На прво место

Голем удар против грчката пропаганда во егејскиот дел на Македонија

Александар Донски

Александар Донски

ИСТОРИСКИOT ПРИРАЧНИК ПРОТИВ ГОЛЕМОГРЧКАТА ПРОПАГАНДА НАМЕНЕТ ЗА МАКЕДОНЦИТЕ ВО ЕГEЈСКИОТ ДЕЛ НА МАКЕДОНИЈА ОД АВТОРОТ АЛЕКСАНДАР ДОНСКИ ОБЈАВЕН И НА ГРЧКИ ЈАЗИК!

Пред извесно време МН објави информација за објавување на ИСТОРИСКИ ПРИРАЧНИК ПРОТИВ ГОЛЕМОГРЧКАТА ПРОПАГАНДА НАМЕНЕТ ЗА МАКЕДОНЦИТЕ ВО ЕГEЈСКИОТ ДЕЛ НА МАКЕДОНИЈА од авторот Александар Донски. Книгата во електронски pdf формат е објавена во издание на  Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј со претседателот Душан Ристевски, во соработка со Здружението на Македонците од егејскиот дел на Македонија „Мирка Гинова“ од Штип со претседателот Стојан Димков.

Во оваа книга на едноставен, аргументиран и убедлив начин е даден бескомпромисен одговор на фундаменталните  големогрчки артикулации од областа на историјата и истата веќе е објавена на македонски и на англиски јазик.

Неодамна книгата е објавена и на грчки јазик. Тоа всушност е најважната верзија на оваа книга имајќи го предвид фактот дека најголемиот дел Македонци од егејскиот дел на Македонија, поради разбирливи причини, умеат да читаат само на грчки. Авторот Донски искажува јавна благодарност до нашиот сонародник од егејскиот дел г-дин Petros Argyriou кој ја преведе книгата на грчки. Истовремено Донски повикува на масовно споделување на линкот со оваа книга среде Македонците во егејскиот дел:

https://www.pollitecon.com/Assets/Ebooks/ISTORIKO-ENCHEIRIDIO-ENANTIA-STIN-ELLINIKI-ANTIMAKEDONIKI-PROPAGANDA.pdf

Инаку, книгата е објавена со помош на Трајче Т. ТРАЈКОСКИ од Перт, кој е познат македонски национален деец и водител на најслушаното македонско радио во Западна Австралија „Мак ФМ Радио“ од Перт, Гордана ДИМОВСКА од Мелбурн, која е позната македонска поетеса, новинар и наставник по македонски јазик во Австралија и  MACEDON PUBLISHERS AND TRANSLATORS – SYDNEY.

Сите верзии од книгата се поставени за слободно симнување на веб-страна на Pollitecon Publications – најголемата платформа со книги со историска содржина посветени на Македонија во сопственост на Виктор Бивел од Сиднеј.

Македонската верзија можете да ја симнете од:

https://www.pollitecon.com/Assets/Ebooks/Istoriski-Pripachnik-Protiv-GolemoGrchkata-Anti-Makedonska-Propaganda.pdf

Англиската верзија можете да ја симнете од:

https://www.pollitecon.com/Assets/Ebooks/Historical-Manual-Against-The-Greek-Anti-Macedonian-Propaganda.pdf

Најново од: На прво место

На 13 ноември се одбележуваат 82 години од ослободувањето на Скопје

Во текот на Втората Светска Војна, за ослободувањето на Скопје, животите ги положија 4.654 негови граѓани, од кои 956 загинати во битките и 3.698 граѓани како жртви на фашистичкиот терор. Скопје го одбележува 13 ноември, денот кога во 1944 година борците од Дванесеттата, Третата, Осмата и Шеснаесетата македонска бригада го ослободија градот од фашистичката окупација. […]

Мицкоски со факти ја разобличи хистеријата на Филипче

АЛТА банка на Мацура ја носи Владата на СДС и ДУИ   Владата на СДС и ДУИ уште во 2023 година дала насока за влегување во деловни односи со АЛТА банка од Србија, посочи премиерот Христијан Мицкоски на надзорната расправа во Собранието, покажувајќи извадок од нацрт-записник од владина седница одржана на 24 октомври 2023 година. […]

Филипче и Заев да одговорат дали знаеле за сомнителните трансакции од 110 милиони евра од Венецуела преку Еуростандард банка

Филипче и Заев да одговорат дали знаеле за сомнителните трансакции од 110 милиони евра од Венецуела преку Еуростандард банка СДС и Венко Филипче што со демагогии, лаги, манипулации и хистерија сакаат да предизвикаат страв и несигурност кај граѓаните, на македонската јавност им должат одговори за пропаста на Еуростабдард банка и за можноста за „перење“ пари. […]

Апел за донации: да ја зачуваме црквата „Св. Марена“ – „Св. Огнена Марина“ во Зубовце

Црковниот одбор на црквата „Св. Марена“ – „Св. Огнена Марина“ во село Зубовце упатува апел до сите добронамерни луѓе, фирми, институции и иселеници да помогнат во стабилизацијата и конструктивното зацврстување на храмот.  Црквата „Св. Марена“, стара речиси два века, во последните години претрпува оштетувања поради движење на земјиштето. За да се спречи нејзиното понатамошно оштетување […]

Скопје го разубавува своето лице во пресрет на 2028 година

Еден од најпрепознатливите симболи на Скопје доби ново декоративно и архитектонско осветлување, кое ја истакнува убавината на камените сводови над Вардар. Камениот мост во Скопје на 6 ноември 2026 година блесна со ново осветлување. Свечено го пуштија во употреба градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, и градоначалникот на турската општина Есенлер, Мехмет Тевфик Гоксу. Проектот […]

Латас: Не е само Дубаи – се отвораат скриени подруми и архиви

Ај, нека помине малку време, Мицкоски да го реши ова со Алта банка и сите да ги имаат своите пари на слободно располагање, па ќе се свртиме кон еден друг случај: Како Зоран Заев, со асистенција на неговиот советник Зоран Башановиќ, кој под притисок од Вучиќ се повлече од Србија и стана десна рака на […]

Пропаѓањето на Еуростандард банка во време на СДС покажува каков е нивниот однос кон парите на граѓаните

Соопштение на ВМРО-ДПМНЕ – реакција на ставовите на Венко Филипче Нервозата и хистеријата кај Венко Филипче се сѐ поочигледни и тој не може да ги скрие, се наведува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ. „Филипче, очигледно, не сака што се најде решение за случајот со Алта банка и што државата и надлежните институции ги преземаат сите неопходни […]

Скопје во знакот на боксот: јубилеен 55. „Златен гонг“ во салата „Расадник“

Од 13 до 15 ноември 2026 година, во спортската сала „Расадник“ во Кисела Вода, ќе се одржи јубилејното 55. издание на Меѓународниот боксерски турнир „Златен гонг“, во организација на Македонската боксерска федерација. На годинашното издание се очекува учество на боксери и боксерки од 17 држави. Покрај македонските претставници, најавени се учесници од Албанија, Австрија, Белгија, […]

To top