Изработката на митри е едно ретко ракоделие, единствено во нашата земја, што сестрите од манастирот посветен на Св. Георгиј Победоносец во Рајчица го имаат наследено од својот старец, архимандрит Партениј - игуменот на Бигорската света обител.
|
|
На локалитетот Беш Тепе Анче, во близина на Карбинци, штипските археолози открија античка камена гробница, единствена од ваков вид во Македонија.
Слична гробница е пронајдена во југо-источна Бугарија. Археологот Митко Штерјов вели дека името на топонимот говори дека овде имало пет тепиња, односно могили, од кои останале три, а во една од нив е пронајдена гробницата која датира од првиот до третиот век од нашата ера.
|
|
Во организација на Друштвото на ликовни уметници на Македонија -ДЛУМ во Домот на Армија денес, среда (04.12.2013) во 20:00 часот ќе се отвори изложбата „Скопје виа Париз“ на авторката Петра Јовановска. Родена во Чешка каде завршува средно образование, дипломира на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, во класата на проф. Димче Николов.
|
|
Среда, 04 Декември 2013 04:29 |
 |
 |
 |
|
Маркови Кули (Водно)
|
Маркови Кули (или град Чрнче) е тврдина - збег на градот Скопје која лежи 4,5 км на југоисток од центарот на Скопје. Качена е на источниот крај на планината Водно, врз издаден и стрмен варовнички гребен 350 м. високо над полето и Вардар во подножјето. Озгора има поглед врз полето многу километри на север, североисток и исток. Поврзан е со патот што по изохипса врти околу планината, а на тој пат израснале словенските средновековни села Сопиште, Водно, Нерези, Крушопек, Гр(ада)чец.
|
|
Васко Караџа (21 мај 1923, Д’мбени, Костурско - 9 февруари 2005 во Скопје) е македонски писател и преведувач од македонски на грчки јазик и обратно.
Тој е роден во селото Д’мбени, Костурско, Егејска Македонија (денес Северна Грција). Васко Караџа во 1946 г. се приклучил кон Демократската армија, а во 1949 г. заминува како политички емигрант во тогашна Југославија, па потоа, по личната перипетија низ државите на Источна Европа-СССР, за подоцна во 1963 година да се пресели во Скопје, тогаш Социјалистичка Република Македонија.
Васко Караџа бил значаен писател и уважен преведувач на дела од грчки на македонски јазик и обратно. Меѓу останатите негови дела, тој е автор на современиот грчко-македонски речник кој бил издаден на 2 јуни во 2009 година во Солун и содржи околу 15 000 збора. Творецот го доставил ова духовно наследство на Виножито, малку време пред смртта, за да се напечати во Грција, односно Солун.
Своите први песни ги напишал во 1943 година. Во 1960 година во Ташкент излезе неговата прва збирка песни „Стихови“ и првиот грчки превод на Рациновите „Бели Мугри“. Во 1984 година во Атина излезе на грчки јазик во сопствен превод поетската збирка „Миросувањето на вечноста“, а во 1986-та во Скопје збирката „Егејски мотиви“ и во 1993-та збирката „Со Д'мбени во срцето“, („With D'mbeni at heart“), како двојазично издание на македонски и англиски јазик. Во 1988 година излегува збирката „Елегии за Родниот крај“. Има преведено повеќе од триесет дела поезија и проза од македонски на грчки јазик, седум книги од грчки на македонски јазик и уште седум поетски збирки од српски на грчки јазик. Во 1990 година на еден анонимен меѓународен конкурс во Италија неговата песна „Едно мајско утро“ ја освои првата награда. За својата преведувачка работа Васко Караџа е добитник на две златни пера и на наградата „Глигор Прличев“ што ги доделува Друштвото на литературните преведувачи на Македонија.
Ова сегашно издание на „Зора“ е прво издавање на еден грчко-македонски речник во Грција. Македонскиот јазик (македоники) е еден од современите јазици на Балканот. Тој е мајчин јазик за Македонците во Република Македонија, како и за македонските национални малцински заедници во Грција, Бугарија и Албанија. Авторот на ова дело, Васко Караџа (1923-2005), е роден во селото Д’мбени, Костурско, преименувано во Дендрохорион во 1926 г. Васко Караџа во 1949 г. се приклучи кон Демократската армија, а во 1949 г. замина како политички емигрант во тогашна Југославија, па потоа, по личната перипетија (одисеја) низ државите на Источна Европа, се пресели во Скопје, главен град на тогашната федеративна држава, Социјалистичка Република Македонија. Васко Караџа беше значаен писател и уважен преведувач на дела од грчки на македонски јазик. Во исто време тој се занимаваше и со музичка интерпретација. Тој имаше длабока желба до крајот на животот да се врати во родното место. Ваквата можност беше дадена со правото за враќање на политичките емигранти според Законот бр. 1266/1982 што се однесуваше на репатријацијата на политичките емигранти во Грција. Но за него, како и за илјадници други лица, важеше исклучокот од правото за враќање во татковината, бидејќи тој им припаѓаше на оние именуваните како не-Грци по род. Грчко-македонскиот речник е дело на многугодишен труд на авторот и содржи околу 15 000 збора. Творецот го достави како духовно наследство до „Виножито“, малку време пред смртта, за да се напечати во Грција. Оваа книга, како и работата што е во тек, издавањето на Македонско-грчкиот речник, се реализира со одлука на „Виножито“, организација на македонското национално малцинство во Грција. И ова дело е еден одговор против грчкиот режимски став за наводното непостоење на македонскиот јазик. |
|
Среда, 27 Ноември 2013 04:03 |
 |
 |
 |
|
Панонски легенди
|
Панонски легенди се вид црковна литература, што се создавала во периодот на средниот век кај сите христијански народи. Тие претставуваат едно од најстарите дела на оригиналната словенска книжевност. Уметничките достоинства на Панонските легенди се состојат во мајсторската композиција, убаво насликаните ликови на личностите што се опишуваат, особено на браќата Кирил и Методиј.
|
|
Среда, 27 Ноември 2013 04:02 |
 |
 |
 |
|
Лесновски паренезис
|
Лесновскиот паренезис претставува средномакедонски кирилски ракопис. Потекнува од 1353 година. Содржи 332 пергаментни листа, од кои се зачувани 317 листови. Пишуван е од монахот Тахота во Лесновскиот манастир кај Пробиштип, со кирилско писмо.
|
|
Во XI и XII век, кога во Македонија постоеше единствена автокефална црква, Охридската Архиепископија, таа беше единственото просветно жариште за многу народи што во тоа време го прифатија Кирилското писмо, а со тоа и христијанството и воопшто македонското влијание на пошироки простори преку Киев и Москва.
|
|
Бронзеното време е праисториски период којшто следеше по Каменото доба и му претходеше на Железното време, кога благодарение на откритието на металургијата, човекот за првпат започнал да изработува оружја и алатки од бакар и бронза наместо од камен. Бронзената ера во југоисточна Европа започна во доцниот 4-ти и почетокот на 3-от милениум п.н.е.. Тaа е поврзанa со појавата на првите урбани населби, како и со почетоците и ширењето на Европската цивилизација.
|
|
Во Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“, во присуство на голем број гости, лингвисти, проучувачи на македонскиот јазик, професори, сегашни и поранешни вработени, денеска беше одбележана шеесетгодишнината од основањето на оваа научна установа.
На свеченоста, на која претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, по повод јубилејот, на Институтот му го додели признанието Повелба на Република Македонија, министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска истакна дека станува збор за институција која е вистински афирматор на научната вистина за Македонија и за македонскиот јазик.
|
|
|
|