Среда, 12 Декември 2018   
Стив Пљакас и неговата посветеност на Античка Македонија (8)

111

СТИВ ПЉАКАС ВО ПОСЕТА НА АНТИЧКИОТ ЛОКАЛИТЕТ СТОБИ

Стоби go разгледaвме и се запознавме со голем број вистини за овој римски град. Притоа бевме информирани дека Стоби е древен град кој со својот урбан дел се наоѓа на три тераси, што се спуштаат кон Црна Река, опкружени со ѕидови, а на устието меѓу Црна Река и Вардар. Се претпоставува дека градот бил основан во 359 г. пр.н.е. Во 168г. пр.н.е., со победата на Римјаните над кралот Персеј, Македонија била поделена на четири области. Тогаш Стоби станал центар на трговија на третата област. Во 148 г. пр.н.е. Македонија станала римска провинција

Во еден топол попладневен јулски ден Стив Пљакас пристигна на аеродромот „Александар Македонски“ во Скопје. На аеродромот вриеше како во кошница, вообичаено за тој период од годината, кога илјадници патници доаѓаат и заминуваат од Македонија. Тоа е период кога можат да се сретнат бројни знајни и незнајни, познати и непознати македонски иселеници во прекуокеанските земји, Европската унија и други земји ширум светот.

Го видовме авионот кога слета на пистата и како да ни олесни што нашиот гостин безбедно ја допре македонската земја која тој ја почитува, длабоко е поврзан и како канадски Македонец ја изразува својата љубов кон дедовската земја. По петнаесетина минути од слетувањето на авионот од Виена, од царинскиот дел се појави нашиот гостин Стив Пљакас.

Му посакавме топло добредојде со одбрани зборови дека Македонија очекува вакви гости како што е нашиот гостин Стив Пљакас кој во срце и во душа ја носи Македонија и се упативме кон Скопје кон нашиот дом во центарот на главниот град на Македонија. Му приредивме пријатен престој во Македонија, наздравувајќи со убава тиквешка жолта ракија, за потоа да ги вкуси македонските специјалитети.

222

Стив, архиепископот Михаил и архимандритот Никодим

Другиот ден во утринските часови се упативме кон Архиепископијата на Македонската православна црква, каде беше закажана средба со полошко-кумановскиор ахиереј господинот Кирил, со кого Стив Пљакас беше пријател и се среќаваше повеќе години на северноамериканскиот континент и во Македонија.

Средбата беше христијанска, пријателска, срдечна и значајна за Стив, кој, меѓу другото, на митрополитот Кирил му ги предаде подароците од неговото семејство, му ги пренесе поздравите од Управата на Македонска православна црква „Свети Климент Охридски“, како и од поголем број заеднички пријатели и истакнати иселеници во Канада.

На средбата со првиот архијереј на Американско-канадско-македонската епархија, митрополитот Кирил, се разговараше за поголем број прашање што беа од суштинско значење за македонските православни цркви во Канада и САД, за улогата и напредокот на македонските заедници во дијаспората. Средбата заврши со покана за посета на Лешочкиот манастир која се реализира во текот на престојот на Стив во Македонија. Разговорот траеше неколку часа, а средбата остави убави спомени за гостинот од Канада.

Вечерните часови ги искористивме за прошетка низ Скопје и запознавање со некои нови објекти од историјата и културата, со кои Стив Пљакас се сретна за прв пат. Особено внимание посветивме на споменикот на Александар Македонски, или „Споменикот на воинот“, како званично се вели. Стив беше одушевен од идејата што се постави еден таков монументален споменик во главниот град на Република Македонија.

Споменикот на Александар Македонски нè инспирира да разговараме за античка Македонија, за Филип и Александар. Исто така, разговаравме и за старото знаме со сонцето од Кутлеш (Палатица), како и за новото знаме на Република Македонија, кое според некои историчари и новинари потекнува од времето на Исус Христос.

Во таа пригода Стив Пљакас рече дека го почитува новото знаме, но не смее да се заборави дека и знамето со сонцето од Кутлеш е омилено како и новото кај Македонците во дијаспората, кои со голема љубов ги истакнуваат двете знамиња. Исто така, стана збор и за бројните прашања сврзани со античкиот период на Македонија, а со тоа и за поврзаноста на Македонците од Канада со оваа проблематика, како и за неговото патување до Пакистан.

333

Стоби

Наредниот ден во утринските часови, заедно со поранешниот министер за иселеништво во Владата на Република Македонија, м-р Мартин Треневски заминавме од Скопје за Велес, каде Стив имаше желба да го види седиштето на Повардарската епархија и да се запознае со проблемите во неа. По прошетката низ центарот на родниот град на големиот македонски поет Кочо Рацин, поминавме покрај епархиската зграда и се упативме кон реката Бабуна, оттаму заминавме кон автопатот во правец кон Градско и Стоби.

Во Стоби бевме пречекани од една пријатна девојка која работи како кустос во археолошкиот локалитет. Таму останавме повеќе од еден час, разгледувајќи и запознавајќи се со голем број вистини за овој римски град. Притоа девојката не информира дека Стоби е древен град кој со својот урбан дел се наоѓа на три тераси, што се спуштаат кон Црна Река, опкружени со ѕидови, а на устието меѓу Црна Река и Вардар.

Бевме информирани дека кај археолошкиот локалитет Стоби минувале главните патишта кои ги сврзувале областите на преден Дунав со медитеранските земји, уште од предисторискиот период. По овој главен пат на Балканскиот Полуостров се движеле културните влијанија од југ кон север и обратно. Црна Река, од друга страна, пак, претставувала природен пат кој ги сврзувал централните области на Македонија со Егејското Море, Така, градот Стоби заземал мошне значајна стратегиска, воена и трговска позиција во античкиот период.

Исто така, бевме информира дека според старите пишани извори за Стоби се споменува за победата на Фили V, кралот на Македонија над Дарданците во 197 г. пр..н.е. Во тој слободен период на Македонија со истражувањата под неколкуте градби во централното подрачје на подоцнежниот град, констатирани се слоеви од III и II век пр.н.е., а пронајдени се бронзени предмети од класичниот и архајскиот период, како и поединечни керамички предмети од неолитскиот период.

Се претпоставува дека градот бил основан во 359 г. п.н.е. Во 168г. п.н.е., со победата на Римјаните над кралот Персеј, Македонија била поделена на четири области. Тогаш Стоби станал центар на трговија на третата област. Во 148 г. п.н.е. Македонија станала римска провинција.

stobi1Стоби

Во текот на римскиот период Стоби бил значаен и влијателен град. Тој бил епископско средиште уште од 325 година. Во текот на IV и V век, овде биле подигнати повеќе импозантни цркви, како по својата големина, така и по својата внатрешна декорација со богато архитектонско украсување, мозаици, фреско-живопис и структура, од кои голем дел биле најдени при ископувањето.

Интересно е да се спомене дека во Стоби постоела и еврејска заедница од III век и таму имало синагога која била уништена при крајот на IV век и над неа е подигната ранохристијанска базилика.

Во откриениот дел на Стоби досега се откриени и проучени повеќе архитектонски објекти, и тоа профани и сакрални градби со јавна функција, потоа приватни куќи, бањи, терми, театар, дел од градските бедеми, улици, форумот и главниот влез во градот.

Продолжува

snk

Пишува: СЛАВЕ КАТИН

 

На прво место

News image

Нема лага на СДС која не им се удри од глава

Нема лага на СДС која не им се удри од глава, лажеа за Мицкоски, Христовски и повторно се разголеа...

Историја

News image

Писма на грчките војници за масакрите извршени во Егејска Македонија во летото 1913 година

Елинската армија ги гори сите славофонски села и ги убива сите славофони што ќе  ги фати!

Иселеници

News image

ОД ПРЕСПА ПРЕКУ БИТОЛА ДО ЛЕРИН ВО ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА (17)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

Фељтон

News image

СТИВ ПЉАКАС – ПРОМОТОР НА АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА (2)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА – ДЕЛ II

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.