|
|
Формирање на Поткомитет за Македонски Човекови права во Западна Австралија во 1989 година |
Преку работата на ТНМРО во Западна Австралија, кога група ,Деца бегалци, заминаа за Македонија, каде се одржуваше прославата по повод 40-годишнината од егзодусот на децата бегалци во 1948 година, го задолживме Крсто Шкодров да разговара со Драган Богдановски. Покрај другото, прашанјето до Драган беше: дали Михаил Шариновски-Солунски можеме да го примиме во Движенјето во Западна Австралија. Тогаш ние планиравме да формираме Поткомитет за Македонски Човекови Права, како огранок на Комитетот за Човекови Права од Солун. Крсто Шкодров во Крушево, на Мечкин Камен, на Илинден 1988 година, се сретнал со Драган Богдановски, кој штотуку излегол од робија од Идризово. Во тој разговор Богдановски се изјаснил дека Солунски можеме да го примиме во нашите редови. Значи, во случајот со Солунски, но и со други поединци, немав писмена документација со која би била потврдена некоја нивна позитивна или негативна дејност. Во принцип сум за простуванје на минатите грешки. Со простуванјето едни со други (посебно постарите активисти на движенјето) мислев дека кје можеме да се собериме околу личноста на Драган Богдановски, со што можевме да сметаме на создаванје силна национална партија, токму таква каква што му требаше на македонскиот народ, а тоа беше токму ДПМНЕ. Во мојот разговор со Солунски, тој истакна дека на Драган Богдановски му испратил еднаш сто, а потоа уште двесте долари, со кои сакал да ја помогне партијата. Тој ми кажа и дека собрал десет илјади австралиски долари, од кои, тој лично дал шест илјади. Солунски ги дал овие долари на некој Македонец, по име Исајковски, кој, наместо да ги потроши за делото, со тие пари купил ресторан. Солунски предлагаше наши лугје од Движенјето да му побараат на Исајковски да врати сто илјади долари, затоа што сега толку чинел ресторанот, а парите да се дадат на ДПМНЕ. Солунски дури предложи за ова и писмено да го извести Драган Богдановски. Михаил Шариновски - Солунски ми ги изнесе неговите заслуги за Движенјето.Ми кажа дека бил секретар на ДООМ во 1974 година. Понатаму, со двајца млади Македонци од егејска Македонија (Воденско и Леринско), кои работеле за ДООМ, создал огранок на ДООМ под името “Вичо планина”. Ме потсети дека тој го оформил Комитетот за Македонски Човекови Права. Тој мислел дека името ДООМ треба да се напушти затоа што револуционерното име на оваа организација можело да биде пречка за омасовуванје на Движенјето, на што посебно кје се спротивставиле грчката и југословенската тајна полиција. Во тоа време добил известуванје дека двајца Македонци , кои живееле во Австралија (Мелбурн) и кои се викале: Героги Велов и Васил (Вик) Димитри зборувале за формиранје на Комитет за Македонски Човекови Права. Шариновски требало да провери кои се тие лугје. Првата информација што ја добил од Србинов, била дека тие биле гркомани. Понатаму, Шариновски ми кажа дека успеал некои од децата бегалци да ги поврзе со некој Димо, кој бил главен на УДБ-а во Битола, од кого побарале согласност да формираат Централен Комитет за Македонските Човекови Права во Солун. Така, тој мислел дека Димо од Битола кје помогне врз основите на ДООМ да биде формирана нова организација во егејска Македонија, која кје биде со поумерени и поприфатливи баранја. Ако организацијата се борела само за човекови права, тогаш и СР Македонија кје пружила помош. Понатаму, тој ме извести дека бил свикан нов состанок во Скопје, каде Стево од егејска Македонија, бил главен на претседателската функција на новоформираниот ЦК за МЧП. На состанокот во Скопје, Стево наеднаш неразумно побарал големо количество на оружје од Димо. Поради тоа, Димо издејствувал забрана Стево да влегува во СР Македонија. Солунски потоа му се јавил на Вик Димитри и го поврзал со Николовски, кој бил југословенски конзул во Сиднеј, а кој бил секретар во Матицата на иселениците на Македонија. Членовите на ЦК на МЧП од Солун, пред да купат печатница, добиле подготвени материјали од Георги Велов и од Вик Димитри. Со нивното печатенје добиле инструкции да ги шират по сите конзуларни претставништва во Грција и во светот. Солунски напишал писмо до активистите во егејска Македонија и му го дал на Вик Димитри за да им го испрати. Во писмото тој напишал дека тие избрзале со отворанјето на ЦК за МЧП во Солун. Понатаму, Солунски на Стево му дал машина за печатенје,која Стево ја однел во егејска Македонија. Таму отпечатиле три броја на “Македонска нација”. Материјалите за овие три броја ги приготвил Солунски под измисленото име Михаил Горноселски. Солунски продолжи дека во 1985-1986 година,во Мелбурн почнало да излегува списание како орган на ЦК на МЧП, со ново име: Поткомитет за МЧП од Мелбурн. Тогаш Солунски му кажал на Вик Димитри дека го продале македонството и го излажале народот. Солунски ми кажа дека во 1982 година, се сретнал со секретарот на Европската Заедница, одговорен за човекови права, преку внукот на Гоце Делчев (Митко Делчев), кој бил избран во некоја германска партија. Тој му рекол дека терминот “револуционерна организација” пречи, поради што, дошол до идеја организацијата да се преименува во Комитет за Македонски Човекови Права. Јанко ТОМОВ, 1990 година ( Земено од книгата: Поткрепа од убавиот Перт, 2000 година, Австралија) |