Среда, 26 Октомври 2011    PDF Печати Е-пошта
Каде се почетоците на населбата Лазорополе

lazaropoleВеќе се знае, запишано е Лазорополе како населено место е една од помладите населби во просторите каде што се распослани мијачките, малореканските села. Во пишаните документи прв пат го сретнуваме во „Кодексот на благопоклоници“ или како што се нарекува уште „Кодика“ на манастирот во селото Слепче, од втората половина на 15 век. Како дервенџиско село, пак, прв пат го сретнуваме во пописот од 1582 година.

Ако некојпат сте се прашале кои населени места (од околината на селото) му претходеле на денешното Лазорополе, еве го одговорот:

- Населбата Главино Село: името на селото асоцира да помислиме (а зошто и да не веруваме) дека во населбата живеел главешината на Мијаците: населбата под едно беснеење на турскиот башибозук, згаснала целосно и одеднаш.

-Лопушник: животот во ова село гаснел постепено, догорувал како оган.

- Јаорска вода: како словенска населба, по изгледа е меѓу најстарите населби во овој дел на Бистра, така барем говорат археолошките наоди;

- Велики извор: и овде имало живот, но примитивен (колибна населба);

- Папраѓе: како населба живеела многу кусо време.

Сите овие населени места, секое во своето време, придонесле да се роди една нова населба што ја нарекле Лазорополе.

Првите жители, основоположниците, ја одбрале шумската локација, во која доминирале букови и дабови стебла, и што било многу важно, барем за почетокот на опстојувањето и живеењето, имало еден поголем извор, а и од неколку страни имало помали изворчиња од кои течела бистра и питка вода.

Во почетокот било неопходно само делумно ископачување, сечење на стеблата, чистење, зарамнување на просторот и подготвување за градба на колибни куќарки, најпрвин само на по еден кат, а подоцна и повисоко. Поимот ЛАЗОР на старословенски значи простор што е оголен и исчистен од шуми. Оттаму веројатно потекнува и името на селото.

Местоположбата била поволна и од друга причина. Изгрејсонцето од исток, од сртот Коритнички, со топлите зраци ги заплискувало сите куќи амфитеатрално распослани на падината. А пак по обичните пролетни или есенски дождови не поминувал ниту еден час и населбата станувала измиена, чиста, исцедена, без никаква каллива површина.

Во самиот почеток пречка биле само столетните дабови стебла. Но и за нив пронашле лек. Тие ќе бидат (барем дел од нив) употребени како градежен материјал во изградба на куќите, а и како огревно дрво. Навистина идеален избор за основање населба.

Најпрвин бил расчистен просторот во подножјето каде што била замислена населбата. Тоа место го нарекле Сретсело. Како вистински Христијани, најубавиот простор го резервирале за изградба на Божјиот храм. Подоцна местото го нарекле Оралиште.

Просторот во центарот на селото бил наменет за заеднички потреби на селаните: собири на верските празници, место за другарување на возрасните мажи, место каде што во утринските часови, пред да биде испратена стоката на пасење, се собирале овците, козите, кравите итн.

Во овој центар на селото го изградиле и Анот. Во таа куќичка наречена Ан отседнувале и одморале случајните минувачи на патот што водел од Дебар кон Кичава.

Подоцна во Анот се населила и турската власт, задолжена за собирање на арачот и одржување на редот и мирот во селото. А каде била изградена таа куќичка наречена Ан, во која престојувале случајните минувачи или намерници со своите коњи, патниците кон кичевските села и понатаму кон Битола? Тоа е оној простор каде што меѓу свете светски војни (Првата и Втората) е изградена зграда на два ката што сите ние ја нарекуваме општина, пошта, здравствена станица, амбуланта, или во поново време живеалиште на Најде од Гари, а и Месна канцеларија.

По изградбата на Анот на селското место, ничие а сечие, членовите на турскиот аскер (одржувачи на редот во селото) се искачиле педесетина метри над него. Населението имало задача да ги храни, според однапред направениот редослед, секоја куќа, секое домаќинство по еден ден. На тој простор, од каде што видикот распукува на три страни, подоцна никнала куќата на Зуна Кузманоска, од која како на дланка се гледале населбата и настаните што се случувале во неа. Дури и дворот на селската црква не бил поштеден од делокругот на видикот. Токму затоа нашите предци при изградбата на обиколниот ѕид околу црквата за едно метро го подигнале во височина. За да го попречат видикот од кулата.

Од книгата „Кажување од гредана“ од Блаже Смилески, Скопје 2011.
 

На прво место

News image

Артан Груби го нокаутира и онака слабиот рејтинг на ДУИ

Заложбите за европски вредности на СДС и ДУИ паднаа во вода, наместо да молчат, СДС и ДУИ да го ос...

Историја

News image

Писма на грчките војници за масакрите извршени во Егејска Македонија во летото 1913 година

Елинската армија ги гори сите славофонски села и ги убива сите славофони што ќе  ги фати!

Иселеници

News image

ОД ПРЕСПА ПРЕКУ БИТОЛА ДО ЛЕРИН ВО ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА (17)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

Фељтон

News image

СТИВ ПЉАКАС – ПРОМОТОР НА АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА (2)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА – ДЕЛ II

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.