|
|
Интервју со Тони Грчевски - Македонец од Белград |
Тони Грчевски е млад човек, роден во Белград, Србија каде што и моментално живее. Неговите родители по потекло се од струшко, а тој иако живее вон границите на Македонија сепак овде ја има отслужено воената служба, нешто за кое што вели дека му претставува најголем успех во животот. Тој е активен член на Македонското здружение „Македониум“ од Белград, а за неговата ангажираност околу промоцијата на Македонија и ширењето на македонскиот дух, тој во 2010 и во 2011 година беше нивен кандидат за наградата најдобар промотор на Македонија, дел од проектот „Macedonia Loves You“. Неодамна во Србија беше основана и Македонска партија во која што Тони Грчевски е член на иницијативниот одбор. Во врска со неговите активности, тој вели дека и кога уште еднаш би се родил, повторно за Македонија би го правел она што сега го прави, затоа што должност на секој еден Македонец е да ја брани татковината. Во продолжение за животот на нашите сонародници во Република Србија прочитајте во интервјуто кое што го направивме со него.
Сега е многу подобро за разлика од 2000 година, кога бевме нарекувани Јужносрбијанци, а Република Македонија не беше признаена под нејзиното уставно име. Организирани сме преку Националниот совет на Македонците и во негови рамки има околу 30 здруженија на Македонци од цела Србија, од Врање па до Суботица. Според последниот попис од 2002 година во Србија живеат околу 25 000 Македонци, а нивниот неофицијален број според проценката на OEBS е 200 000 - 250 000. За жал голем број на тукашни Македонци се изјаснуваат како Југословени, Срби или пак воопшто не се изјаснуваат. Главно со кои проблеми се соочуваат Македонците во Република Србија? Пред се` со вработувањата. Кога има понуди за вработување без оглед на тоа дали во државна или пак во приватна компанија предност им се дава на Србите. А и ние, Македонците во Србија, не се помагаме доволно. Еве сега овде постои и Македонска бизнис асоцијација, но јас сепак останувам скептичен дека работата во таа насока ќе се промени кон подобро. Каков беше животот на Македонците во Република Србија за време владеењето на Милошевиќ? Додека траеше бомбардирањето на С.Р. Југославија имав една непријатна случка со мој сосед, член на Српската радикална партија, кој ми се закани со убиство на сите Македонци. Причината за тоа беше, бидејќи Република Македонија дозволи авиони на НАТО да прелетуваат низ македонскиот воздушен простор. Беше лудо време, но од почетокот на демократските промени работите се променија кон подобро. Сепак сметам дека Македонците во Србија ги немаат правата кои ги имаат Србите во Македонија. Ќе продолжиме да ја негуваме нашата Македонска култура, историја и традиција. Но пред се` мораме национално да ги разбудиме оние млади Македонци кои избегнуваат да го користат Македонскиот јазик и нерадо зборуваат за нивното Македонско потекло. Тоа треба да ни биде приоритет. ![]() Александар Стеванов |