|
|
За Гордана Димовска МАКЕДОНИЈА е живот светост, иднина, верба, надеж,причина и повод за напред |
За Гордана Димовска МАКЕДОНИЈА е живот светост, иднина, верба, надеж,причина и повод за напред На 5 декември 2024 година во просториите на библиотеката во Мил Парк, Македонското литературно друштво Кочо Рацин од Мелбурн одржа промоција на книгата “За хероината Гордана Димовска“ - По стапките на Гоце, Јане, даме од Гордана Такец од Битола.
Промотор во Мелбурн, беше драмската актерка Дона Димовски Кантаровски која рече: Ми претставува чест и задоволство да ве воведам во убавините на книгата која верувам ќе ви остави силен впечаток. Оваа книга е многу значајна за нас Македонците во светот, и е за пофалба тоа што Гордана Такец испиша роман за да не се заборават добрите дела и активности, да служи како инспирација на наредните генерации. Книгата има 244 страници на кои Гордана Такец умешно испиша зборови како ѓердани, кои го украсуваат делото за Гордана Димовска. Пред да го започне првото поглавје таа пишува: Да се биде жена е голема привилегија затоа што ако си жена ти си се на оваа планета. Несебичната љубов, копнеж кон родот свој, болка и тага за родната грутка таа голема и силно изразена македонштина ја открив, е нешто кое Гордана Такец го забележа и реши да го претвори во роман за Гордана Димовска. Гордана Такец е неуморен творец која доследно го продолжува патот на нејзиниот татко Димитар Димитриевски – Такец – кој остави бесценети дела за Битола. Понатаму во книгата се вели: Гордана Димовска е еден чудесен лик но во исто време , личност со апсолутна едноставност, таа е публицист, поет, писател , уметник, таа е феномен за кој е сосема заслужна самата со се она што го работи, Таа твори и живее, Таа живее и твори, Таа е една од ретките уметници која трпеливо ја гради својата пирамида, камен по камен, издигнувајќи се до височините. Со својата долгогодишна работа таа остава значаен белег на самиот извор од каде започнува нејзиното патување низ поезијата и прозата. Во сите стихови и прозни записи преточена е мудроста на животот, слабостите на човекот, освестувањето на младоста, стожерот на постоењето. Работи водена од своите идеи кои умее успешно да ги реализира. Романот за Гордана Димовска е дело во кое ликот и нејзината креативност се запишани низ камерата на моето око и онака,како што јас ја доживувам како човек, уметник, поборник за заштита и опстој на македонскиот јазик и се што е македонско. За Гордана Димовска МАКЕДОНИЈА е живот светост, иднина, верба, надеж,причина и повод за напред. Таа компонента на нејзиниот лик силно влијаеше на авторката на книгата Гордана Такец и беше пресудно да почне да ја пишува книгата. Гордана Такец вели дека хероината во романот ја доживува како следбеник на делата на Гоце,Јане,Питу...и е горда на неа и на себе што умееше да ги согледа сите квалитети кои беа инспирација да напише роман за една толку силна жена. Таа е претставник на генерацијата автори со истакнат и признат стил, и единствена во мноштвото поети и писатели која се истакнува низ сопствениот личен начин на кој го преобразува прозниот и поетскиот простор во нашата книжевност.Таа на еден мошне самобитен начин со стил на докажан лиричар го оформува и толкува светот. Стиховите ги гради како чекори низ животните состојби, непосредно произлезени од реалноста. На почетокот се изрецитираа две поеми од младите членови на МЛД Кочо Рацин, Коста и Јован Дамјановски. Роза Трајковска прочита поздравно писмо и биографија од авторката Гордана Такец кои беа поздравени со аплаузи. |