Среда, 27 Мај 2020   
Волф Ошлис: МАКЕДОНИЈА

1o1ЕНЦИКЛОПЕДИСКИ ПРИЛОГ ЗА МАКЕДОНИЈА

Волф Ошлис: МАКЕДОНИЈА  (Прилози кон културната историја), Визер издаваштво, Клагенфурт/Целовец, 2020)

Проф. д-р. Волф Ошлис, како афирмиран македонист, е автор на голем број статии и книги за македонската култура, јазик и историја, но и за современите состојби во Македонија. Во неговиот работен век покрај публицистичката дејност што ја посветува на земјите на Источна Европа, со голема љубов се занимава, пишува, истражува и открива вредни историски факти за Македонија, посебно за германско-македонските културни врски во минатото, со посебен акцент за делата на германските публицисти, писатели и научници, кои зад себе оставиле капитални и исклучително значајни дела  за Македонија, како што се Леонард Шулце Јена, Франц Дофлајн, Карл Штруп, Густав Вајганд, Херберт Ертел... Тоа е резултат на неговата истражувачка но и публицистичка работа од околу половина век, работа која со голема љубов ја остваруваше како осведочен пријател на Македонија, на земјата за која честопати ќе рече дека првата средба со Македонија му била како љубов на прв поглед, затоа и меѓу Македонците е познат како германски Македонец или македонски Германец. Волф Ошлис на дело ја покажуваше љубовта кон Македонците и Македонија и со вклучувањето во многу активности на македонската дијаспора во Германија и со поддршката што ја даваше. Знаеше да биде остар критичар на состојбите кога поголемите сили или соседите и наметнуваа неправична политика на Македонија. Како резултат не неговата македонистичка дејност, тој напиша и објави многу статии и вредни дела за Македонија. За некои од нив доби и високи награди. Го има објавено, меѓу другите, како коавтор со Вера Боиќ - првиот „Учебник по македонски јазик“ печатен надвор од границите на поранешна Југославија (во 1984 година), а кој Ошлис целосно го преработи, дополни, го збогати со обемен вовед и повторно го објави во 2007 година. Автор е на неколку книги објавени во Германија, меѓу кои „Македонија 2001 – 2004: Воен дневник од една мирна земја“ (2004), на студијата „Македонија“ во серијата „Студии за земји“ (2004), „Македонија“ (2012), како и книга за мајка Тереза (2009). Преведувач е на изданието на германски јазик на „За македонцките работи“ на Крсте П. Мисирков (Скопје 2012) и автор на книгата на македонски јазик „Гермакедонија (Студии за македонско-германската заемност низ вековите)“ („Македоника литера“, Скопје 2012) која содржи четириесетина студии, статии и други прилози за Македонија, односно за заемните културни врски меѓу Македонија и Германија.

Проф. д-р Волф Ошлис е извонреден познавач на културната историја на Македонија Потврда за тоа е неговата најнова книга „МАКЕДОНИЈА (Прилози за културната историја)“, со докази и факти низ бројни текстови опфатил целокупен преглед на историјата, културата, јазикот и македонската литература. Ова е едно вредно дело со тематика од Александар Македонски до најновото време. Меѓу другото, пишува и Охрид, за кој се знае дека е „Балкански Ерусалим“, за браќата Константин и Димитар Миладинов, како поборници за македонската национална култура, а се разбира и за Крсте Петков Мисирков и за неговото значајно дело „За македонцките работи“. Во статијата за Блаже Конески, Волф се осврнува кон еден прогресивен научник за македонскиот јазик и азбука. Потоа за Кочо Рацин, како втемелувач на современата македонска литература. Не го изоставил ниту поглаварот на Македонската православна црква г.г. Михаил. Во неговите статии компетентно и аргументирано ги коментира и премрежињата за опстанок на земјата во времето на распадот на Југославија, кога Македонија остана своевидна „оаза на мирот“ на Балканот. Тоа беше виорно време кога Балканот, таканаречено „бурето Барут“, беше експлодирало и со години се водеа незамисливи војни, на просторите на една Титова Југославија, на едно братство-единство кое се претвори во братство-убиство, па сѐ до немилиот конфликт со Албанците во 2001 година. Покрај тие видувања Волф Ошлис Македонија пред светот ја преставува посебно со споровите со Грција, и дополнително се произнесува за Европската Унија. Посебно ги објаснува споровите со името на Република Македонија, за идентитетот и егзистенцијата на македонската држава. Авторот Волф Ошлис извонредно ја претставил Македонија од времето на Александар Македонски до Киро Глигоров, првиот претседател на самостојна република Македонија. Експертот за источна Европа Волф впечатливо ја има опишано античката Хераклеја, магичното археолошко Стоби, како и таканаречениот балкански Стоунхенџ – Кокино.

Како исклучително динамичен истражувач и научен работник ја проучил и балканската регионална јазична култура за време Османската империја, а посебно се осврнува кон Македонија, која лежи во срцето на Балканот. В. Ошлис впечатливо се осврнува и на македонската култура под бугарска окупација во 1913 година. Во суштина германскиот македонист и славист успешно ги согледал состојбите, повикуваќи се на аргументите и историските факти, објаснувајќи ги со коментари гледани од бугарски аспект. А попатно не ја заобиколил ниту граѓанската војна во Грција од 1946 до 1949 година. Како еден од најдобрите познавачи, проучувачи и афирматори на македонската култура во книгата „Прилози кон културната историја“ Волф Ошлис во една од статиите се осврнува на културните медиуми, радиото, ТВ, печатот, книгите и графитот. Со совршени информативни сознанија, тој раскажува за нивниот живот во времето пред околу еден век во 1920 како и во времето по Втората светска војна па сѐ до најновото време. Политичкиот аналитичар Волф Ошлис со своите извонредни статии јасно ја докажува својата поврзаност со Македонија и кои се резултат на повеќедецениски труд, а со што тој дава вистински печат на најважните пунктови од културната историја на Македонија. Во над триесетина статии Волф Ошлис ставил јасен акцент и на својата борба како поборник на афирмацијата на македонската посебност, но истовремено остава впечаток на ерудитивен, темелен и компетентен познавач на македонската културна историја, а со тоа и на македонската историја.

Затоа оваа книга е книга која за секој Македонец кој си ја почитува својата културна историја и своите корени и за него таа преставува како лична карта за идентитетот и привлечна лектира за својата национална историја. Но истовремено таа е и книга во која меѓу редови може да се прочита љубовта На Волф Ошлис кон Македонија.

Саво Костадиновски

 

Историја

News image

Македонија, мојот копнеж – Манојил Мане Јаковлески (61)

Милче Милошевски денес е пензионер кој од детство другарува со Маноил Мане Јаковлевски. Нивното др...

Култура и туризам

News image

Настанување на селото Лазорополе и потеклото на неговите жители

Лазорополе за прв пат се споменува во Кодиката (книгата на дарители) на манастирот Слепче, во вторат...

Фељтон

News image

БАЛКАНОТ И МАКЕДОНИЈА (28)

ПОТЕРА ПО АРГОНАУТИТЕ И НИВНОТО ВРАЌАЊЕ – ДЕЛ I Кога Јасон и Медеја дошле на брод...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.