|
|
Онтарио застана зад македонската култура |
Премиера на Трето Полувреме во Торонто
Во очи на третиот јубилеј од „Македонскиот месец на културата“ во Канада, Владата на Онтарио се заблагодари за значајното присуство на Македонија и македонската култура во културното живеење на Провинцијата. На официјалната средба Македонскиот амбасадор Тевдовски ја покани Премиерката на Онтарио Кејтлин Вин на Премиерата на македонскиот филм „Трето полувреме“ во Торонто, а Министерот за култура Мајкл Чен презеде обврска да ја промовира македонската култура на повеќе културни збиднувања во провинцијата.
На средбите со Министерот за култура на Онтарио, Мајкл Чен и Министерот за меѓувладини односи Лорел Бротен, Амбасадорот Тевдовски и претставници на македонската заедница разговараа за презентацијата на македонското културно наследство и учеството на македонската култура во животот на провинцијата. Во наредниот месец, во соработка со Министерството за култура на Онтарио, е најавена голема презентација на Македонскиот фолклор во Националниот Центар на Уметностите во Отава, како и присуство на македонските ансамбли на значајни фестивали и културни збиднувања во провинцијата.
MACEDONIAN UNITED PRESS Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите |