|
|
Македонците во Албанија постигнаа договор за единство |
![]() Македонските здруженија на Македонците во Албанија постигнаа договор, да се обединат во единствената Македонска партија во Албанија - Македонска Алијанса за Европска Интеграција. Наскоро во Албанија предстојат локални избори каде Македонска Алијанса за Европска Интеграција повторно ќе претставува политички фактор. Македонска Алијанса за Европска Интеграција. апелира на претстојниот попис на населението во Албанија кој ќе се одржи во 2011, секој Македонец да се изјасни и декларира слободно како Македонец со што ќе биде дефиниран точниот бројот на македонското малцинство кое живее во Албанија, и е многу поголем од оној кој е претставен од Албанската власт. Во недела, на 28.Март е закажана вонредна конференција на Окружниот комитет на Македонска Алијанса за Европска Интеграција за Преспа во село Долна Горица. „Македонска нација“ тековно ќе ве известува директно од конференцијата. |