Среда, 15 Мај 2013   
Да се спречат навредите врз Македонците од Австралија

janko-tomov
Јанко ТОМОВ

Грците, преку грчките лоби групи и владини претставници во Светот ги убедуваат своите сојузници, Американци, Британци, Германци, Французи и други, дека ако се признае уставното име и сите карактеристики на  Македонците, тогаш со право Македонците и Република Македонија ќе ја нападнат северната провинција-Македонија, која е окупирана од денешна Грција. Исти злобни зборови Грците  употребуваа и дека Македонците  сакаат да воспостават комунизам во Грција! Со тоа ја прикриваат вистината за да не платат воени и геноцидни оштети на Република Македонија и на Македонците иселени од окупираните македонски краишта за време и после Балканските војни па се’ до денес. Најголема нивна цел е  да не дозволат употребата на Општата Декларација за човекови права, изгласана на Генералното собрание на ОН во 1948 година, за да можат да извршат крајна асимилација врз полуасимилираните Македонци во Северна Грција-Егејска Македонија.

Посебно голема пропагандна антимакедонска улога играат лоби групите на грчките иселеници во Австралија, помогнати од владините институции на Грција, а прифатени од поедини австралиски политичари и конгресмени, со кои, од една страна, бидејќи недоволно ја прознаваат македонската историја, а од друга страна, поради лични или партиски непристојни интереси на демократијата која е на добар глас во Австралија.

За нас е важно да знаеме дека тоа грчко влијание врз австралиската влада и нивните институции, како парламентот, конгресот, политичките партии и што е најважно влијанието врз мултикултурното австралиско општество, секојдневно ги навредува македонските иселеници и Австралијанците со македонско потекло. Навредата се состои во следното, кое не се применува врз другите народи и Австралијанци со други националности, освен со Македонците:

- Во јавните гласила на дневните медиуми наместо Република Македонија, се применува погрдната референца ПЈРМ или FYROM;

- До скоро за македонската националност Македонци, повеќе држави во Австралија го употребуваа, а и некои се’ уште го употребуваат зборот “Словенски Македонци”;

- Во пасошите на македонските граѓани на Австралија, стои само оригиналниот назив на родното место, додека е изоставена државата Република Македонија, а  за Македонците родени во Егејска Македонија го употребуваат сменетото име од Македонски на Грчки;

- При прием во болница во Австралија, болниот Македонец кој чека за прием додека не го каже името на државата-ПЈРМ (FYROM), покрај останатите свои генералии ќе чека се’ додека службениците во приемната канцеларија не ја пронајдат ПЈРМ, што е болно и недозволливо;

- Додека пациентот е на лекување во болница, добива понуди од персоналот на болницата да му пратат грчки свештеник да му направи молитва, а не македонски! Тоа се случува со недоволно дефинирање на местото на рѓање на пациентот, кога е во прашање Македонија која е поделена, додека не им се објасни дека само македонски свештеник Македонец може да прими и да ја разбере молитвата;

- Интелектуалците Македонци, кои користат интернет, често наидуваат на кориостење на FYROM, наместо Република Македонија или само Македонија, кога сакаат да го прочистат текстот, кој го пишуваат со букви на Theme Fonts- Мацедониан Хелв, потоа  Review, language-Set, profiting language и на крајот со користење на Macedonian (FYROM).

Ете тие причини, а веројатно и други слични ги омаловажуваат Македонците во австралиските институции составени од сограѓани Австралијанци, што не е нивна вина, туку вина на  правилата од австралиските правосудства, кои се изгласуваат во австралиските парламенти од политичари, дипломати и други важни државни официјални тела.

Со остварување на дијалози и средби на Македонци и  индивидуални и групни посети, праќања на декларации, одржување на мирни протести и демонстрации, на, со и пред своите политичари, дипломати и институции во Австралија, одамна требаше да се реагира. Во Австралија се’ е дозволено и се’ се усвојува, само со правилно и писмено поставување на барањата, во овој случај за признавање на македонското национално име и на уставното име. На таков мирољубив начин, на австралиските власти ќе им се прикажат аргументите кои погрешно и навредливо се однесуваат на македонските емигранти. Со тоа ќе се презентираат и факти од постоечикте македонски историски дела за важноста на македонскиот идентитет и суверената држава Република Македонија.

Така австралиските власти, кои инаку се многу пријателски настроени кон македонското иселеништво, ќе немаа  изговор, дека Австралија ќе го применува официјалното име кое Обединетите Нации ќе го одредат. А ако ОН не го одредат што тогаш? Нели Канада и САД, Русија, Кина и уште 136-тина други држави во светот го дале своето признание и го употребуваат уставното име РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА.

Во месец ноември 2013 година во Австралија ќе се одржат Парламентарни избори. Поедини раководства на актуелната влада на Лабуристите најавбуваат дека ќе го признаат уставното име на Македонија, но во завиена форма! Опозиционата коалиција меѓу Либералите и Националната партија на Австралија, преку видни поединци на раководството, како што неодамна на извесна реакција на Македонци, г-ѓа Бишуп, минатата година кажа дека ќе влијаат врз Лабуристите во Парламентот да се признае уставното име на Македонија.

Пред една година и полузванично се отфрли употребата “Словенски Македонци” и сега се употребува само Македонци. Се надеваме ако се завземе поактивно македонската интелигенција во Австралија, без да се чека ангажираност од асоцијацијата “Пријатели на Македонија”, која затаи и нема никакви конкретни иницијатаиви, а беше составена од повеќе од десетина конгресмени од повеќе политички партии во Австралија, овој актуален и акутен приблем ќе се реши набргу до Парламентарните избори во ноември. Ако пак се молчи и недоволно се приоѓа со барања уште долго време ќе се вознемируваат и омаловажуваат македонските иселеници во Австралија.

 

На прво место

News image

НА МАКЕДОНСКИТЕ ДРЖАВЈАНИ ИМ СУДАТ ,,СЕВЕРЏАНСКИ,, СУДИИ

Мирка Велиновска со прашање до интелектуалците

Историја

News image

Македонскиот етнос и етногенезата на Македонските династии

Краток опис на античката историјата за Македонија и нејзиното име

Иселеници

News image

ОМД: Венецијанската комисија и официјално против законот за јазици

ОМД: Венецијанската комисија и официјално против зако...

Култура и туризам

News image

Брсјаци и Мијаци

Брсјаци и Мијаци, двете најсочувани племиња на нашата територија, вечните ривали но сепак најдобри...

Фељтон

News image

ОД ПАНОНИЈА ДО ЕГЕЈ (39)

ОЛИМПИСКИОТ ПАНТЕОН ВО ПАНОНИЈА -III ДЕЛ

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.