Култура и туризам
Среда, 29 Мај 2013 03:04    PDF Печати Е-пошта
Свети Никола - Летен

sv-nikolaВо животот на нашиот човек значајно место има свети Никола, кого многу семејства го сметаат за свој домашен заштитник и со многу внимание го празнуваат неговиот ден. Иако повеќе се празнува денот на неговото упокојување 19/6 декември попознат како Свети Никола-зимен, сепак внимание му се посветува и на денот на пренесувањето на моштите на Св. Николај од Мир во Бари на 22/9 мај, празник меѓу народот попознат како Св. Никола - летен.

Повеќе...
 
Среда, 29 Мај 2013 03:02    PDF Печати Е-пошта
Манастирски комплекс Партениј Зографски - Дојран

Дојран во последното десетлетие од XX век го привлекуваше вниманието на јавноста со проблемот на изумирањето на Дојранското езеро. Туристите сe` помалку беа присутни во сезоната. Посетителите - само минувачи на граничниот премин со соседна Грција - брзаа кон некоја друга дестинација. Ловот на риби со корморани, карактеристичен за традицијата на риболовот на ова мало езеро, изумира исто така. Жителите - загрижени... Над пределот крај брегот на Стар Дојран доминираат контурите на полуразурнатата соборна црква посветена на Св. Илија.

dojran8Животот доаѓа од Изворот на Животот. Возобновувањето започна со првата архиерејска литургија на Струмичкиот митрополит Наум, под отворено небо, на 2 август 2000 година, во полуразурнатиот соборен храм на Св. Илија, којшто сега веќе е во фаза на ревитализација. Некогаш во непосредна близина на оваа најголема црква во Македонија се наоѓаше резиденцијата на првиот македонски Полјански епископ од 1767 година наваму– Партениј Зографски.

Повеќе...
 
Среда, 22 Мај 2013 03:04    PDF Печати Е-пошта
Во Свети Николе отворена изложбата „Билазора 2008-2012“

bilazora-240За постоењето на најголемиот пеонски град Билазора, кај локалитетот Градиште, во близина на село Кнежје се знаеше уште од пред 30-тина години, но до вистински археолошки ископувања дојде пред 5 години, кога тексашката фондација за археолошко и историско истражување се ангажираше локалитетот да биде детално истражен.

Повеќе...
 
Среда, 22 Мај 2013 03:01    PDF Печати Е-пошта
Манастир Свети Архангел Михаил - Берово

arhangel-mihail-240На оние коишто никогаш не биле во Берово нема да им биде лесно со помош на фотографиите да ја доловат убавината на ова место, особено богатството на природата во неговата околина. Столетни борови, ливади и пасишта, богатство од лековити билки и шумски плодови, изворишта и реки... Планинско сонце. Чист воздух. Еколошки здрава храна. Одличен шумски мед. Многу традиционални лекови од природни состојки, со коишто успешно се лечат болести на дишните органи, анемија, авитаминози. Самото гратче се наоѓа на скоро 1000 m надморска височина. Сместено како во гнездо, меѓу иглолисна шума, заедно со своите жители со векови тврдоглаво одолева на налетите на „прогресот“ и цивилизациските „придобивки“. Многумина од надвор тоа го гледаат како недостаток, но незаменливиот мир и спокојството на животот тука, поврзаноста на човекот со природата, е вистинска реткост во денешниот свет на загаденост и кризи. Барем уште извесно време... Кога си тука, имаш чувство дека се наоѓаш во тивко пристаниште некаде „на крајот на светот“, соочен единствено со себеси, небото над тебе и земјата на која стоиш... пред лицето на живиот Бог.

Повеќе...
 
Среда, 15 Мај 2013 03:04    PDF Печати Е-пошта
Водоча – Манастир Св. Леонтиј

vodoca240На излезот од селото Водоча, на само четири километри северозападно од Струмица, достоинствено се издигаат реставрираните куполи на црквата Свети Леонтиј, немо сведочејќи за велелепието на древното седиште на Струмичките митрополити. Уште повеличествена е глетката ноќе. Осветлен е целиот комплекс од различни агли. Во околната темнина случајниот намерник има чувство како манастирот да лебди, слегувајќи од небото.

Повеќе...
 
Среда, 15 Мај 2013 03:03    PDF Печати Е-пошта
Велјуса – манастир Воведение на Пресвета Богородица Елеуса

veljusa240Ако сте тргнале од Струмица со автомобил, половина час пред изгрејсонце, по изминати десетина километри северозападно од градот веќе се искачувате по вијугавото патче над селото Велјуса, и ете... Застанувате пред манастирската порта. Околу вас рурална атмосфера на македонско село кое полека се буди.

Повеќе...
 
Среда, 15 Мај 2013 03:02    PDF Печати Е-пошта
Народни рецепти за храна

gjomlezecТо се прајт каша, исто како палачинки шо прајме. Ќе ’о замесиш, ќе му фрлиш малку масленце, тро солца, вода, кисела-вода, фрлат некој, ние порано не фрлафме, само со водичка и ќе фрлиш една тепција голема глобока, два прсти да е глобока, фрлај тесто, сачот да е џежок и така испечи се, подгори се малку губата, не многу да е гориш, малку, и ќе му фрлиш масло, пак губа, пак ќе му фрлиш тесто, пак сачот и два прсти, три прсти ѓомлезец се прајт то, каша да имаш, богами без две кила и пол брашно не ојт, две кила и пол обавезно, да не е сув, тарабак да напрајш, а богами два кила масло ојт, со појќе масло не се прајт то, то е каша.

Повеќе...
 
Среда, 15 Мај 2013 03:01    PDF Печати Е-пошта
Легендата за тапаните во градот Тиквеш

staro-kavadarciСе раскажува и денес: името Тиквеш и Тиквешија не им е непознато на сите кои ги интересира историјата. Зад тоа име се крие една голема област во Централна Македонија пресечена од двете историски реки Вардар и Црна – и со чисто македонско население и Помаци – насилно потурчени пред 350 години.

Повеќе...
 
Среда, 08 Мај 2013 03:21    PDF Печати Е-пошта
Предание за црквата Св. Спас во Вевчани

crkva-vevcaniДо селото Вевчани (Охридско) имат црква „Св. Спас“. Дошле Турци и испоганиле некое место во црквата; тога воеднош Св. Спас летнал и к’де шчо минал, останало местото бело како вар.

Повеќе...
 
Среда, 08 Мај 2013 03:17    PDF Печати Е-пошта
Хамзали - манастир Светите Климент и Наум Охридски

hamzali15Машкиот манастир на Светите Климент и Наум Охридски чудотворци во Хамзали почива во подножјето на планината Огражден, на далечина од Струмица 17 km. Почеток на неговото подигање е изградбата на манастирската црква во 2000 година. Посветена е на најчествуваните духовни светила на македонските простори, Светите Климент и Наум Охридски.

Повеќе...
 


JPAGE_CURRENT_OF_TOTAL

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.