Недела, 29 Август 2010   
Срам до срам-Кога се распаѓа династијата веќе почнува да се губи и разумот

Igor_AleksandrovМакедонија ќе биде под бугарска или српска  окупација,МПЦ е странска црква,МПЦ ќе биде под Бугарска или Српска црква,ние несме религиска организација ама сакаме да изиграваме црква само поради профитот и имотот, МПЦ несмее да се регистрира во Австралија бидеќи ќе биде многу моќна - овие се само дел од неколку зборови што се вртеја деновиве низ Австралија на кој Македонската заедница остана во шок одкако разбра дека слични вакви зборови се искажани од Македонци на сослушување во парламентот во Нов Јузен Велс за регистрирање на старател за МПЦ на кој Македонци сведочеја рамо до рамо заедно со грчки организации против регистрирањето на старател за МПЦ.

Во понеделникот  во парламентот во Нов Јужен Велс имаше излагање на подржувачите и наравно и за оние што беа против регистрирањето на старател за МПЦ. Но зажалост против овој закон се јавија неколку македонски организации и поединци заедно со некоја грчка организација. Македонската заедница во Австралија се вчудоневиди одкако разбра за ова што се случи во парламентот,неверуваќи дека до толку можат да отидат некои Македонци. Во парламентот место да се расправа за законите и амадманите противниците почнале да им држат предавање по историја на членовите од комисијата и да сеат невидена омраза против МПЦ. Еден од тие противници на МПЦ кој одржа говор  беше и Господинот Игор Аврамовски Александров на кој ќе ви пренесеме  два цитати од неговото излагање.

На прашањето на комисијата- Доколку одредени клаузи од законот со кои неговата асоциација не се согласува бидат избришани од  законот,дали тоа ќе го промени нивниот став?

Игор А. Александров одговара-

На крајот на денот, и доколку овие клаузи се избришат, Синодот се уште ќе може да ги стави црквите под друга црква.  Доколку политичката ситуација во Македонија се промени, што нема да биде зачудувачки бидејќи контролата врз земјата се има променето незнам колку пати во овој век; доколку политичката ситуација таму се смени, да речеме на пример доколку има повторна граѓанска војна и дел од Македонија и делот каде што оваа црква е лоцирана влезе во алијанса со Бугарија или Србија, тогаш црквите овде кои и да се што се вклучени под овој закон ке паднат под Бугарската или Српската црква без согласност со месната заедница бидејќи нема заштита во овој закон за намерите на заедниците кои придонеле средства и труд во овие цркви, било кои од нив...

Ви пренесуваме уште еден цитат на кој Господинот Игор А. Александров го вели следново цитираме-

Само сакам да објаснам дека Асоцијацијата на Македонски Заедници во Австралија не е религиозна организација според своите намени; туку е етничка, месна организација и е афилијација  на независни инкорпорирани Македонски заедници низ Австралија.  Слична е на Советот на Етнички Заедници во Нов Јужен Велс во смисла дека не се меша во имотното управување на секоја асоцијација но поставува правила кои се заеднички за овие организации и ги спроведува овие правила.

Почитувани читатели  на ова признавање на Александров дека неговата асоцијација нее религиозна асоцијација тогаш зошто толку побуна за закон кој што е само за црквата и никој друг. Можат и многу други прашања и подпрашања да се поставуваат на сево ова на пример ако несе религиозна организација тогаш зошто до сега крштаваа и венчаваа и зошто од една страна изиграваат цркви а од друга страна нешто друго,бвака коментираа после сево ова неколку наши слушатели на радио Илинден,Мелбурн.

Александров во своето излагање го изложи следново пред комисијата:

"Исто така сакам да напоменам еден политички аспект на оваа несогласност, бидејки ова во суштина е политички проблем.  Поделбата меѓу две групи или движења во Австралија не е на религиска основа, нема многу врска со теологија - барем не во врска со литургиски прашања.  Се работи за моќ и контрола над имоти."

На ова Претседателот на комисијата го потсети на следново:

"Дали разбирате дека комисијата ги разгледува клаузите на предлог законот?  Членовите на комисијата не разгледуваат прашања, биле тие религиозни, политички или други, помеѓу две групи или две движења.  Комисијата се надева дека ке чуе од вас денеска зошто предлог законот не е соодветен, дали законот има било какви проблеми итн."

Александров го продолжи своето излагање на политичка основа продолжувајќи да ја напаѓа Црквата или Владиката, на што Претседателот на комисијата повторно го потсети:

"Ќе ве прекинам на момент.  Доказите на кои се осврнувате не се приложени до комисијата.  На крајот на денот членовите на комисијата ќе донесат одлука базирана на доказите кои ќе ги добијат.  Оваа комисија нема да донесе одлука базирана на што некој во заедницата кажал, комисијата ќе донесе одлука на основа на изјави кои ги има добиено во врска со специфичните рамки на своите задолжениа во врска со предлог законот.  Вашето време е органичено.  Ќе ви дозволам да продолжите но навистина не им помагата не членовите на комисијата.  Ви предлагам да се насочите само на рамките на задолженија и на предлог законот.

"Александров го продолжи своето излагање по истиот терк по што Претседателот по трет пат го опомена:

"Ќе ве прекинам тука. Уште еднаш ве потсетувам дека сослушувања пред Парламентарна комисија не се наменети да бидат форум на кој луѓе ќе можат да прават негативни осврти.  Немојте да го правите тоа.  Членовите на комисијатa се многу добро подготвени за да ги разберат проблемите.  Ви кажувам да престанете со негативни заклучоци - и морам да кажам дека се до овој ден тоа се нема случено."

Пред два дена јас лично Дончо Ангелоски како уредник на програмите на радио Илинден,Мелбурн после сиве овие излагања во парламентот  а по барање на нашите слушатели организирав да земам изјави од Игор А. Александров како излагач и противник на овај закон, исто така зедов изјава од Дедото Петар од некои верници на МПЦ  од Господинот Јане Мавчев и некои интелектуалци кои го следеја сослушувањето на законот, изјава побарав од Господинот  Владимир Стрезов професор на Маквори универзитетот во Сиднеј. Но нажалост иако Господинот Александров 45 минути ми одговараше на поставените прашања на крајот од разговорот незнам од кои причини не ми дозвили да го објавам 45 минутното интервју, радио Илинден ја почитува одлуката на Александров и интервјуто не го објави. Жалиме што македонската јавност не ги слушна одговорите на следниве прашања поставени до Александров-

1.КАКО СЕ ЧУСТВУВА КАКО МАКЕДОНЕЦ КОГА Е ПРОТИВ РЕГИСТРИРАЊЕТО  НА СТАРАТЕЛ ЗА МПЦ И КОКО Е ЧУСТВОТО ДА СИ ЗАЕДНО СО НЕКОИ ГРЧКИ ОРГАНИЗАЦИИ ПРОТИВ ЗАКОНОТ?

2.ЗОШТО МУ СМЕТА ЗАКОНОТ ЗА РЕГИСТРАЦИЈА КОГА ВЛАДИКАТА ГИ РЕГИСТРИРА ЦРКВИТЕ ШТО СЕ ПОД  НЕГОВА ЕПАРХИЈА И НЕМА ВРСКА СО НЕГОВИТЕ.

3.ЗОШТО СИ ПРОТИВ ОВАЈ ЗАКОН И ВЕЛИТЕ ДЕКА Е ШТЕТЕН КОГА СО ОВОЈ ИСТИ  ЗАКОН СЕ ИМААТ РЕГИСТРИРАНО ПОВЕЌЕ ОД 30 ВЕРСКИ ЗАЕДНИЦИ КАКО ШТО СЕ ГРЧКАТА, РУСКАТА ПРАВОСЛАВН ЦРКВА  И МНОГУ ДРУГИ?

4.ИМАВНЕ УШТЕ МНОГУ ПРАШАЊА КАКО И ТОА  ПОБАРАВНЕ КОЛКУ МУ Е ГОДИШНАТА ПЛАТА ШТО МУ Е ИСПЛАЌААТ НЕГОВИТЕ ЦРКВИ И ТНТ.

Подолу ви ги пренесуваме од одговорените прашања на нашите погоре најавени соговорници од специјалната емисија на радио Илинден,Мелбурн кој е емитувавне во четвртокот специјално за црковните случувања во врска со регистрацијата на старател на МПЦ.

Дончо Ангелоски- Дедо Петар дали сте изненадени од вакви изјави и од противењето на некои македонски поединци и организаци заедно рамо до рамо со некои грчки организации против регистрирањето за старател на МПЦ?

Не! воопшто не сум изненаден,ние знаеме дека со нив соработуваат и иста политика спроведуваат.нивната цел им е заедничка како онаа германска поговорка: ,,Тие различно,оделно маршираат ама кон иста цел нишанат, бијат,,. Што значи иста им е стратегијата иста им е целта и војната само што различно маршираат.

Дончо Ангелоски- Господине Мавчев вие како голем верник и голем поборник за Македонската кауза кое е вашиот коментар за  изјавите од типот дека Македонија можеби ке биде под Бугарска или Српска окупација и тогаш МПЦ ќе биде под Бугарска или Српска црква?

Видете го прочитав тоа,и тоа сведочење веќе се наоѓа во австралиските институции на тој таканаречен верник на таканаречената македонска организација,јас сум така тотално згрозен и одвај чекам да го стретнам и да му кажам дека тој повеќе не заслужува да биде верник на МПЦ и  дека не припаѓа на Македоската Нација. Кој може Македонија да ја нападне и освои? поминале многу ропства но опстанала Македонија и Македонската Нација исклучиво благодарение на МПЦ  и Верата во бога и несмееме сега да ја даваме на такви изроди. 

Дончо Ангелоски- Професоре Владимир Стрезов кое е вашето мислење за законот за старателство на МПЦ за Австралија?

Постои еден закон кој што моментално  се разгледува во Нов Јужен Велс а тоа е законот за старателство на МПЦ  кој што сметам е од исклучително значење за секој Македонец,затоа што овој закон практично постои за сите регистрирани цркви односно црковни заедници во Австралија. Од прилика во Австралија со овај закон се регистрирани околу 30 црковни заедници,единствено само 3 го немаат овај закон,МПЦ е една од нив,така да со овај закон и МПЦ ќе се изедначи со сите верски заедници во Австралија. Овај закон практично е формулиран да не наметнува сила над ниту една  црква што во моментов функционираат во Австралија,дури ни ниту на тие кои не се во моментов во единство со МПЦ. Единствено што е важно со овај закон е тоа што се формира едно тело, правно тело во Австралија да речам МПЦ која може сама себеси да си се регулира а тоа е од голема важност  но очигледно еве на некому му пречи.

Дончо Ангелоски- Професоре кој е вашиот коментар што македонски организации и поединци рамо до рамо заедно со грчки организации се против регистрирањето на старател за МПЦ?

Вака како стандардна процедура што е за донесување на закони во Австралија,значи како дел од тој стандард парламентот распиша практично секој кој има мислење за тој закон да си даде коментар, дали позитивен дали негативен. Јас ги погледнав речиси сите коментари. Например  позитивни коментари  дојдоа од Антеохиската православна црква, Копската,Демохристијанската партија  и од МПЦ. Меѓутоа,исто како опозиција како обжалување се појавија исто така одреден број на жалби, првата, број еден дојде од Хеленскиот совет, после него имаше обжалување поготово од некој менаџерски тимови од Нов Јужен Велс. Кога ќе погледнете како главни аргументи замислете заведени им се дека МПЦ е странска добротворна  организација и бидеќи била организација од странство МПЦ несмеела да поседува имоти во Австралија. Ете тоа беше еден од најголемите нивни аргументи. А од Нукастел интересно беше едно нивно писмо во кое се наведува дека МПЦ несмее да се регистрира во Австралија дека ќе стане многу моќна. Исто така во понеделникот додека се разговараше повеќе пати се споменуваше дека МПЦ е странска црква и тоа можеби повеке од 10 пати, практично еден од најголемите проблеми е тоа што МПЦ не ја сметаат за своја.

Дончо Ангелоски- Професоре Стрезов дали очекувавте вакво противење  и вакви изјави од Македонци?. Вие како Професор  и Македонец како се чуствувате после сево ова?

Искрено очекував противење  но противењето мислев ќе биде од менаџерска природа, например кој како ќе  менаџира кој правилници ќе бидат во црквите и тнт. Но искрено да кажам никогаш не би можел да предпоставам дека наши македонски луге дојдени во Австралија со своето крштевање ја носат МПЦ во Австралија да изјават дека МПЦ е странска црква,тоа е многу долен удар и мислам со овие изјави самите себе си даваат удар, навистина уште еднаш велам дека тоа за мене како Македонец беше навистина големо изненадување, на крајот од разговорот изјави Професор Владимир Стрезов од Маквори унивирзитетот во Сиднеј во интервју за радио Илинден,Мелбурн

ДОЈДЕ ВРЕМЕ ЗА ВИСТИНАТА

Превземено од радио илинден

http://www.radioilinden.com.au/

Дончо Ангелоски

 

 

На прво место

News image

ВМРО– ДПМНЕ и претседателот Мицкоски со убедлива поддршка од граѓаните

ВМРО– ДПМНЕ и претседателот Мицкоски со убедлива поддршка од граѓаните, полицијата на терен во Ара...

Историја

News image

Писма на грчките војници за масакрите извршени во Егејска Македонија во летото 1913 година

Елинската армија ги гори сите славофонски села и ги убива сите славофони што ќе  ги фати!

Иселеници

News image

ОД ПРЕСПА ПРЕКУ БИТОЛА ДО ЛЕРИН ВО ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА (17)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

Фељтон

News image

СТИВ ПЉАКАС – ПРОМОТОР НА АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА (2)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА – ДЕЛ II

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.