Македонски легенди

Благоја Петров – Караѓуле

Благоја Петров – Караѓуле (16. I 1924 – 26. VII 1963) е македонски оперски пејач, баритон, еден од уметниците што оставиле значајна трага во развојот на македонската оперска сцена. Бил изразито музикален, со ѕвонлив и сонорен глас, а останал запаметен и како одличен интерпретатор на македонски народни песни. Роден е на 16 јануари 1924 година […]

Јанко Томов – неуморен борец за Македонија од Бризбен, Австралија

Јанко Иван Томов е роден на 4 мај 1938 година во Струмица, Македонија, а почина на 11 февруари 2022 година во Бризбен, Квинсленд, Австралија. Од Струмица до Бризбен, Јанко Томов остана верен на македонската кауза — како активист, публицист, организатор на дијаспората и редовен дописник на „Македонска нација“, каде што пишуваше за старата македонска емиграција, […]

Вангел Нечевски – Тунело

Вангел Нечевски – Тунело (17 март 1922 – 2006) е македонски партизан, учесник во Народноослободителната борба, општествено-политички работник во СР Македонија и народен херој на Југославија. Роден е на 17 март 1922 година во Битола, во работничко семејство. Уште како млад го почувствувал товарот на тешкиот живот. По завршувањето на основното училиште, на само петнаесетгодишна […]

Стојан Христов

„Ние сме посвоени синови и ќерки на Америка и на другите држави во светот, но Македонија е родена наша мајка и ние не можеме да ја заборавиме“ – велеше Стојан Христов, македонскиот печалбар од Кономлади, Костурско Егејска Македонија кој стана американски писател, новинар и сенатор. Стојан Христов (1898 – 1996) – македонскиот печалбар што стана […]

Лука Поптеофилов

Лука Поптеофилов е роден во 1865 година во село Белица, Разлошко, Пиринска Македонија, загинал во несреќен случај во Созопол. Точниот датум на неговата смрт не е целосно утврден: во дел од изворите се наведува јуни 1911 година, а во други 20 октомври 1912 година. Лука Поптеофилов – учителот од Белица кој ја ширеше македонската револуционерна […]

Ѓорче Петров

Ѓорче Петров – умот на македонската револуционерна борба Ѓорче Петров е роден на 2 април 1865 година во Варош, Прилепско. Животот го завршил трагично на 28 јуни 1921 година во Софија, каде бил убиен во атентат. Ѓорче Петров беше еден од најголемите македонски револуционери, идеолози и организатори на македонското ослободително движење — човек кој со […]

Даме Крапчев

Дамјан (Даме) Крапчев (1912 – 24. V 1944) е македонски партизан, првоборец, учесник во НОБ. Во август 1941 година учествувал во диверзантската акција на рудникот Радуша (Скопско) и бил политички комесар на Првиот скопски НОПО. Загинал во борба со бугарската војска и полиција. Даме Крапчев е роден на 2 февруари 1912 во село Ивањица, Србија, […]

Григор Прличев – вториот Хомер од Охрид

Роден: 18 јануари 1830 година, Охрид Починал: 25 јануари 1893 година, Охрид Професија: поет, учител, преведувач и преродбеник Најпознати дела: „Сердарот“, „1762 лето“, „Скендербег“, „Автобиографија“ Признание: „Вториот Хомер“ по победата на поетскиот натпревар во Атина во 1860 година Кога се зборува за најголемите имиња во македонската културна и книжевна историја, невозможно е да се заобиколи […]

Кирил Македонски

Кирил Македонски (19. I 1925 – 2. VI 1984) е македонски композитор. Тој е автор на првата македонска опера „Гоце“ (1954), како и на оперите „Цар Самоил“ (1968) и „Илинден“ (1973). Покрај камерни творби, тој пишувал музика и за радиодрами, театарски пиеси, краткометражни филмови, како и за играниот филм „Македонска крвава свадба“. Кирил Македонски е роден на 19 […]

Георги (Ѓорѓи) Томов – првиот амбасадор на македонската култура во САД, патриот, уметник и пријател на сите Македонци

Георги (Ѓорѓи) Томов – Роден е во 1933 година во Струмица, Македонија, починал на 5 август 2008 година во Вејн (Wayne), Њу Џерси, САД Кога се зборува за македонската дијаспора во Соединетите Американски Држави и за луѓето кои најмногу придонеле за афирмација на македонската култура надвор од татковината, едно име неизбежно се издвојува – Георги […]

Кирил Пенушлиски

Кирил Пенушлиски (15. Ⅺ 1912 –  23. Ⅴ 2004) е македонски универзитетски професор, ректор, основоположник на македонската фолклористика. Објавил шеесетина книги, во кои се обработени најважните прашања од македонскиот фолклор. Заслужен е за објавените собрани дела на Марко К. Цепенков, и Стефан И. Верковиќ. Кирил Пенушлиски е роден во Солун на 15 ноември 1912 година. Завршил основно образование во родниот […]

Илија Милчин

Илија Милчин (19. VI  1918  – 11. III 2002) е македонски драмски, телевизиски и филмски актер, режисер, преведувач и публицист. Тој е еден од основачите на Македонскиот народен театар (МНТ), уметнички раководител и режисер на Обласниот МНТ во Горна Џумаја (Благоевград, Бугарија), за време на Културната автономија на Пиринска Македонија. Тој е еден од најголемите […]

To top