|
|
Владата несмее да дозволи неколку криминалци да ја дестабилизираат земјата |
Владата предводена од Премиерот Христијан Мицкоски несмее да дозволи неколку криминалци да ја дестабилизираат земјата за да ја спасат својата кожа. Поединци од сегашната опозиција, се користат со секакви сценарија за да се вратат на власт, па и по цена на дестабилизација на земјата само за да избегнат одговорност. Настаните на славењето на Денот на албанското знаме, кога само поради професионалноста на полицијата е избегнат судир со масата, потврдува во каков очај се наоѓа опозицијата. Зарем СДС и ДУИ мислат дека можат повторно да го повлечат народот во некаква нова шарена револуција? Зарем мислат дека народот заборавил на штетите кои ги направија во последните седум години додека беа на власт? Зарем мислат дека народот ќе заборави на катастрофалните грешки кои ги направија на економски и национален план, на понижувањата кои им ги приредија на македонскиот народ и држава? Додека СДС и ДУИ за време на своето владеење гледаа за својот бизнис интерес, денес коалицијата предводена од ВМРО ДПМНЕ работи во интерес на граѓаните и државата. Времето на предавста заради лични интереси заврши. Тоа на опозицијата многу им смета и прават секакви напори да ја девалвираат власта. Неаргументираните напади кон премиерот Мицковски се секојдневни. Дури се смешни нивните обиди да ја критикуваат и обвинат сегашната власт за работи кои се последици од нивното претходно владеење. Народот гледа и памети за однесувањето на челниците на СДС и ДУИ. Поради ваквото однесување СДС и ДУИ се на пат да исчезнат како партии, да станат соросоидни здруженија на граѓани. Фокусот на народот сега е насочен кон оние партии кои не само што ветуваат туку и остваруваат во интерес на граѓаните и државата. Воопшто не е едноставно да управуваш, кога сите сегменти од општествениот живот се еродирани. Сепак, разликите помеѓу владеењето на коалиционата власт ВМРО ДПМНЕ, Вреди и ЗНАМ и претходната Влада предводена од коалицијата СДС и ДУИ е неспоредлива. Во седумгодишното недомаќинско и криминално владеење на СДС и ДУИ беа најмногу ангажирани за да го сменат името и идентитетот на македонскиот народ, како и да си ги наполнат бисагите, со што ја доведоа македонската држава на работ на амбисот. За нецели шест месеци реализираните работи укажуваат дека оваа влада и покрај сите потешкотии, ќе продолжи да работи во интерес на државата и народот, а не на поединци. Сепак на Македонија и е потребна опозиција како коректор на власта. На Македонија и е потребна опозиција која е спремна да соработува со актуелната власт по виталните национални и државни интереси и кои би дале свој придонес да се забрза почетокот за преговори со ЕУ, без распродажба на националните интереи и би помогнале да се спречи одливот на мозоци од државата. На Македонија и е потребна опозиција која ќе помогне да се направи Македонија успешна и економски силна, која ќе помага да се спречи иселувањето на нашите синови, ќерки и внуци, опозиција која сака да ја види Македонија горда и силна. Коалцијата предводена од ВМРО ДПМНЕ ја подава својата рака и бара поддршка со цел што побргу да се реализира ветеното, Македонија да биде повторно горда. Затоа е потребно опозициските партии да се прочистат од корумпираните и криминални поединци и конечно да престанат со нивните обиди за дестабилизација на државата. Кај СДС ништо не се промени па дури и сега, новото раководство е само продолжена рака на Заев, а за промени во редовите на ДУИ нема ниту збор. Одговорноста е нивна да изберат што е најдобро, не само за нив туку и за Македонија. |