Среда, 30 Јануари 2013   
Инвестирај во сончева Македонија

gordana-dimovskaГордана Димовска

Пред повеќе децении започна иселеничката сага. Голем број Македонци, од економски или политички причини, доброволно или принудно денес се наоѓаат надвор од границите на Македонија. Првите иселувања на Македонците се забележани  во 1900  година, во децениите по Берлинскиот Конгрес кога Македонија не се здобила со самоуправа и кога се ределе бунтови и востанија против Отоманското владеење. Според некои неофицијални податоци, бројот на иселени изнесува 700.000 распрснати во 140 земји во светот.

Само од Беломорска Македонија беа протерани стотици илјади Македонци.Одделени од прегратките на своите најблиски, со жешки солзи во очите заминуваат во неизвесност. И ден денес се соочуваат со трауми и последици од детството. Својот сон го преточуваa во борба за економска стабилност но и со вечна желба за повторно враќање назад. Покрај сите препреки и новонастанати услови,македонскиот човек се гордее со своето етничко потекло и го зацврстува идентитетот како посебен на сите континенти во светот.

Без разлика од кои причини Македонците заминале од својата земја, тие вредно работаат и допринесуваат на сите полиња во земјите во кои живеат. Македонија не е  единствена земја од која се иселуваат луѓето. Повеќе од 200 милиони се емигранти, кои бараат вработување во поразвиените земји и можности за подобар стандард.

На иселениците му требаат долги години да го средат својот живот во туѓина, да се адаптираат на новите услови и да заработат за подобар живот. Не може да се третираат како да се  сите финансиски моќни  и дека секој може да отвори голема фирма или  фабрика во Македонија.  Премиерот на Република Македонија, Никола Груевски секогаш ги охрабрува иселениците да инвестираат во Македонија и на тој начин да ја зајакнат  и македонската економија. Но кој колку може да инвестира и дали ќе има профит е друга приказна. Преку конзуларните претставништва и амбасади треба проактивно да се работи на запознавање со законите, правилата за регистрирање бизниси или други начини преку кои може да се задоволи желбата на тие што можат и сакаат да направат нешто повеќе и за родната земја. За поздравување се и проектите на МНР , Агенцијата за Иселеништво кои ги вклучуваат иселениците и на тој начин се прави вистински мост на соработка.

Иако иселениците се секогаш критикувани дека не праќаат доволно парична помош во Македонија, сепак податокот од 400 милиони долари пратени до најблиските го докажува обратното. Овие пари претставуваат сигурен извор на финансиска и социјална стабилност. Значи иселениците внесле  шест пати капитал и од странските инвеститори..

Во неделникот  Капитал стои следново:

“Според едно истражување, дури 150 илјади македонски семејства редовно добиваат финансиска помош од нивни блиски во странство. Тоа е доволен факт кој потврдува колкаво е социјалното значење на девизните трансфери за Македонците. Бројот на иселеници од Македонија што работат во странство се проценува на околу 500.000 луѓе, што претставува околу 25% од популацијата во земјава. Според анализата во извештајот за значењето на дознаките од странство за развојот на Македонија, парите што ги праќаат печалбарите имале исклучително позитивно влијание за животот на нивните домаќинства во татковината.“

Според Македонското меѓународно движење за човекови права и Австралиско-македонскиот комитет за човекови права, парите што влегуваат во Македонија од страна на иселениците полнат 20% од државната каса. Средствата со кои се добиени од странство претставуваат сериозен потенцијал кој треба понатаму да се поттикнува и насочува кон конкретни цели со што се добива подобар животен стандард.Сепак бројот на оние кои отвораат бизниси е многу мал поради несигурност, недоверба и  страв дека нема да профитираат. Тие што живеат во Македонија се уште бараат “излез надвор“ заради подобри можности за вработување.

Обичниот човек во денешно време е сепак во дилема, Да троши или инвестира? Луѓето кои имаат пари, најчесто инвестираат во бизнис, акции и обврзници. Нивната цел е да направат нешто повеќе, да добијат принос од вложените пари. Ризикот секогаш постоел и затоа е потребно да се прават анализи засновни на точни информации.

А за тоа дека постои и позитивна клима за инвестирање во Македонија кажува и Виктор Мизо, Директорот на агенцијата за странски инвестиции. На Светската  конференција за новини во автомобилската индустрија, тој ја препорачува Македонија како одлично место за градење на фабрики за автомобилски делови. Тој ги повикува сите да инвестираат во Сончева Македонија и да го подобрат економскиот раст.

Дали и колку иселеници ќе се вратат во родниот крај засекогаш зависи од создавање на подобри економски услови, политичка стабилност, стекнување доверба и разработување стратегија за продуктвивно вложување на капиталот. Сега веќе не е прашање дали иселениците инвестираат, и дали ја сакаат родната земја, тоа е неоспорен факт. Важно е да се се створи позитивна клима, доверба и да се поттикнат за континуирано вложување во преубавата, сончева Македонија. Каде и да се, иселениците се како продолжена рака на родната земја. Тие во душата го носат македонскиот дух и смело чекорат напред, создаваат дела, живеат и творат за големата вистина за Македонија,

 

На прво место

News image

Јанушев: ВМРО-ДПМНЕ од понеделник тргнува на терен

Игор Јанушев, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ.  

Историја

News image

Македонија, мојот копнеж – Манојил Мане Јаковлески (39)

Македонија, мојот копнеж – Манојил Мане Јаковлески (39)

Иселеници

Култура и туризам

News image

ЗА БОЖИЌ -СО ДЕЦАТА ОД МАКЕДОНИЈА И СВЕТОТ

Поетесата Марија Емилија Кукубајска ЗА БОЖИЌ  -СО ДЕЦАТА ОД МАКЕДОНИЈА И СВЕТОТ

Фељтон

News image

БАЛКАНОТ И МАКЕДОНИЈА (3)

ЕПИСТЕМОЛОГИЈА НА ОНОМАСТИКАТАНА ПАНОНИЈА (ДЕЛ I)

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.