Среда, 11 Декември 2024    PDF Печати Е-пошта
ВО ТЕЛ АВИВ - ГРАДОТ НА МЛАДОСТА И ДИЈАМАНТИТЕ (12)

2 copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Патувањето во Светата земја - Израел во вистин­ската смисла на зборот за нас претставуваше ретко до­жи­вување. Во литературата што ја прочитавме стои дека Израел за Евреите е Ветената земја од Гос­пода на Аврама и на неговите следбеници. Таа е наслед­ство во кое децата на Израел биле водени од Мој­сие по егзодусот од Египет и соединети во моќта на еврејската нација (Хибру), под водството на царот Да­вид и неговиот син Соломон.

Таа е лулка на три големи монотеистички религии: еврејската, христијан­ската и муслиманската. Но, најважно за хрис­ти­јанскиот свет е тоа што Израел е родната земја на Исус Хрис­­тос и Светиот град каде што тој бил распнат на крст, потоа погребан и по три дена воскреснал.

Според библиските преданија од Стариот за­вет, првите доселувања на Евреите во Ветената зем­­ја - Канаан почнале околу 2.000 години пред Исус Хрис­тос. Тие биле номадски сточари од Месопо­тамија, од Долен Еуфрат и од други места. Нив ги до­нел патријархот Аврам. Меѓутоа, масовното до­се­лување на Евреите на овие простори почнало со на­пуштањето на Египет во 1580 година пред Христа под водство на Мојсеј, кој на Синајскиот Рид им ги дал Десетте Божји заповеди.

Еврејскиот народ постои уште од номадскиот пе­риод преку создавањето на првата др­жава на Евреите од 1030 до 930 година пред Христа, па преку нејзиното распаѓање, покорувањето­ на Евреите и нивната емиграција, до создавањето на еврејската држава која се реализира дури по Втората светска војна, на 14 мај 1948 година.

Денес Израел доживува своевидна револу­ција во својот развој. Во тоа се уверивме кога го видовме облагородувањето на пустинските предели, изград­бата на иригациони системи за наводнување, раз­војот на земјоделството, на машинската и на другите ин­дустрии. Исто така, таа има сличен подем во современата трансформација на градските урбани сре­дини кои претставуваат интересна симбиоза со бо­гатата историска ризница и библис­ките преданија.

За одбележување е осо­бено тоа што веќе е во тек зелената револуција за освојување на нови пус­тин­ски предели и нивно претворање во не­пре­г­ледни зе­лени оази. Оттука и не случајно се вели де­ка оваа земја е вистинско чудо. Заслужува да се спо­мене дека како посебна содржина на живеење во Га­лилеја се и многубројните колективни населби со оп­штествена, приватна и колективна сопстве­ност. Најзастапени од нив се таканаречените кибуци, во кои се применува колективната организација на трудот, а и колективната сопственост.

Денес во Изра­ел има повеќе од 300 кибуци кои почнале да се формираат пред Првата светска војна, со првите доселувања на голем број Евреи, особено од Русија. Тие се каракте­ризираат со заедничка сопственост над зем­јиш­тето и над средствата за производство и со  распределба според потре­бите на чле­но­вите на семејството и можностите на кибуцот. Дел од нив се формирани и под влијание на разни политички и верски организации.

Местото каде ја допревме Светата земја - Из­раел беше најголемиот и најзначајниот, како за ци­ви­лен така и за воен транспорт, аеродромот „Бен Гу­рион“ во Тел Авив. Тој е најголемиот град во Израел, кој во последно време, од причини што во централното подрачје живеат  претежно  млади брачни па­ро­ви, а повозрасните се селат во предградието, е на­речен град на младоста.

Според податоците што ги добивме од домаќините, само во градското под­рачје на Тел Авив живеат околу 1.000.000 жители, а заедно со предградијата, тој има повеќе од 1.500.000. Тел Авив е подигнат на просторот до стариот град Јафа. За него се вели дека е град на амбасади, конзули, на разни други дипломатски претставништва и кан­це­ларии, на бизнис центри, на научни институции и на голем број луксузни хотели изградени по должината на Средоземното Море и на многу други важни ус­танови.

Се досетиле умните Евреи да направат ка­мени брани во морето кои придонесуваат да се та­ложи ситен кристален и убав песок на брегот, ка­де е изградена патека за џогерите и огромни плажи за туристите. Сето тоа наликува на плажата Копа­кабана во Рио де Жанеиро.

Тел Авив не е граден по некој одреден урбанистички план, затоа во него се среќаваат различни архитектонски стилови. Осо­бено брзо се градени станбените згради за новодој­ден­ците, по 1948 година. Денес, куќите се претежно од три до пет ката, а се чини дека кулата „Шалом“ е највисока меѓу градбите и стрчи во прос­то­рот.

22 copy copy copy copy copy copy copy 

На плажите во Тел Авив

Исто така, Тел Авив е голем културен и спорт­ски центар. Во него со успех работи еден од најпознатите свет­­ски симфониски оркестри, Израелската фил­хармонија, како и познатиот театар Хабиман. Меѓутоа, Музејот за еврејската дијаспора има по­себно место во севкупното национално и културно жи­веење, не само на Тел Авив, туку воопшто за Евреите во Израел и ширум светот.

Како нераскинлив дел од Тел Авив, на јужната стра­на е сместен градот Јафа или Јафо. Во него жи­веат и Евреи и Арапи и тука се измешало и ста­ро­то и новото, и библиското и современото. Таму ја по­­сетивме Католичката црква „Свети Петар“, каде апос­толот ја ставил раката врз девојката Табита, која подоцна оживеала. Го посетивме и стариот дел на градот, во чија непосредна близина на црквата се вгнездиле познати уметници и отвориле галерии на улиците што ги носат имињата на зодијачките знаци.

Тел Авив, заедно со градовите Хаифа, Еру­салим и Тиберијада се познати во светот по ре­же­њето, брусењето и продажбата на дијаманти. Всуш­ност, шеесет отсто од приходите на државата се ост­ва­руваат токму од дијамантите. А, брусењето на дијамантите е еден од најпознатите занаети на Евреи­те.

Со оваа дејност Евреите почнале да се за­ни­маваат уште од најстари времиња, кога не биле си­гурни каде ќе останат и каде ќе им биде нивната др­жава. Во честите прогонувања и преселби, тие пос­тојано размислувале како да најдат нешто што ќе им обезбеди живејачка и лесно ќе се пренесува, за да не им прави проблем при честите преселби. Единствено решение им биле светлите ситни ка­ме­њa, што ги чувале како очите во главата и ги прене­су­вале во џебовите, во чорапите, во чевлите..

Продолжува

1slavek1 copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy 

Пишува: СЛАВЕ КАТИН    

 

На прво место

News image

ДУИ стана бренд на криминалот

Ковачки: ДУИ стана бренд на криминалот, криминална структура која не му мисли добро на сопствени...

Историја

News image

Декларација на Македонскиот комитет од Канада - Торонто, 10 август 1988

ДЕКЛАРАЦИЈА НА  МАКЕДОНСКИОТ КОМИТЕТ ОД  КАНАДА ЗА ЧОВЕЧКИТЕ ПРАВА И СЛОБОДИ НА МАКЕДОНЦИТ...

Иселеници

News image

ПАРТИЈАТА „ВИНОЖИТО“ ОД ЛЕРИН И НЕЈЗИНАТА УЛОГА (18)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

News image

ЕРУСАЛИМ – МЕСТОТО НА ГРОБОТ НА ИСУС ХРИСТОС (14)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Фељтон

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.