Среда, 28 Мај 2014    PDF Печати Е-пошта
Исхрана на древните Македонци-Почеток-Архе

Ангелина Маркус

arhe

Милионите години разновидно и драматично го оформувале денешниот свет. Живеј и дај им на другите да живеат. Фотосинтезата создава зеленило. Легендите го бараат создавањето на животот во вода. Да не се заборава сончевата енергија.

Аголот на космичкото зрачење најповолен е околу четириесеттиот степен на координатата, околу Средоземјето. Тука се зачнало сè. Тој кружен појас околу земјата е почва на прапочеток. Народи, раси, врсти, војни, архитектура, храна, наука, религии, земјотреси, урагани. Сè што се случувало како историја за човештвото сè е тука.

Земјината оска е наклонета и затоа патот е елипса. Големи висински разлики покажуваат исти климатски услови што доведува до сличноста на живот од под Хималаи до Македонија. На тие подрачја наидуваме на свети земји. Свети како светски, како сонце, како космичко зрачење, свети како светски центри. Ако потонала Атлантида, ако бил потоп и ледено доба, повторно можеме да очекуваме катаклизми ако се исправи земјата од косиот агол под кој потпаѓа Македонија во нејзината местоположба. Тоа би било рамнење на вистински коти што би го измениле и пресоздале живиот свет.

Од времето на почетокот во Македонија останале уникатни појави на градби, патишта, палати, наука, уметност, писмо, орудија, оружјето со големо влијание и кај другите народи од тоа време и подоцна. Тоа се однесува на медицината и на исхраната.

Лебот, виното како причест, јаболкото од рајот, вештачкиот мамец за ловење риби, садовите од глина, бронза, сребро, чаевите од лековитите билки, македонската салата и македонскиот сладолед, први такви што ја правеле војниците по освоените простори, сè тоа заедно се неизбришливи траги и влијанија врз други народи кои примиле по нешто од нас.

-          Никој нема ексклузивно право на името Македонија, ни порачуваат, македонска земја имало и во други држави. Така е, ќе им одовориме:

-          Никој нема право над Македонија освен Македонците. Ако ни враќаат нема само земјата да ни ја вратат, има да ни вратат се што сме имале: име, историја, црква, јазик. Александар најславниот Македонец требало да им припаѓа на сите народи за да биде целосно присвоен, само нивни. Сурогати. Нека си остане Македонија каква што си била и каква што треба да биде. Турбуленции не се пожелни ни во природаната, ни во историјата, ни во опстанокот. Не можат да создадат со клонирање модифицирана ДНК, нема други како древните Македонци освен наследниот ген. Религиите имаат свое толкување за создавањето на светот, изгледа научните сваќања тешко ќе се ревидираат за елиминација на Македонците по освојувањето на светот, по тоа што го сториле за народите.

Енергијата на вулканите, ураганите, епидемиите тешко ќе се зауздаат. Причинско последичните односи на човекот и на светот се усогласуваат меѓусебно, секоја појава како алка врши поврзување и на познатото и на непознатото.

Кинењето на атмосферската обвивка уште не знаеме што ќе ни донесе и какви последици ќе нè снајдат.

Ако се скине една алка на поврзаност на светот, природата и човекот многу видови ќе исчезнат. Ако ги снема планктоните нема што да јадат рибите, ќе се загрозат птиците и животните, па и човекот. Не знаеме како тогаш секој ќе живее за да им овозможува и на другите да живеат. Рамнотежата на живиот свет зависи од сончевата енергија, космичкото зрачење, храната, здравјето, па напредокот. Потоа се хипотетичките објаснувања за потеклото и славата на овие и на оние. Многу тајни и мистерии околу настанокот, животот и опстанокот нè опкружуваат. Немаме одговор ни лек за обичен вирус, а камо ли за нешто посложено. Уште не го знаеме сето тоа што им познато на древните Македонци и феноменот на светските чуда.

Љубопитноста кај четиригодишните деца го надминува тоа кај возрасен човек. Детето чекори во непознатиот свет, размислува, истражува, бара одговори и очекува многу повеќе од возрасните освен што им даваат јадење. На прашањето на мојата четиригодишна ќерка како се родила се обидов да објаснам со една руска песничка во прашална форма: зошто бабата на коса има павлака, зошто жабите спијат без пеница, зошто птиците не носат нараквички, зошто мајките на лице имаат јамички, затоа и велам, дека нема катанци за устата на децата да не прашуваат за сè. Сепак ќерка ми сакаше одговор и да ја изоставам приказната за штркот дека тоа го слушнала. Ѝ раскажував како сме отишле во болница на еден шалтер и сестрата ни подаде бебе. Мене ме интересира што се случувало до таму, за тоа кажи ми. – Бараше одговор за почетокот на животот.

Потоа молчевме по тоа прашање, со јамички на лицето. Веќе во идната генерација не веруваа децата дека се раѓаат како слики на компјутер, знаат повеќе од нас за светот и животот.

Раѓањето е  најлесен и најтежок проблем во таа голема збрка на живеење на луѓето. Како настанал животот, колку е поврзан со космосот, има ли луѓе на други планети, како да им одговориме на четиригодишните деца кога не знаеме ништо за нас и си живееме како знаеме и умееме.

Големото прашање ми го постави некогашниот мој ученик Душко Дамјановски сега донатор на моите книги, тоа беше „Што јаделе древните Македонци“? Одеднаш се отворија многу теми. Што јаделе древните Македонци, исто што и сега, можеби во почисти природни услови. Сега се наметна прашање колку биле здрави, зошто биле толку издржливи, зошто правеле толку садови, па како ги употребувале. Се покажа дека не само за себе човекот и за другите живи видови е главната алка во синџирот на природната селекција, Дарвиновата теорија и Менделеевиот систем на елементите. Има една поговорка „ Ако знам што јадеше, ќе знам каков си“. Вкусови како и самиот човек: лути, горчливи, слатки, солени. Болест е болка како рефлексија на болеста, а таа е безболна. Сето тоа зависело од исхраната. И храна и лек ако се погоди според потребата на организмот. Потоа читав што смее, а што не смее да се јаде.

Секој човек имал своја билка и ако не ја употребува ќе се разболи или само со неа може да се излечи. Книгите на витамини и протеини, за крвните групи и соодветната исхрана, хороскопот, лековите, диети, терапии, контрола на енергијата и многу такви написи и грижа за човекот не ми дадоа податоци да може да се објасни тој феномен на Македонците и нивното славно постоење врз основа на јадењата. Тоа ме натера да се свртам кон предисторијата и археологијата и да ги анализирам сите откритија во смисла на употреба на разните предмети во кујната на древните Македонци и од таму реконструкција на животот и исхраната, поврзана со цели ритуали во континуитет на сите епохи.
 

Историја

News image

Заедничка изјава меѓу Јосип Броз Тито и Тодор Живков-(јануари 1976 година)

“Претседателот на Социјалистичка Федеративна Република Југославија и претседател на Сојузот на комун...

Иселеници

Фељтон

News image

БАЛКАНОТ И МАКЕДОНИЈА (13)

VI ДРЕВНА МАКЕДОНИЈА ВО ПРАИСОТИРСКИОТ ЕГЕЈ (ДЕЛ III)

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.