје. Гора (северно – источно од Кукс) 9 села Оршек, Цернолево, Борје, Оргоста, Запод, Кошаришта, Ново Село, Оруша, Пашиѓа. Освен селата Македонците ги има и концетрирани и во нај големите градови во Република Албанија. Во Тирана првите миграци на Македонците од Голо Брдо, Мала Преспа, Гора, Река, Струшко – Охриско се од првата светска војна 1915-1917 година. Потоа 1923,1929,1939 и нај големата миграција од етничките региони кон по големите градови е во периодот 1949 до 1960 година. Иста ситуациај е и во другите по големи градови, Елбасан, Драч, Корча, Билишта, Подградец, Скадар, Либражд, Валона, Фиер, Патос. Македонците во Тирана се концетрирани претежно во седум региони на градот. |