|
|
25 годишнина од формирањето на ТНМРО во Перт, Западна Австралија |
Како резултат на активноста на Австралијско-Македонско Културно-Просветно Здружение,на Перт, Западна Австралија, во 1985 година, ја формиравме Тајната Народна Македонска Револуционерна Организација (ТНМРО).Овој материјал е оригинален од тоа време, а е земен од мојата книга: Тајното Македонско Револуционерно Движење од Австралија, 2009 година, Македонија-Австралија, ИСБН: 13978-9989-2935-4-2![]() Пишува: Јанко ТОМОВ, Бризбен, Австралија Од меѓусебните контакти со Крсто Шкодров, Марко Спирковски и Гоце Таневски, решивме да формираме македонска национална организација по што решивме да почнеме да размислуваме за име на истата. Тоа го сторивме на 4 декември 1985 година. Состанокот заврши со мегјусебно стискање на рацете. Исто така решивме меѓусебно да си ја споиме крвта, како заклетва и во знак на верност еден кон друг и кон Македонската национална идеја. Со Гоце тоа го сторив во хотелскиот бар во Мосман Парк (близу до реката во чија близина живеев). Потоа, околу Божик, се собравме јас, Гоце, Крсто и Марко во се уште незавршената кукја на Гоце Таневски и тука исто така си ја споивме крвта со сеченје на рацете, а потоа дадовме свечена заклетва. Заклетвата ја донесе Крсто, а јас гласно ја читав дел по дел, додека останатите по мене повторуваа. Поминаа Божикните и Новогодишните празници и ние повторно официјално се состанавме на 25 февруари 1986 година. На состанокот беше предложен следниот дневен ред: 1. Формиранје на организацијата, 2. Разговори и советување со лица од клубовите кои го кочеа македонството, 3. Разно. Состанокот се одржа во Карина Таверн (ресторант) во Перт. Состанокот се одржа во тајност и на него организацијата ја нарековме: Тајна Народна Македонска Револуционерна Организација (ТНМРО). За следниот состанок се договоривме по телефон со сите. Го задолжив Крсто Шкодров да го води состанокот и го предложив следниот дневен ред: 1.Суштината, целите и задачите на ТНМРО. 2. Изготвуванје на писмено барање за формиранје Иницијативен (Координативен) Одбор, составен од претставници на сите македонски организации во Западна Австралија, за заедничко дејствување и органи-зирање на позначајни манифестации, како што е претстојната илинденска прослава за 1986 година и други. 3.Изработка на леток по повот годишнината од смртта на нашиот великан Гоце Делчев и полагање цвеќе на Кингс Парк на монументалниот воен споменик на 4 мај 1986 година. 4. Да се разгледа можноста за добивање етничка радио-станица во Перт на подолго време и да се испита можноста на ТВ 28 канал (СБС) да се прикажуваат повекје македонски филмови на етничката програма. 5. Да се направи список на Македонци кои имаат позначајни функции во македонските организации во ЗА. Според записникот од овој состанок, на 26 март 1986 година, што го водеше Марко Спирковски, се донесе одлука материјалот по однос првата точка да го подготви Јанко Томов. По однос на втората точка се донесе одлука да се испрати писмо со предлог за формиранје Иницијативен(Координативен) Одбор, од страна на Македонската општина за ЗА и во него да влезат претставници на: Македонската општина на ЗА, Македонската Обединета Општина на ЗА, претставници од македонските Роми и претставници од други македонски организации. Во поранешните дискусии, а и сега, се дојде до заклучок дека Иницијативниот (Координативниот) одбор треба да ги организира заедничките илинденски прослави и манифестации со одржување опело во македонските цркви, за Свети Илија и за сите паднати македонски херои, борци, нивни помагачи и симпатизери за време на Илинденското Востание од 1903 година; како и за оние кои паднаа за време на Народно-ослободителната борба во Македонија (1941-1945) Предложивме и одржување на мирно дефиле по улиците на Перт со носење македонски знамиња и слики (портрети) на илинденските великани, како и положување цвеќе, на монументалниот споменик во Кингс Парк во Перт. По повод годишнината од смртта на нашиот маке¬донски великан Гоце Делчев, решивме да се изготви леток и истиот да се растура по македонските организации со повик сите да излезат и да положат цвеќе и венци на 4 мај 1986 година во Кингс Парк. Во однос на третата точка се наведоа следните лица: Петре Нанески (свештеник во Св. Никола, во македонската општина- егејска), Мирко Пешоски(свештеник во Св. Никола, вардарска црква), Сашо Цветковски (претседател на црквата Св. Никола-вардарска црква), Лазо Наумовски (претседател на <Вардар> клуб), Аце-Ачи Наумчевски (претседател на фудбалкиот клуб <Вардар>, Зоран Ќосески (секретар на црквата Св, Никола), Исмаил Абдурамановски( цлен на <Вардар>, Трајан Гаштев(поранешен претседател на црквата Св. Никола и на Вардар, а актуелен претседател на <Илинден>), Илјо Огненов (секретар на македонската општина-егејска), Ѓорги Каранфилов (претседател на макеонската општина-егејска), Јоте Ќандовски ( скоро дојден член на М.О.-егејска) , Јован Боршов (благајник на М.О-егејска), Живко Јолокоски и Атанас Столев ( видни цленови на М.О.-Шегејска). Да ја спомнам и заклетвата на нашата организација, која гласеше: Се клолнам пред тебе (Вас членовите), пред ТНМРО и пред самиот Бог дека ќе работам за нашето свето дело, започнато уште од нашиот пра-пра-предок кралот Македон - основоположникот на македонската националност и на македонската држава. Потоа во неговите наследници Филип Втори Македонски, Александар Трети Македонски (Велики), царот Константин Први и сите нивни наследници, од времето на древните Македонци. Во поново време илинденските апостоли од Илинденското востание од 1903 година: Гоце Делчев, Дамјан Груев, Никола Карев и дригите македонски херои и нивни следбеници од кои еден е и Методија Андонов - Ченто. Организацијата ТНМРО е носител на напредните идеи за соединување на сите македонски делови што денес се поробени од неколку држави, обединување на сиот македонски народ и форсирање на македонството во СР Македонија. Клетвата ја давам доброволно и ќе ги сносам сите санкции според Уставот на ТНМРО, чувајкји ги сите решенија и одлуки на ТНМРО во најголема тајност и за нивно реализирање подготвен сум да го дадам и својот живот. Слобода или смрт! Меѓу првите писма и публикувани материјали на ТНМРО, е писмото кое беше од големо значење за нашата понатамошна тајна активност. Сега кога имавме организација, а ги знаевме сите потреби за национално сплотуванје и обединување на македонската емиграција, во тој дел на Австѕралија,како и почнување на систематско влијание, за прифакање на демократските современи капиталистицки принципи, а истакнување на стетноста на комунизмот и југословенизмот. Ја приложувам и содржината од оригиналното писмо до Македонската општина во Перт, З.А., во кое се бара да го организираат Илинденското дефиле во Кингс Парк (Перт) на секој 2 август. 20.03.1986 До Македонската општина Перт, Западна Австралија Почитувани патриоти, Ценејкји ги и почитувајкји ги вашите дела и залаганја за афирмиранјето на македонскиот народ пред лицето на западниот свет, а посебно пред лицето на нашата нова татковина Австралија, ве молиме вашата активност да ја продолжите со уште поголемо ангажирање околу зачувувањето на сите Македонци, околу здружувањето на постојните македонски здруженија, друштва, клубови, групи и поединци, без разлика на политичка и верска припадност. Се наближува ИЛИНДЕН, светлиот празник на македонскиот народ. Досегашните прослави по повод овој наш најголем празник во СР Македонија и во прекуокеанските земји во кои живееме ние Македонците, беа одржувани некаде со полн патриотски дух, а некаде со делумен или со локални интереси и шовинистички пропаганди. Денес, за идната прослава на ИЛИНДЕН (2 август 1986 година) почнуваат да се прават големи подготовки, посебно по македонските општински центри, по македонските организации, друштва, клубови и по разни здруженија ширум светот. Оваа Илинденска прослава се очекува да биде најдобро организирана и најмасовна и да стане традицио-нална во иднина, како што е денот на Ирците - Свети Патрик. Нашата желба е покрај одржуванјето опело во македонските цркви во чест на Свети Илија - заштитникот на македонскиот народ и на неговите идеали и вечна борба за слобода, да се оддаде почит и признавање на сите паднати обрци и револуционери и нивни помагачи и симпатизери од времето на Првиот и на Вториот Илинден, да се одржи и мирно дефиле по дел од главната улица на Перт и да се положат свежи цвекјиња на гробот на паднатите борци во Кингс Парк, а сето тоа да заврши со општонародна веселба. Во врска со горното ви предлагаме вие да бидете носители на оваа голема Илинденска манифестација и во најскоро време да формирате Иницијативен одбор. Во Иницијативниот одбор за Илинденските прослави треба да влезат претставници од сите постоечки македонски друштва, клубови и сл., како и претставници од македонските Роми и од Македонците кои никаде не членуваат. Секој чесен Македонец треба да ви даде сесрдна помош. Во случај одбивање на соработка или попречување во подготовките на Илинденската прослава или пак за време на нивното одржување, таквите Македонци ќе бидат обележани и ќе претставуваат срам за своите идни поколенија и пред сите народи и народности кои ја сакаат правдата и ги ценат човековите права, посебно во овој случај кога ние Македон¬ците во Австралија сакаме да им оддадеме почит и признание на нашите предци, кои ги дадоа своите скапи животи за нас деншните генерации Македонци, за нашиот мајчин македонски јазик, за нашата македонска култура и за нашата христијанска вера. Иако гробовите на нашите најмили се наоѓаат далеку преку океанот, ние Македонците во нашите мисли ќе ги пренесеме овде и со помош на Свети Илија на ИЛИНДЕН ќе им оддадеме почит и признание и ќе положиме свежо цвеќе. Со патриотски поздрави. По извесно време повторно се состанавме за да видиме до каде е додјено со извршувањето на обврските, што ги имавме поделено меѓусебно. Поради нашата недо¬волна образованост и неискуство во водењето на детални и сеопфатни записници, нашите забелешки од активностите во тоа време се штури и се сведуваат најмногу на запишување на одлуки, решенија, задолженија и сл. По состаноците јас запи-шував дома по нешто и сето тоа го собирав на едно место. Јас го подготвував и дневниот ред за состаноците. Значи работевме во склад со нашите можности и способности. Потребите често пати наложуваа правни и струични написи, писма, статии и сл. и ние тоа го правевме како знаеме и умееме. Се наближуваше почетокот на мај 1986 година кога требаше да положиме цвеќе на монументалниот споменик на паднатите борци во последните војни, што се наогја на источниот брег на Кингс Парк, веднаш спроти центарот на Перт. Писмото до општината беше испратено. Дознавме и дека било разгледувано. Секако дека ние не ја напишавме нашата адреса на него. |