Среда, 08 Август 2012   
Од бога било пишано Македонија да страда од Грците

feljton4-240

Македонскиот преродбенски XIX век (4)

Македонскиот дописник на "Цариградски весник" (3. III 1860) пишува: "Оваа земја е Македонија - и ако ја погледнеме природата, наравите, обичаите, карактерот на жителите, нивниот став, нивната физиономија, исцело ќе ги препознаеме истите оние мажи што во старо време ги составувале фалангите на Александра Македонски". Затоа и учителот од Охрид што бил назначен од Општината во Солун (на местото на дотогашниот бугарски учител) гордо изјавува: "Јас не сум ни Бугарин, ни Грк, ни Цинцарин; јас сум чист Македонец, какви што биле Филип и Александар Македонски и Аристотел филозофот"

Во 1844 год. се појавува преводот на книгата за Александар Македонски што имаше широк прием токму во Македонија. Уште веднаш македонското име стана синоним на слава и гордост. Усните преданија и легенди за Филипа и Александра Македонски, заедно со оние за царот Самуил и кралевите Волкашин и Марко, најдоа поткрепа во печатената реч и поддршка од свештениците и учителите. Дека тие "вистини" веќе "сите" во Македонија ги знаеле сведочи уште В. И. Григорович. По патувањето во 1844-1845 година по Македонија тој соопштува: "Во всех виденних странах не слехал других имен, кроме Александра В. и Марко-кралјевича...".

Затоа не е чудно што и кривопаланечкиот учител Ѓорѓија Маќедонски во 1846 год. изјавува:

"Словенското писмо го научив од татка ми, Димитрија Маќедонски, кој што така се вика, зашто сме Маќедонци, а не Грци... И јас прекарот си го зедов Маќедонски, а не по татко ми и по дедо ми, за да се знае оти сме Словени од Маќедонија".

Слична е изјавата и на јерејот Димитрија од истиот крај во Македонија од 1848 година:

"За моето назначување најмногу се заложи г-н Михаил Македонски, зашто сум роден Македонец и службата си ја терам по словенски. Од бога било пишано, моето отечество Македонија да страда од Грците, па тие не ни даваат и денеска мир, иако сите знаат дека Македонија била постара држава и од нивното царство...".

feljton4

Архивски фотографии од протерани Македонци од Егејска Македонија

ОВАА ЗЕМЈА Е МАКЕДОНИЈА

Се во истото време и учителот во Кукуш, Д. Миладинов, како што сведочи Рајко Жинзифов, спорел со Гркот за посебноста на македонската народност. И токму поради таквата заинтересираност, и во зборникот на Миладиновци како прво од објавените преданија го наоѓаме она за Александар Македонски.

Истото тоа го одразува и македонскиот дописник на "Цариградски весник" (3. III 1860) кога пишува:

"Оваа земја е Македонија - и ако ја погледнеме природата, наравите, обичаите, карактерот на жителите, нивниот став, нивната физиономија, исцело ќе ги препознаеме истите оние мажи што во старо време ги составувале фалангите на Александра Македонски".

Затоа и учителот од Охрид што бил назначен од Општината во Солун (на местото на дотогашниот бугарски учител) гордо изјавува:

"Јас не сум ни Бугарин, ни Грк, ни Цинцарин; јас сум чист Македонец, какви што биле Филип и Александар Македонски и Аристотел филозофот". Си во тоа време (16. II 1865) и Венијамин Мачуковски бара за Стефан Верковиќ "приказни за Бела и песни за Александра и Филипа" и спори со Гркот за припадноста на Македонија врз основа на монетите од Александра (19. VIII 1865). И бугарскиот национален деец и писател П. Р. Славејков уште во 50-тите години слушал "од македонистите дека тие не биле Бугари, туку Македонци, потомци на древните Македонци" и дека тие "упорствуваат во своето македонско потекло".

ТИЕ СЕ ЦЕЛИ МАКЕДОНЦИ...

"Најпосле - ја започнува статијата Славејков - Македонското прашање излезе најаве и се покажа во печатот. Ние велиме најпосле, зашто ова прашање не е нова работа. Ние сме го слушале уште од пред десетина години од некои од Македонија. Отпрвин ги зедовме зборовите на овие млади патриоти како шега и како резултат на подигнатата температура на нашите нетолку сериозни расправии. Така и си мислевме ние до пред една-две години, кога нови разговори со некои Македонци ни покажаа дека не се во прашање само голи зборови, туку мисла што мнозина скаат да ја спроведат во живот". Својата етногенеза тие ја темелеле непосредно од античките Македонци:


"Кога старите Македонци живееле на истите овие места, - велеле - зошто и денешните жители да не се од македонска крв? Тие се цели Македонци... ".

Одговорајќи му на Славејкова, младиот македонски учител и учебникар Д. В. Македонски меѓу другото го потсетува:


"Македонците не се изгубиле од лицето на земјата, како што си дозволуваат некои да велат, зашто, колку што знаеме ние, тие не згрешиле некогаш, па да зине земјата и да ги голтне".
Таква беше свеста на нашиот писмен свет во половината на XIX век. Тие спореа со Грците за народноста и припадноста на античките Македонци. Но во тој судир со елинизмот, изразен пред се во борбата против грчките цркви и училишта, се појави во Македонија словенската и православна Русија со својот словенизам, но со "словенобугарско" озвучување - според идеологијата на Ј. Венелин. И кога во училиштата почнуваат да се појавуваат бугарски учебници и учители и македонското граѓанство првпат дојде во жив допир со бугарската книга и бугарскиот јазик, се констатира не само различност, туку и туѓост. Дури и кога преку авторитетот на руската наука и политика го прифаќаа бугарското обележје, Македонците се спротивставија со истакнување на својата посебност и Бугарите ги таксираа како Шопи. Не можејќи да го користат како етноним само словенското име, бидејќи се покажа етнички недиференцирано, Македонците го прифатија името на својата татковина што имаше континуирана традиција и беше поврзано со славно минато, а за да се разграничат и од Грците што со помош на европската наука претендираа за македонското античко име и наследство, тие настапија со комбинираниот и достатно диференциран поим "словеномакедонизам" (по примерот на веќе практикуваниот "славеносрбизам" и "славаноблгаризам") што често го идентификуваа со поимот "нашизам".

Така во нашата историја кај исти или кај различни личности од тој период се среќаваат разни и често сосем спротивставени декларации за народносната припадност. За да се сфатат поблиску овие процеси, ќе укажеме на паралелизмот на некои клучни пројави и настани првенствено во словенскиот свет. На пр., учените Словаци Јозеф Шафарик и Јан Колар станаа активни борци за создавање "чехословачки" јазик на "чехословачки" народ. Акцијата на Људевит Штур за сепарирање на словачкиот како одделен литературен јазик уште во истата 1846 год. предизвика решителна реакција. Да потсетиме дека токму во тоа време струшкиот грчки учител Димитрија Миладинов, по сугестија на младиот руски славист В. И. Григорович, направи прв обид за граматичка кодификација на македонскиот јазик, кога и словенечкиот поет Франце Прешерн како да се откажа од официјалниот германски јазик и во револуционерната 1848 год. веќе го создаде својот "Сонетен венец", а токму тогаш и црногорскиот владика и владетел П. П. Његош го објави својот драмски спев "Горски вијенац", додека во Прага беше одржан широко и шумно прокламираниот Прв словенски конгрес, а и во Виена беше отворена првата славистичка катедра под раководство на познатиот славист Фр. Миклошич. Само две години подоцна, во 1850 год. во Виена беше потпишана српско-хрватската спогодба за заеднички литературен јазик на Србите и Хрватите.

ВЕЧЕР пренесува дел од најновата книга напишана од академик Блаже Ристовски, главниот редактор на првата "Македонска енциклопедија". Издавач на двотомното историско дело е "ТРИ"

ПРОДОЛЖУВА: Прличев ги поврза Кирил и Методиј со Филип и Александар Македонски

ПОДГОТВИЛ: Де.Т.

 

На прво место

News image

Лефков: Артан Груби да не бега и да се врати во Македонија, одговорност за криминалот мора да има

Чистиот како солза Груби, кој првин се најде на црната листа на САД, а потоа и во центарот на крив...

Историја

News image

Писма на грчките војници за масакрите извршени во Егејска Македонија во летото 1913 година

Елинската армија ги гори сите славофонски села и ги убива сите славофони што ќе  ги фати!

Иселеници

News image

ОД ПРЕСПА ПРЕКУ БИТОЛА ДО ЛЕРИН ВО ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА (17)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

News image

ВО ВИТЛЕЕМ – РОДНОТО МЕСТО НА ИСУС ХРИСТОС (13)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН  ...

Фељтон

News image

СТИВ ПЉАКАС – ПРОМОТОР НА АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА (2)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА – ДЕЛ II

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.