Среда, 02 Јануари 2013   
Оваа празнична сезона, Македонците од дијаспората им помогнаа на сирачињата

DSCF0218Во петокот на 21 декември 2012 година, Обединетата Македонска Дијаспора (ОМД), Обединетите Македонци-Американци од Детроит (ОМАД), Ајвар ДОО, како и организацијата “Пенс фор кидс интернешнл” (ПФКИ) ја доставија многу-потребната помош на сиропиталиштето "11 Октомври" во Скопје, во вид на дваесет и пет нови кревети и училишен прибор за сите сирачиња во домот.

„Во домот, децата и вработените топло не` пречекаа и многу уживав во нивните изведби за време на претставата“, рече претставникот на ОМД за Вашингтон, Мериленд и Вирџинија, кој ја достави помошта на домот во Скопје. „Неверојатно е чувството да се придонесе за нашата татковина со помагањето на овие дечиња и да се биде сведок на нивната радост“.

„Ние во ОМАД бевме среќни да бидеме дел од оваа иницијатива со цел да му се помогне на сиропиталиштето во Скопје. Нашата цел е да им се покаже на овие деца дека за време на оваа празнична сезона некој се грижи за нив, нивната топлина и радост“, изјави претседателот на ОМАД, Том Бејоф. „Радосни сме, бидејќи знаеме дека овие деца ќе можат да спијат во нови и топли кревети за време на празниците“.

ОМАД ги собра овие средства за време на банкетот “Горд сум што сум Македонец” на 3 ноември 2012 година на кој присуствуваа над 350 гости. Секоја година ОМАД организираат годишен настан за собирање на средства за помош на сиромашните во Македонија.

„Развој преку образование на сите деца во светот, а особено во Македонија, е цел на ПФКИ уште од основањето на организацијата и ни претставува голема чест да се здружиме со ОМД, ОМАД и Ајвар ДОО за да им обезбедиме училишен прибор на децата и да бидеме мал дел од нивната радост“, изјави ко-основачот на ПФКИ и првиот амбасадор на Македонија во САД, Љубица З. Ацевска.

„Визијата на првата Ајвар 5К трка на 9 септември 2012 година, беше да се соберат средства за сирачиња во Македонија и се надеваме дека овој настан ќе се огранизира секоја година и ќе им овозможи на македонската дијаспора и пријателите на Македонија да помогнат на сиромашните во Македонија“, рече ко-основачот на Ајвар ДОО, Бернард Песјак.

Трката Ајвар 5К ќе се одржува секоја година, а оваа година на трката дојдоа над 150 тркачи и пешаци. Втората Ајвар 5К трка ќе се одржи на 8 септември 2013 во Вашингтон и во план е да се прошири низ другите градови во САД и Канада.

 

На прво место

News image

Да донесеме уште поголема победа за Македонија на 5-ти мај

Игор Здравковски, Претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Велес: Да издржиме сите заедно и да донесеме ушт...

Историја

News image

Македонија, мојот копнеж – Маноил Мане Јаковлевски (1)

Македонија, мојот копнеж – Маноил Мане Јаковлевски (1)

Иселеници

News image

МИТРОПОЛИТОТ КИРИЛ – ПРВИОТ АРХИЕРЕЈ ВО МАКЕДОНСКОТО ИСЕЛЕНИШТВО (22)

ОСВЕТУВАЊЕ НА ЦРКВИТЕ  „РАЃАЊЕ НА СВ. БОГОРОДИЦА“ В...

Култура и туризам

News image

ЕСМА РЕЏЕПОВА – ТЕОДОСИЕВСКА – КРАЛИЦАТА НА РОМСКАТА ПЕСНА (19)

ЕСМИНИ ТУРНЕИ НА МУЗИЧКИТЕ СЦЕНИ ШИРУМ СВЕТОТ

Фељтон

News image

ОД ПАНОНИЈА ДО ЕГЕЈ (5)

АРХЕОЛОШКИОТ ЛОКАЛИТЕТ „ЦЕРЈЕ“ КАЈ СЕЛОТО ГОВРЛЕВО, СКОПСКО И ЛОКАЛИТЕТОТ „КОКИНО“...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.