Среда, 26 Декември 2012   
Македонски проект во Националниот музеј на Австралија

Aleksandar_RazmoskiАлександар Размоски

Дека дигиталната уметност предизвикува голем интерес меѓу младите во Австралија потврдуваат информациите добиени од Австралискиот национален Музеј во Канбера. Доволно мотивирани и спремни за предизвик, истражуваат во сферата на рударската индустрија. Еден од нив е и 20 годишниот Александар Размоски. Тој е од македонско потекло и  вели дека е прв Македонец запишан на Australian National University, во Камбера. Ова му е веќе втора година како студира Диплома на дигитална уметност на Австралискиот национален Универзитет во Канбера. Негова цел е да создаде високо квалитетен визуелен материјал, кој би можел креативно да се изрази преку анимација, звук и визуелни ефекти.

Користејќи ги големата карпа, лопата и кофа како инспирација, се претстави со свој видео проект во Австралискиот национален Музеј во Канбера. Видео проектот, наречен Под земја го прикажува историскиот развој на рударската индустрија во Aвстралија, пронаоѓањето на јагленот но и опасностите од работа во рудник.Многу впечатиливо е и тоа што како позадина ја користи македонската музика. Во текот на снимката јасно  се слуша македонскиот традиционален инструмент - тапанот.

Неуморно работел 5  месеци на овој проект  за да докаже дека вложениот труд се исплатува. Посебна чест за него претставува што е прв Македонец избран во Националниот Музеј на Австралија.

Александар има голема мотивација и знаење и неговата цел е во иднина да создава вредни уметнички дела интересни за јавноста  но и преку кои би го осетиле неговиот вложен труд и емоции .

“Уметноста е совршен начин да се претставам пред луѓето за тоа кој сум јас како личност. Многу сакам да истражувам и тоа е мој главен интерес во уметноста“

Му посакуваме многу среќа во студирањето и остварување на неговата цел да создава високо квалитетни визуелни материјали. Националниот музеј се здобива со нов кадар а  Македонската заедница во Австралија вбројува уште една млада личност која со нескриен ентузијазам ги афирмира и македонските вредности во своите дела.

Инаку Австралискиот национален музеј, Камбера е основан во 1980 година и  главно се фокусира на истражување на домородното население, европските доселеници, нивната историја, култура и интеракција со животната средина.

Линк од профилот и видео проектот на Александар Размоски на веб страницата на National museum, Australia.

http://www.nma.gov.au/online_features/digital_landmarks_2012/digital_media_student_work/alexander_razmoski

gordana-dimovska
Гордана Димовска
 

На прво место

News image

АРГУМЕНТИ ЗОШТО ТРЕБА ДА ГЛАСАТЕ ЗА ГОРДАНА СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА, А НЕ ДА ГО БОЈКОТИРАТЕ ВТОРИОТ КРУГ

АРГУМЕНТИ ЗОШТО ТРЕБА ДА ГЛАСАТЕ ЗА ГОРДАНА СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА , А НЕ ДА ГО БОЈКОТИРАТЕ ВТОРИОТ КРУ...

Историја

News image

Македонија, мојот копнеж – Маноил Мане Јаковлевски (1)

Македонија, мојот копнеж – Маноил Мане Јаковлевски (1)

Иселеници

News image

СТИВ ПЉАКАС И НЕГОВАТА ПОСВЕТЕНОСТ НА МАКЕДОНИЈА (27)

ДЕЛ ОД ЖИВОТНАТА ПРИКАЗНА НА СТИВ ПЉАКАС ВО КАНАДА ...

Култура и туризам

News image

ВО ГОРНА ПРЕСПА КАКО ДОМА (5)

СЕЛАТА ЕЗЕРЕНИ И ПЕРОВО – ЦЕНТРИ НА ПТИЦИТЕ ВО ПРЕСПА

Фељтон

News image

ОД ПАНОНИЈА ДО ЕГЕЈ (6)

ИСТОРИСКА РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ПАЛЕОБАЛКАНСКИТЕ (СТАРОБАЛКАНСКИТЕ) И ЕГЕЈСКИТЕ ПОПУЛА...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.