Среда, 25 Мај 2022   
ЕВРЕИТЕ - ЕДНА ОД НАЈСТАРИТЕ ЦИВИЛИЗАЦИИ (4)

1izse

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ИЗРАЕЛ И МАКЕДОНИЈА“ НА СЛАВЕ КАТИН

Да се посети Светата земја значи да се доживее нешто што останува трајно во сеќавањата на посетителот, нешто недоживеано библиско, свето и човечко; нешто ново и карактеристично само за Израел, за еврејскиот народ и за арапскиот свет, а нај­повеќе за христијаните. Тоа го потврдивме при нашата посета на оваа по многу нешта единствена и карактеристична земја, каде се доживува едно неопишано чувство на чуд­на мешавина на старото и на новото, на историјата и, на Библијата...

Таму се чувствува ду­хот на историјата; таму човек се запознава со библиските преданија, со сé она што е по­врзано со трите вери на човекот: јудејската, христијанската и муслиманската. Тоа е зем­јата каде се обединија еврејските племиња – Израелците и Јудејците во едно цар­ст­во на чело со водачот на Јудејците царот Давид.

Тој успеал да ги разбие Филистејци­те, а Еруса­лим – Светиот град да го прогласи за престолнина на државата. Во Ерусалим, царот Со­ло­мон, синот и наследникот на Давид, го изградил прочуениот Храм посветен на евреј­ски­от Бог Јехова, од кој денес е останат само Ѕидот на плачот, симболот на се­кој­дневна­та средба на Евреите од целиот свет со својата судбина.

Ерусалим е местото од каде што сé почнало и каде сé ќе заврши на Судниот ден. Израел за христијаните е Света земја и местото каде се родил Исус Христос – Синот божји, кој дошол меѓу луѓе­то, ги подучувал да се здобијат со добродетелство, да му служат на доброто, а да го из­бегну­ва­ат злото.

Ерусалим е местото каде Исус Христос бил осуден на смрт со распну­ва­ње на крст, за потоа да воскресне. Таму, во Ерусалим, се наоѓа Куполата на Карпата и џа­мијата Ал – Акса, чие име значи „најдалечниот пат“ зашто муслиманите веруваат де­ка по Мека и Медина, Ерусалим е третиот град по значење во исламот, од каде проро­кот Мухамед го примил Куранот.

Посетата на Израел, а со тоа и на најголем број свети места, беше остварена на покана на министерот за иселеничка апсорпција професор Лили Тамир. Делегацијата на Агенцијата за иселеништво од Република Македонија, предводена од м-р Мартин Треневски и неговата сопруга д-р Василка Попоска -Треневска, а во која се наоѓаше и авторот на овој и на наредните текстови, Славе Катин со сопругата  проф. Нада Николовска-Катин, оствари значај­ни средби и разговори во Министерството, како и со претставници на Агенцијата за исе­­леништво на Израел, „СУХНУТ“, Музејот за дијаспората и Музејот за холокаустот на Евреите „Јад ва'Шем“. Исто така, делегацијата посети бројни свети места, значајни кул­тур­но-историски и други споменици кои оставаат длабоки траги кај посетителот.

А, жел­­бата на секој дојденец, верник, намерник или случајник е повторно да ја посети Ве­­тената земја за да се доживее и поубаво да се почувствува сé она што го остави­ла историјата на човекот. А, таму во Израел, има што да се види, научи, да се доживее, да се прошират видиците, сознанијата, духот и духовното живеење. Таму човек се чув­ст­ву­ва повозвишен и  позначаен како човечко битие.

Таму луѓето зборуваат раз­лич­ни јазици: од еврејски и англиски до руски и шпански, но нивните срца и чувства се едни исти – израелски. Таму се отвораат сите сетила и секој кој ќе дојде во Израел, се труди што повеќе да види, да научи, да почувствува, да запамети како сознание, да го дожи­вее сето она што се случувало со векови пред христијанството и по него, како и во се­гашноста на прагот на третиот милениум..

Според библиските преданија Израел значи човек кој се бори со Бога. Тоа е име што му го дал ангелот на Јаков на потомокот Јаков, непосредно пред состанување­то со брат му Исав на крајот од тешката ноќна борба со непознатото битие. Неговите дванаесет синови се зачетници на дванаесетте израелски племиња; а изразот „синови изреалски“ ги означува сите Евреи. Првиот израелски цар бил Саул. По него дошол да­леку помоќниот Давид, кого го наследил син му Соломон.

По неговата смрт царството се распаѓа на Јужно – Јудеја и Северно – Израел. Израел било поголемото и помоќното царство составено од десет племиња со двојно поголемо население од Јудиното цар­ст­во и имало три пати повеќе земја и обработлива почва.

Земјата се збогатила преку тр­говија зашто низ неа минувале значајни трговски патишта. Таквата состојба траела око­лу 200 години, сé до освојувањето на Асирците во 721 година пред Исус Христос, кога племињата биле раселени низ Сирија и Северното царство. Ова Израелско Царст­во никогаш повеќе не се обновило под истото име сé до 1948 година, кога се појавила втората, денешната држава Израел.

Израел, или на еврејски Medinat Israel, е еврејска држава во Палестина, во Ветената земја на Евреите, во која дошле по ропството во Египет и долгото лутање по пустината. Името, пак, Палестина, на еврејски Erez Israel (потекнува  од Филистејци­те) најголемите непријатели на Евреите, го добила од Римјаните. Сите настани во Све­то­то Писмо (Библијата) се случувале токму во Палестина, која секогаш е третирана како род­на земја на Евреите.

Зборот Евреи, на еврејски Ivrim има неколку значења. Едно од значењата е: дој­ден­ци, оние кои дошле од друга земја, име со кое другите народи ги нарекуваат Изра­ел­ците. Аврам се нарекувал Евреин, а Мојсеј добил запо­вед на фараонот да му преда­де порака од „еврејскиот Бог“.

Во Новиот завет, во Делата апостолски со името Евреи се нарекувале палестинските христијани, кои зборувале ев­рејски или арамејски. Не постои „еврејски“ или „еврејски јазик“ како ознака на древ­ниот јазик на Евреите во Стариот завет. Древниот еврејски јазик се нарекувал кана­ан­ски или јудејски јазик.

Из­разот „еврејски јазик“ што се среќава во Новиот завет се од­несува на арамејскиот ја­зик. Тој јазик во последните векови пред појавата на Исус Хрис­тос, го истиснал евреј­ски­от во богослужењето. Другото значење за името Евреи, ја означува семитската гру­па племиња кои дошле во Арабија и се населиле во Канаан.

Тие живееле како од­воени групи околу 1.000 години пред Христа кога опасноста од Филистејците ги при­нудила да се здружат под заедничкиот цар Саул. За време на владеењето на Давид и Со­ломон, Евреите доживеале најголем напредок, но по смртта на Соломон се подели­ле во две независни царства.

Продолжува 

1slav kat Пишува: СЛАВЕ КАТИН

 

На прво место

News image

Пендаровски во суштина е кукавица

Мицкоски: Додека Стево се прави Мајка Тереза му стигна одговор од американската Фридом хаус која г...

Историја

News image

Трлиски инцидент

По Првата светска војна, соочени со фактот дека големите сили ја санкционираа поделбата на Македониј...

Иселеници

News image

Волф Ошлис: МАКЕДОНИЈА

ЕНЦИКЛОПЕДИСКИ ПРИЛОГ ЗА МАКЕДОНИЈА

Култура и туризам

News image

Археологија на македонскиот дух

Марија Емилија Кукубајска

Фељтон

News image

ВИСТИНАТА ЗА МАКЕДОНЦИТЕ ВО САД И ВО КАНАДА – (ДЕЛ I) (27)

ДЕЛ ОД ЖИВОТОТ НА АТАНАС БЛИЗНАЈОВ ВО МОНОГРАФИИТЕ НА СЛАВЕ КАТИН

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.