Среда, 30 Јануари 2019   
Премиера на РУГАЊЕ СО ХРИСТОС во Сиднеј

ruganje so Hristos 2Премиера на РУГАЊЕ СО ХРИСТОС во Сиднеј

Минатиот петок 25 јануари, до последно место исполнетиот Civic Theatre во Хрствил, предградие на Сиднеј, се изведе премиерата на филмот „Ругање со Христос“ од Јани Бојаџи. Следниот ден следеше втората проекција во истиот театар. Исто така во државата Нов Јужен Велс вакви проекции следеа во градовите Канбера, Волонгонг и Њукастел. На сите проекции присуствуваше режисерот и сценарист Јани Бојаџи со членови од Советот на Македонците од Австралија од Мелбурн. Организатор на проекциите во Сиднеј беше Македонскиот советот од НЈВ.

ruganje so Hristos 3„Ругање со Христос“ е едно изврсно уметничко дело кое иако забрането од сегашната дискриминаторска за Македонците влада на Република Македонија ќе остави длабоки траги во македонската и светската киномотографија. Не случајно минатата година на филмскиот фестивал во Монтреал освои прва награда за иновација. Тешко е да не се споредуваат вакви врвни уметнички дела кои длабоко џбараат во душата за постоењето на човекот во кој се вплеткани јазоли на минатото, сегашноста и иднината (кои се одсликувани на повеќе слоеви или на повеќе-аголското огледало). Над сето тоа диригира дневната политика, надворешните влијанија и интереси и идеологијата која уште повеќе ја фрагментира душата – за да остане некаде да лебди меѓу живите и мртвите. Ех да ми простат, американците и авропјаните вакви филмови никогаш не направиле и нема ни да направат. Во нивните филмови не се одсликува или испитува душата на човекот, ниту како чука срцето, ниту пак се прикажува човечката топлина за да се покаже дека зад себе овие западно-европски култури имаат нешто човечко. Тие следат некои клишеа со кои сакаат да докажат дека „ете тие се тие кои го спасиле светот од пропаст“ иако тие се тие кои го пропаѓаат и унишуваат, тие се тие кои ја уништуваат Македонија... полека ја истиснуваат македонската душа, ја цицаат нашата крв за да патиме и никогаш за да не завладееме со себе... Јазолот македонски толку многу е исплеткан што тешко може да се одврзе и разбере, а толку многу јазолчина се прилепиле до истиот што животот станува уште поисплеткан како да нема крај, но Јани преку камерата и нарацијата така успешно ни го открива крајот што носи почеток, но многу поинаков поради последите на минатото. Секој од гледачите со себе понесе различно мислење за ова ремек дело како и за крајот на приказната, во зависност од нивните поранешни искуства, а дали животната приказна има крај? Крајот може да биде почеток на нешто ново...

Темата во однос поробениот Егејски дел на Македонија често се обработувала во сите сфери на креативноста но малку помалку некој се осврнувал на последиците од така наречената Граѓанска војна за македонското домородно население кое не пребегало, на децата и родителите кои не беа убиени или кои не биле избркани. Тие беа принудени да си го сменат не само името туку јазикот и културата – да се плашат од својата сенка дека се Македонци. Атињаните применија секакви методи, генот на Македонците да се измени и сегашните генерации да патат од последиците на своите родители како што и нивните деца во иднина ќе патат од последиците на нивните сегашни одлуки. Како што се верува со егзодусот на Македонците кои физички се одделија од Македонија им се пресече телото од душата но ќе се спојат во рајот- пак да бидат заедно. А пак која генерација сме ние (попаметни и поитри од претходната?) да ги разврзиме врзулците на историјата кои толку загатно ги преплетувале луѓето во минатото, а и сегашноста. Во Македонија има и пекол и рај. Кога сите луѓе се еден против друг, Господ е против сите.

Не е ни чудно што филмот е забранет во Македонија каде сега владее фашизмот. Слободата на говорот и креативноста се загушуваат. Се загушува македонското во корист на бугарското, грчкото, српското, албанското... со цел да им се пикнат во смрдените гаќи на Европа...Се сака да се прикријат злосторствата на Албанците и нивниот тероризам, да се прикаже дека истиот имал „ослободителен карактер“. Друг диригира во Македонија, а Македонците постанаа шупелка и свират само на задната дупка на свиралото. Сведоци сме на она што се случува во Република Македонија каде во собраниете се собрале 80 разбојници-среброљубци, со водач кој е под влијание на ѓаволот и кој има интелегенција на црв, кои се обидуваат да изменат, обезличат, уништат... спротивно вољата на народот, без да се свесни дека еден ден за лошите дела ќе си платат, ако не тие, нивните деца, внуци и правнуци – тој круг на негативна енергија што ја креираат некаде треба да застане, а тоа е секогаш во истиот круг на оној што го започнал. Тие не се свесни на последиците. Кога на едно етничко, присилно дојдено племе од некаде, им се даде повеќе право од на домородното население тогаш тоа е чиста агресија што ќе доведе до етничко чистење на македонското население. Се виде што направија просфигите во поробениот Егејски дел на Македонија.

Честитки до Јани Бојаџи и целиот негов тим кој беше составен од артисти од повеќе националности, а истиот беше сниман во Македонија, Франција и Грција. Тој не врати на минатото, сегашноста и ни покажа каква можна, во зависност од нас, иднина можеме да имаме. Филмот, препорачувам да се види од секој Македонец, без разлика на генерациите, а и од другите националности како и од Албанците и Грците за да видат дека агресивноста може да донесе само агресивност, тие немаат право да уништуваат и да владеат над никого, а најмалку над Македонците.

Честитки и до Советот на Македонците од Австралија што овозможија да се прикаже филмот во повеќе градови во Австралија и Нов Зеланд, до Македонскиот совет на НЈВ и повеќе организации и индивидуалци кои се приклучија кон оваа племенита акција да се расветли вистината за минатото и сегашноста. Иднината е во нас – Македонците, и во зависност на нашата свест, сила и храброст само ние можеме да си ја одлучуваме.

ruganje so Hristos 1

ruganje so Hristos 4Душан Ристевски-Македон

 

На прво место

News image

СДС тоне по рејтинг но се обидува да го спаси и заштити Груби

  СДС тоне по рејтинг но се обидува да го спаси и заштити Груби, СДС мисли дека ќе избега од п...

Историја

News image

Писма на грчките војници за масакрите извршени во Егејска Македонија во летото 1913 година

Елинската армија ги гори сите славофонски села и ги убива сите славофони што ќе  ги фати!

Иселеници

News image

ОД ПРЕСПА ПРЕКУ БИТОЛА ДО ЛЕРИН ВО ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА (17)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

Фељтон

News image

СТИВ ПЉАКАС – ПРОМОТОР НА АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА (2)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА – ДЕЛ II

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.