Среда, 22 Јуни 2022   
СУДБИНАТА НА СЕМЕЈСТВОТО СКЕНДОВИ ОД ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА (4)

1eg1

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „СЕЌАВАЊА“ НА ДАНА СКЕНДОВА – СКОТЛАНД ОД ТОРОНТО 

Да се пишува за минатото и сегашноста за Егејска Македонија, земјата на семејството Скендови, за поделена Македонија е одговорна задача, но истовремено причинува големо задоволство. Тоа е причина што често се вели дека Македонија е најубавата земја на Балканот, а егејскиот дел на Македонија е срцевината на таа македонска убавина. И не случајно, зашто на тие простори некогаш било седиштето на македонската  држава на Филип и Александар Македонски и на бројни знајни и незнајни јунаци. Ете зошто нивните потомци блеснуваат на хоризонтите на македонската иселеничка галаксија, со харизма каква што можат да имаат само ѕвездите на македонското небо. 

Денес, Егејска Македонија опфаќа голем дел од Долна Македонија. Од вкупната површина на Македонија, егејскиот дел на Македонија зафаќа 34.153 квадратни километри, половин од цела Македонија. На север се граничи со Вардарска и Пиринска Македонија, како што се денешните граници на Грција спрема север, на запад со Албанија и Епир, од кои ја делат планините Иван и Пинд. На југ граничната линија достига до Тесалија, од која се разделува со планините Камвунија, Перија и Олимп и се мие од Егејското Море, а на исток досега до реката Места.

Карактеристиките на релјефот на Егејска Македонија се состојат во тоа што планините ја делат земјата на многубројни мали и големи низини и котлини, со голем број реки и езера. Според денешната администрација на Грција, Егејска Македонија е поделена на следните окрузи: Костурски, Кожански, Лерински, Воденски, Кукушки, Солунски, Серски, Драмски, Кавалски и Халкидиски округ.

Мајката природа на Егејска Македонија ѝ подарила богатство од убавини и атрактивности. Во исто време, историјата ѝ оставила непроценливи траги од значајни настани. Затоа Македонците од Егејска Македонија каде и да се во родниот крај или надвор од него, се радуваат со сето тоа што го има во сите делови на поделена Македонија, се гордеат и го чуваат таквото богатство за идните генерации.

Егејска Македонија е земјата со чие име уште во античките времиња се означувала малата покраина во непосредна близина на Пела - престолнината на античкото Македонско Царство. Во тоа време Македонија го опфаќала просторот меѓу денешното исушено Пазарско Езеро и долниот тек на реката Вардар. Но, со проширувањето на границите на Македонското Царство, постепено пораснала и областа означена со името Македонија, која античките Македонци ја делеле на Горна и Долна Македонија, пред сè, заради нејзините географски карактеристики на просторот. Сепак, таквата поделба на Македонија има политичко, културно, воено и административно значење

Националниот состав на населението во егејскиот дел има претрпено големи етнички измени, особено по Балканските војни и по поделбата на Македонија. До Балканските војни македонското население во Егејска Македонија било најбројно. Македонците под грчка власт биле и сѐ уште се подложени на асимилаторски тортури и присилна емиграција, со единствена цел да се измени етничкиот состав на Македонија. Меѓутоа, Македонците не само што постоеле, постојат, туку и ќе постојат, зашто не е лесно да се искорени еден народ таму каде што живеел со векови и покрај сите мерки на насилство и денационализација.

Македонскиот народ, според своите карак- теристики и обичаи, јазично и етнички ѝ е туѓ на Грција. Од тие причини грчката буржоазија од првиот момент, кога ја проширила својата власт над Егејска Македонија, изградила политика на физичко истребување на македонскиот народ и менување на етнолошкиот состав во своја корист. Тоа го прифатила како основно средство, уште повеќе што обилните материјални средства, дотогаш вложувани преку Патријаршијата и училиштата во Македонија не го дале очекуваниот резултат.

Грчката буржоазија, со намера да го избрише секој белег што потсетува на македонскиот карактер на Егејска Македонија, во ноември 1926 година донела закон за замена со грчки имиња на селата и градовите, називите на планините, полињата, топонимите, реките итн. Тој закон е објавен во службен весник на грчката влада „Ефимеристис кивернисеос” бр. 332 од 21 ноември 1926 година, а во истиот весник бр. 346 се објавени новите грчки имиња.

1eg12

Лерин

Во Егејска Македонија, недалеку од Лерин се наоѓа селото Неволјани, родното место на моите родителите, каде што тие поминале пријатни и тажни времиња. Таму денес владее национално и политичко ропство. Грчките националисти и шовинисти прават големи усилби да го обезличат македонскиот национален дух и да го уништат и длабоко да го закопаат богатото историско и културно минато на македонскиот народ од Егејска Македонија. 

Ако тргнeте од Солунското Поле или од Битола бабам Битола, со намера да појдите на визита или подолго да бидете гостин во Лерин и во селото Неволјани, тогаш е сигурно дека ќе бидете маѓепсани кога пред вас се отвораат рајските убавини на овој дел распослан во егејскиот дел на Македонија, познат и запаме- тен и како простор на македонскиот непокор, слава и историја.

Лерин е прекрасно место со карактеристи ни белези, со македонски богати и зачувани обичаи, традиции, минато, сегашност и иднина. Низ записите и преданијата, се потврдува дека во него и околината, особено во Неволјани со векови најбројни биле Македонците по род. Многуте генерации Македонци, и покрај сите тегоби и притисоци, го зачувале засекогаш мај чиниот јазик, угледот и гордоста. Тие особини се забележуваат на еден или друг начин и денес кога се доаѓа во градот, а особено во околните села. Не така одамна Лерин беше поврзан и со редовна железничка пруга со Битола, потоа прекината, па веќе се работи на тоа повторно да биде во функција овој железнички правец кон Република Македонија.

Лерин е значаен и главен град на префекту- рата уште пред сто години, по ослободувањето од Турците. Постојано бил во фокусот на настаните. И во бунтови и во војни, бојкоти, прогони и во мир, развој и просперитет. Оставиле траги во него неправдите и злокобието, теророт на режимите и негирањето на Македонците, но и нивните градителски потфати и национални успеси.

Од леринскиот регион многу борци ги дале своите животи носени од идеалите за слобо- ден македонски народ и земја. Исто така и за учеството на партизаните во Демократската армија на Грција, платија огромна цена со големи жртви,убиства, ѕверства и терор. Тоа историјата не го заборава.

Кога ќе се стапне во Лерин, набргу се чувствува магијата на животот низ вековите, како и на гостољубивите Македонци, раскошната архитектура, традиционализмот, но и новото и прогресивното. Кога ќе се седнете на кафе, локум или пресна бира и рујно вино на некој од познатите сокаци и булевари, пред посетите- лот како да дефилира времето и настаните.

Но треба да се знае дека во Лерин се седиштата на партијата на Македонците „Виножито“ и Редакцијата на првиот македонски весник „Зора“. Не е далеку ни Археолошкиот музеј, Уметничката галерија, многуте примероци на архитектонските решенија карактеристични за ова место. Таму има традиционални куќи што ги задржале белезите на времето, натаму има школи, градското собрание, клубови, кафулињата, местата за одмор и рекреација....

Продолжува 

1slave 1 Пишува: СЛАВЕ КАТИН

 

Историја

News image

Писма на грчките војници за масакрите извршени во Егејска Македонија во летото 1913 година

Елинската армија ги гори сите славофонски села и ги убива сите славофони што ќе  ги фати!

Иселеници

News image

ОД ПРЕСПА ПРЕКУ БИТОЛА ДО ЛЕРИН ВО ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА (17)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

Фељтон

News image

СТИВ ПЉАКАС – ПРОМОТОР НА АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА (2)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА – ДЕЛ II

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.