Среда, 02 Ноември 2011   
Македонски листи на изборите во 1923 г.

salonika
Салоника

Од бројните македонски револуционерни борци со перо в рака, Арсениј Јовков (1882 –1924) заслужува посебно место. Тој е еден од оние македонски револуционерни литерати кои ги бранеше изворните принципи на самостојноста на македонското дело. Неговата политичка борба ќе продолжи заедно со преостанатите борци на левицата веднаш по Првата светска војна. Јовков се вклучува прво во Обединетата левица на ВМРО, на чие чело е Ѓорче Петров, а по неговото убиство, Јовков ќе застане на чело на обединувањето на борбените сили на Македонците.

Околу 1900 година, уште како како ученик во Битолската гимназија, речиси истовремено со својот соселанец, Војдан Чернодрински, станува вљубеник во поезијата. Неговата зависност од поетскиот убав збор ја прекинува Илинденското востание – 1903, каде зема активно учество како секретар на реонската чета на Охридско-малесискиот војвода Тасе Христов. Страдањата на народот за време на востанието ќе остават траен белег кој ќе ја инспирира неговата поетска душа.

По востанието, Јовков како емигрант го започнува својот журналистички пат во Софија, а  како литерат се пројавува кон дваесетите години на минатиот век. Во 1921 година тој е еден од раководителите на Илинденската организација и е главен редактор на весникот „Илинден“, а потоа на весниците  „Пирин“ и „20 јули“. Тој е најавтентичниот литературен глас на Илинден 1903 – та, кој по 1923 година застанува на страната на македонската левица.

Иако за делото на Арсение Јовков е малку пишувано, неговото значење за македонската револуционерна борба е огромно. Неговите анализи за суштината на македонската борба, начините како да се дојде до толку посакуваната слобода и денес се значајни. Тој бара да се збијат македонските редови, како дома така и емиграцијата и да се започне парламентарна борба, зошто парламентот е вистинското место каде треба да се изборат правата на Македонците. Затоа има потреба од македонски листи на изборите во Белград, Софија и Атина. Во својата статија објавена во весникот „Илинден“ од  март 1923 година, Јовков ќе напише:

„По долг опит од досегашното минато, при што македонските населенија се занесуваа по фактори што му се туѓи, по јасно веќе утврдената политичка парола на македонското население внатре и на неговата емиграција - надвор - паролата за независност на Македонија, - се поставува прашањето: каде, во која изборна фаланга треба да се нареди македонскиот избирач кога ќе го повикаат пред избирачкото место парламентите на Белград, Софија и Атина? Дали треба тој повторно да им ги дава мандатите таму на оние партии кои или се причина за неговото распарчување или пак продолжуваат да го држат под свое ропство? Ако не друго, тој може да гласа барем за себе за да отвори таму еден легален фронт против своите потисници, една трибина од која неговиот глас ќе се слуша повисоко одошто неговиот глас во Костур, Охрид и Петрич. Не само што ослободувањето на Македонија треба да се пројави во изборите како предуслов за нејзината независност туку и затоа што нашите распарчени делови треба да бијат со еден политички пулс - се наложува во претстојните избори да се појават македонски листи. Ако парламентите се врвно место каде што се создаваат судбини, ако таму е највисоката трибина од каде што се исповедуваат болките и се жигосуваат неправдите, - кој друг натрапен полномошник би можел да ги штити македонските интереси, да придонесе за менување на неговата судбина, освен самиот Македонец?

Ете зошто ние сметаме дека во Македонија не треба да имаат терен веќе партиите на балканските држави, бидејќи е Македонија предопределена да биде самостојна, треба да ја стави и основата на единствената за сега своја ослободителна партија.

Секако дека не секаде условите ќе дозволат уедначеност на работата. Малу можеме да се надеваме ние дека во српска Македонија, каде што теророт врз населението не запира ниту има граници, може да се дозволи македонска листа, кога се забранува дури републиканската, работничката, земјоделската: но кога духовите се обединети обземени од таа идеја - истото нешто може да се оствари и под превезот на други партии ако од гласачките кутии излезат македонски синови кои во пратеничките клупи ќе се групираат во едно за да ја постигнат истата мисла.

Истото нешто важи и за грчка Македонија.

А во бугарска Македонија? Ако овде свеста за македонската независност израснала повисоко до степен што оттаму да се култивира и кон запад и кон југ, ако овде и денес уште се забележат пројави на независност - ние сметаме дека тамошниот Македонец од врвот на тоа свое стојалиште треба секојпат да памети дека кај Кочериново има една граница на неговата татковина, така како што за Македонецот од Штип има граница кај Зибевче. Низ таа граница тој не треба да слуша никакви бугарски партиски програми и платформи зашто напразно ќе му носат тие перспективи за таква или онаква внатрешна политика, за таква или онаква надворешна политика, штом по принцип ги одрекува поради фактот дека се стреми да ја одрече и самата бугарска власт таму, штом тој се сили да го вклучи тој дел во идната слободна Македонија... Зошто таму Македонецот ќе членува во таа или онаа партија кога тоа не се партии на идната независна Македонија, туку на Бугарија?

Но по обединувањето на емиграцијата и по нејзиното застанување под знамето на независноста, ова исто сфаќање и се налага и на многубројната македонска емиграција, лулана до сега како кораб без кормило меѓу разните политички партии во Бугарија без секаква народна корист. Не треба ли таа таму каде што е покомпактна да се нареди рамо до рамо околу една македонска листа за да ги присоедини и своите гласови кон гласовите што родната Македонија ќе ги испрати како протест пред светот за распарчување на Македонија? Не треба ли таа да застане во парламентот на неговата најлева страна, како место на притиснат елемент што секогаш цели да се отцепи?

Значи, ете на кој начин Македонија може да подигне во балканските престолнини три громогласни трибини од каде што нејзиниот глас ќе се разнесува повисоко и подалеку, три парламентарни групи, соединети духовно како еден општ македонски парламент, три еднородни одломки кои центрипетално се стремат кон идно соединување во Солун.“

Арсеније Јовков, покрај другото е и првиот македонски филмски сценарист. Според негово сценарио е снимен документарниот филм „Македонија“ во 1923 година. Исто така автор е и на сценариото за игран филм  „Илинден“. Во 1924 година, на 40-годишна возраст Арсеније Јовков  е убиен во Горна Џумаја.

Вечна му слава!

 

На прво место

News image

Не отворањето истрага против Артан Груби ја покажува спрегата на ДУИ и СДС со правосудството

Македонскиот судско обвинителски систем во спрега со политиката од минатата владејачка гарнитура. ...

Историја

News image

Писма на грчките војници за масакрите извршени во Егејска Македонија во летото 1913 година

Елинската армија ги гори сите славофонски села и ги убива сите славофони што ќе  ги фати!

Култура и туризам

News image

Црско (Мало и Големо)

Од сите легенди и преданија за настанокот на селото и неговото име што се задржале во колективното п...

Фељтон

News image

Д-Р ЛЕФТЕР МАНЧЕ ПОЗНАТ МАКЕДОНЕЦ И ПРИЗНАТ ХИРУРГ (1)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА – ДЕЛ II.

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.