Четврток, 09 Мај 2013   
Македонска алијанса во Албанија со свои листи на парламентарните избори

mkd-498051Единствената македонска партија во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција на престојните парламентарни избори кој ќе се одржат на 23 јуни 2013 година ќе настапи со своја листи со 86 кандидати во 12 изборни региони во Албанија.

На овие избори Македонска алијанса за европска интеграција настапува во коалиција со Демократската партија на Сали Бериша и главна цел на Македонска алијнса на овие избори е освојување на барем едно пратеничко место.

Најголеми шанси за освојување на пратеничко место Македонската партија има во округот на Корча кој ги опфаќа областа Мала Преспа и градовите Поградец, Корча и Билишта. Од Македонската партија ќе се борат да излезат втори во коалицијата предводена од Демократската партија во Корчанскиот регион и имаат реални шанси за освојување на пратеник.

Во Корчанскиот регион Македонска алијанса за европска интеграција ја кандидира за носител на листата Валентина Нестор, доктор на науки и лектор по македонски јазик во Универзитетот во Тирана, како и автор на повеќе научни дела.

“На овие избори Македонска алијанса за европска интеграција излегува во сите 12 изборни региони со свои листи со 86 кандидати Македонци од Мала Преспа, Голо Брдо и Гора, додека партијата со својата кампања ќе се сконцентрира во шест региони каде се сконцентрирани Македонците во Албанија и тоа во регионите: Корча, Тирана, Елбасан, Пешкопија, Кукс и Драч”- изјави Васил Стерјовски, Генерален секретар на Македонска алијанса за европска интеграција.

На овие избори ќе учествуваат две коалиции, Демократската партија на Сали Бериша ја предводи коалицијата “Алијанса за работа, благосостојба и интеграција” која ја сочинуваат 25 партии, додека Социјалистичката партија на Еди Рама ја предводи коалицијата “Алијаса за европска Албанија” сочинета од 37 партии.

Носители на листите во регионите каде ќе настапи Македонска алијанса:

КОРЧА

Валентина Нестор

ЕЛБАСАН

Фатмир Алуши

ТИРАНА

Аднан ЌЕЈВАНИ

ПЕШКОПИЈА

Бесник Хасани

ДРАЧ

Бесник Меча

КУКС

Бесим Мемишај

 

Македонска нација

 

На прво место

News image

Имаме премиер кој стана фабрика за лажни вести

ФБ објава на Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски Уште 4 месеци до крајот на оваа влада...

Историја

News image

Македонија, мојот копнеж – Манојил Мане Јаковлески (33)

Македонија, мојот копнеж – Манојил Мане Јаковлески (33)

Култура и туризам

News image

ВОВЕДЕНИЕ НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА (ПРЕЧИСТА) 4. XII/21 XI

ВОВЕДЕНИЕ НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА (ПРЕЧИСТА) 4. XII/21 XI

Фељтон

News image

ОД ПАНОНИЈА ДО ЕГЕЈ (38)

ОЛИМПИСКИОТ ПАНТЕОН ВО ПАНОНИЈА -II ДЕЛ

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.