Среда, 30 Јуни 2021   
ПОЗНАТИ ЛИЧНОСТИ ВО ИСЕЛЕНИШТВОТО (5)

1kan 1kan1ТАНАС ЈОВАНОВСКИ – ГРАДИТЕЛОТ НА ВЕСНИКОТ „МАКЕДОНИЈА“ ВО ТОРОНТО 

Танас Јовановски е познат во Торонто како Македонец, кој во период од околу педесет години дал голем придонес во македонската заедница. Тој е градителот на весникот „Македонија“ и општественик кој повеќе децении активно е вклучен во повеќе македонски организации и во медиуми, каде несебично работи за доброто на Македонците во Торонто и пошироко. Долги години тој е активен во Македонската православна црква „Свети Климент Охридски“ во Литературното друштво „Браќа Миладиновци“ и во „Брајчинското друштво“.

Танас Јовановски роден е во печалбарското село Брајчино во Долна Преспа, кое е едно од најубавите локации во преспанскиот регион. Се наоѓа под југозападниот срт на Баба Планина, каде што се дели со атарите на селото Бистрица, Битола и со државната граница на јузниот сосед. Ова прекрасно село се наоѓа на надморска височина од 1000 метри. Тоа е сместено на крајниот југоисточен дел на Општината Ресен, од која е оддалечено 32 километра, и е распространето од двете страни на Брајчинска Река.

Тој е роден на  24 јануари 1941 година во големо семејство од 16-17 членови, во тоа време бил најмал во семејството и како што вели , најразгален помеѓу  4-те деца од кои , две сестри и еден брат. Основното образование го завршил во родното Брајчино, во училиштето „Даме Груев“ а Осумгодишното училиште во првото училиѓте на македонски јазик во Преспа „Димитар Влахов“ во Љубојно. По завршувањето на основното образование  се запишал во Средното техничко шумарско училиште во Кавадарци, за своето образование да го продлжи на Вишата земјоделска школа во Битола. По завршувањето извесно време рааботи во Дирекцијата за шумарство во Ресен, како  технички раководител во Долна Преспа.

Набрзо доаѓа време и за служење на воениот рок, по што како и многумина млади Македонци од повеќечлени семејства во Македонија својата среќа ја побарал надвор од границите на Македонија упатувајќи се  во Франција преку Велес со познатиот воз Ориент Експрес, кој го одвел во градот на светлината Париз. Новиот живот во Франција отворил нови видици и предизвици во животот на Јовановски, кадешто за 10-те  месеци престој отпочнал да работи во познатата фабрика за автомобили „Цитроен Моторс“, а како и многумина млади во вечерните часови  на прочуената  Сорбона узучувал француски јазик.

За тоа време одржувал блиски врски со брата си Богоја во Канада и со братучед му Јонче -Џани  на чиј што наговор се доселува во Торонто, Канада.

Признание за весникот „Македонија“ од претседателот Ѓорѓе Иванов

Со доаѓањето во Канада во декември 1967 година  најпрво започнал со изучување на англиски јазик, а кога увидел дека многу поважни во тоа време се егзистенцијалните работи, отпочнал сам да го изучува англискиот јазик што му помогнало во рекордно време да стане менаџер на една од синџирот продавници кои во тоа време ги имало околу 700 во Онтарио   (Бекерс Милк компани).Во овој гигант работел во периодот од 1972-1977 година.

Престојот во Македонија во 1973 ќе  биде пресуден да ја сретне љубовта на својот живот со која и се оженил набрзо потоа убавата  велешанка Љубенка Јовановска со која изродуваат три деца, синот Стојан и ќерките Линда и Дајана.

Според сеќавањата на Јовановски, Македонската заедница во тоа време била многу поделена, бидејќи големо влијание имала тогашната  УДБА што и самиот  искусил на свој грб, затоа што често доаѓале  луѓе да разговараат со него.

Причина за тоа било неговото членство во ОКМ (Ослободителен Комитет на Македонија) што подоцна се преименувало во МНОД (Македонско национално ослободително движење), чија цел била отцепување на Македонија од Југославија затоа што сметале дека самостојно ќе се избори  за целокупна Македонија.

Во движењето кое отпочнало во 1971 година  членувале Македонци од сите делови на Македонија, а дел од активностите биле  лепење на постери со пропаганден материјал пред се’ по грчки продавници повикувајќи ги Грците да си одат од Егејска Македонија, слични акции биле спроведувани и кај бугарски објекти, а како што вели г-ин Танас Јовановски организирале и простести..

 Оваа македонска партија за првпат на улицата „Спадајна“ пред Југословенскиот конзулат организирала протест со повик за ослободување на тројца затворени Македонци кои органзирале  ВМРО во Македонија.

Честопати во Канада кај своите истомисленици доаѓал и Драган Богдановски кој бил добар соработник со канадската  ОКМ.

Во текот на тие години вели Јовановски, комуната беше силна, а со распаѓањето на Југославија се распадна и комунистичкото влијание...Сепак за голема жал констатирам дека во овие моменти во Македонија е полошо од комунистичкото влијание во Југославија, сега е поголема поделеноста, сега кога  создадовме наша држава, во тоа време барем напредувавме, а сега  се’  повеќе се работи на рушење на нашата држава - со тага во гласот вели Танас Јовановски.

1kan2

Љубенка и Танас

Во почетокот на  80-десеттие години од минатиот век Здружението на децата бегалци почна да издава редовен-месечен   македонски весник. Набргу потоа од повеќе причини весникот згасна. Со тоа згасна и пишаниот македонски збор на канадските простори. Набргу потоа,  со идејна поткрепа од мојот пријател Сохаил Актар кој веќе беше издавач и уредник на весник на арабски јазик, а ми се придружи и Горнан Јовановски, во ноември 1984 година излезе првиот број на денешна “Македонија“. Покасно, поради бизнис обврски Горнан Јовановски се повлече од партнерството во весникот., не информира Јовановски.

Инаку, Танас Јовановски вели дека  весникот „Македонија“ почна да излегува на најпримитивен начин: со обична (не електирчна) писачка машина каква не верува дека може денес да се најде или види.Секој од денешните читатели можат да ги разберат сите потешкотии со кој се соочуваше весникот и Танас како уредник на истиот. Покасно, Мери Димитриу му помогнала да набави машина за пишување (електроник композер) со извесна меморија по многу пристапна цена, со што делумно му се олесни уредувањето на весникот. Пет години по излегувањето на весникот благодарение на донациите од читателите и пријателите на весникот, “Македонија“, Танас го набавив  првиот компјутер кој за да пишува на македонски го оспособил синот на Ѓорги Кизовски. Со тоа уредувањето на весникот било во голема мера олеснето.

За своите активности во македонската заедница Танас изјави: „Ја ценам улогата на црквата и отсекогаш сум имал желба да помогнал и со работна рака и жалам што долги години немав време да оддвојам, презафатен со фамилија, малечки деца, работа, но кога се пензионирав  доброволно работев со најнапред со претседателот на црковната управа на Св. Клиемнт Охридски Сашо Поповски, потоа во управата со денешниот претседател на црквата Св. Климент Охридски во Торонто Владе Димитриевски кога ја извршував улогата на  секретар во управата. Работењето на весникот одземаше време затоа.... И ден денес горам од желба со своите деца и четирите внучиња да ги посетувам нашите прекрасни македонски православни цркви“- вели Јовановски.

1kan3Македонци во Торонто

   Благодарение на помошта од поединци, читатели и спонзори, и секако  на новиот уредник Соња Лозановска која жртвува и време и пари весникот продолжува да излегува и тој е убеден дека ќе излегува не само во наредните години, туку и децении. Не смее да се заборави дека пишаниот збор е вечен. Се пишувало и пред десет години но и пред десет илјади години. Два примероци од овој весник секој месец  почнувајќи од првиот број се испраќаат во Националната библиотека на Канада каде едниот е архивски, додека другиот е достапен за читатели и истражувачи.

Танас, меѓу другото, вели: „Колку ќе бевме посреќни ако нашето македонско општество во изминатите векови не живееше во мрак, без македонски училишта, без македонско писмо. Посебно ние овде  во Канада. Никој не може да ме убеди дека ние овде ќе го зачуваме нашиот идентитет како Македонци. Не зборувам за нас. Зборувам за идните генерации. Порано или подоцна асимилацијата ќе го стори своето. Но за нас ќе биде успех ако успееме што подолго  да ги зачуваме нашите идентитески корени. Верувам дека еден од тие белези, најзначајниот ќе биде токму пишаниот збор“.

Во разговорот ги потенцира некои моменти од издавачката дејност во втремето кога тој го уредуваше весникот, а денес се меморијално свежи: Како резултат на пишувањата на неговиот братучед писателот  Мето Јовановски  во весник „Македонија“ било формирањето на македонските движења или комитети за човечки права, прво во Австралија, а потоа во Канада, објавувањето на тајниот грчки полициски извештај украден од грчките архиви, објавувањето на Букурешкиот договор во југословенско време и секако следното: Македонскиот комитет за човечки права од Канада во 1987 година испрати делагација предводена од адвокатот Вилиам Поповски во Страбур каде го покрена прашањео за малцинските етнички права.

Попоски по враќањето поднесе извештај кој весникот „Македонија“ го објави интегрално. Го објави и „Нова Македонија“ после 7-8 месеци. Набргу потоа тогашниот претседател на Македонија Драгољуб Ставрев при посета на Канада побара од Танас да го запознае со Поповски. На средбата Ставрев на Поповски му понуди дека ќе му ги даде клучевите од која сака архива во Македонија да оди и да истражува. Ова сеуште беше југословенско време, удбашко. Ова  беше време кога за прв пат Македонци по редовен, легален пат побараа права за македонските национални малцинства во Грција, Бугарија и Албанија.

 1slave 1 Пишува: СЛАВЕ КАТИН

 

На прво место

News image

ВМРО– ДПМНЕ и претседателот Мицкоски со убедлива поддршка од граѓаните

ВМРО– ДПМНЕ и претседателот Мицкоски со убедлива поддршка од граѓаните, полицијата на терен во Ара...

Историја

News image

Писма на грчките војници за масакрите извршени во Егејска Македонија во летото 1913 година

Елинската армија ги гори сите славофонски села и ги убива сите славофони што ќе  ги фати!

Иселеници

News image

ОД ПРЕСПА ПРЕКУ БИТОЛА ДО ЛЕРИН ВО ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА (17)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

Фељтон

News image

СТИВ ПЉАКАС – ПРОМОТОР НА АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА (2)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА – ДЕЛ II

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.