Среда, 22 Февруари 2023   
На рускиот државен советник, Хитрово, до началникот на штабот на активната армија, за учеството на Ѓорѓија Пулевски, Иљо Малешевски, браќата Поп Георгиеви и други македонци во Руско-турската војна и во Кресненското востание

san_stefano(Санстефано, 15  април 1878 година)

(Михаил Александрович Хитрово  бил првиот руски конзул во Битола, член на Санкт Петербуршкиот словенски  комитет и  добар познавач на Македонија и Македонците, н.б.)

„...Така четата на Ѓорѓија Пулевски во текот на дваипол месеца ја обезбедуваше месноста Тројански Колиби, во секојдневни судири со групи башибозуци, а понекогаш и со регуларните војски... Овие чети, а исто така и четата на Пулевски што потоа се приклучи кон нив, учес-твуваа во сите битки што го обележија славниот премин на нашите вој-ски преку Стара Планина. Во тешките операции на влечењето на тешките топови по планините особено се истакнаа четите на војводите Иљо Марков (Малешевски, н.б.) и Георги Антонов (познат како”капетан Ѓорѓија”, родум с. Бели, кочанско, учесник во Кресненското востание, н.б.), за кое последниов беше веќе награден со одликувањето Воен одред од 4 степен. Сега г-а Гурко (Јосиф Владимирович Гурко, руски генерал-аѓутант, а подоцна и генерал-фелдмаршал, н.б.) предлага да се награди тој, Антонов, со одликувањето Воен орден од 3 степен, а војводата Иљо Марков со 4 степен.

Кон крајот на војната сите чети се собраа во Радомир и оттука заедно со нашите војски влегоа во Ќустендил... Од Ќустендил тие беа испратени во разни пунктови за обезоружување на башибозуците и за заштита на мирните жители. Значителна експедиција тие презедоа во Пијанец, каде што ним им се придружија вооружените групи на браќата Поп Георгиеви (Димитар, Костадин и Иван Поп Георгиеви од Берово, ор-ганизатори на Разловечкото и на Кресненското востание, н.б.) коишто беше го вооружале населението од Малешево уште далеку пред појавувањето на нашите војски во краиштата на Македонија.

Сега останките од четите собрани во Ќустендил бројат до 120 коњаници и заедно со лето на браќата Поп Георгиеви и другите вооружени жители до 700 пешаци...

...Од бројот на именуваните во овој извештај четоводци, војводата Иљо Марков ми предаде свидетелство со следнава содржина:

“Доносителот на ова четниот началник Иљо Марков, заедно со нему потчинетите четни началници Димитрија Трифонов и Георгија Пулевски, од 1 јануари 1878 година до склучувањето на мирот се наоѓаше при одредот што ми е мене доверен, дејствувајќи од страните и напред; беше во допир со непријателот ...Во времето на судирите на доверениот одред со непријателот заземаше активно учество во битките, наоѓајќи се секогаш во првата линија. По заземањето на г. Ќустендил од доверениот одред, тој со нему потчинетите чети ги обезбедуваше мирните жители од околните села од насилства на малите групи башибозуци.

Притоа треба да се додаде дека во целото време додека се наоѓаше со четите при доверениот одред не правеше никакви насилства врз мирните жители, како христијаните така и муслиманите. Тоа со потписот и со печатот го потврдувам.

 

14 март 1878 година

г. Ќустендил Началник на одредот на 4-иот улански хар-ковски полк на Н.И.В. Великата кнегиња Александра Петровна, потполковник  Задар-новски” (потпис)

 

...Јас сум задолжен со тоа спрема исклучително големата активност на од мене доведените од Србија и Романија први четоводци - Македоњани и посебно спрема ревноста и организациската способност на Стојан Везенков (учесник во Руско-турската и Српско-турската војна, затворан и мачен од Турците, умрел како емигрант во Одеса  1897 година, н.б.) што се наоѓаше кај мене во својство на агент за врбување нови доброволци. Сите такви задачи Везенков ги исполнуваше со вонреден такт и самопожртвуваност, зашто не толку одамна се извлекол од турскиот затвор, каде што поминал 18 месеци во окови под политичко обвинение... Везенков постојано ми доставуваше воени и други податоци што јас своевремено ја имав честа да му ги предадам на Вашето Високо-превасходство...

 

...Затоа предлагам:

на Стојан Везенков, Иљо Марков, Цеко (Цветко) Петков (стар бугарски војвода, н.б.) Димитрија Трифонов (Цветков, од с. Лабуништа, Струшко, учесник во Кресненското востание како командант на коњицата, н.б.), Ѓорѓија Пулевски, Григорија Огненов (родум од Галичник, соборец на Пулевски во Кресненското востание, н.б.) и Иванчо Роби (Робев, војвода и учесник во Кресненското востание, н.б.) - одликувања со Воениот орден од 4-ти степен; на Георги Антонов пак 3-ти степен, бидејќи тој веќе го има 4-тиот.

 

Дејствителен државен советник Хитрово”

 

Блаже Ристовски, Портрети и процеси, 1, Култура, Скопје 1989, стр. 262-264;

 

На прво место

News image

ВМРО– ДПМНЕ и претседателот Мицкоски со убедлива поддршка од граѓаните

ВМРО– ДПМНЕ и претседателот Мицкоски со убедлива поддршка од граѓаните, полицијата на терен во Ара...

Историја

News image

Писма на грчките војници за масакрите извршени во Егејска Македонија во летото 1913 година

Елинската армија ги гори сите славофонски села и ги убива сите славофони што ќе  ги фати!

Иселеници

News image

ОД ПРЕСПА ПРЕКУ БИТОЛА ДО ЛЕРИН ВО ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА (17)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

Фељтон

News image

СТИВ ПЉАКАС – ПРОМОТОР НА АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА (2)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА – ДЕЛ II

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.